Што сѐ се изначитав деновиве на форумов, тоа чудо едно. Навреди расфрлани на сите страни, да остане човек со подзината уста. Кај ги наоѓате бе толку навреди и каде се купува таква храброст за некој кој не го ни познаваш да го опишуваш со такви грди зборови? Се чувствувате барем подобро откако ќе ја соберете сета негатива и ќе ја истурите на еден човек кој можеби не е ни виновен за истото? Не ви е така малку као срам после тоа да сте на Тошо као „јас ништо лошо не кажав, само бев реална/ен“. Ќе ве разочарам ама да му речеш на некој „изглеаш ко теле“ е навреда и не, не е реална затоа што ако за вас изгледа ко теле за некој друг таа личност е лебед на пример. Конкретно реченицава никој од тука ја нема искористено, ама ова е најблага навреда што би сакала да стои во постов затоа што вашите навреди не можам ниту да ги напишам а камоли да ги треснам во нечие лице. Не се сомневам дека тоа го правите и во реалноста исто како и тука. Две теми од кои ја губам вербата во тоа дека можеме да покажеме култура се Модни критики и Македонските јавни фаци. Кога ќе стапнете во овие две теми автоматски културата ја оставате некаде пред врата и војната може да почне, а „оружје“ и начини за „победа“ не се бираат. Во модни критики на никој не му текнува дека стилот на облекување зависи и од она колку можеш да си дозволиш за парчето облека. Не, нема врска тоа туку битно е да ѝ/му кажеш дека пантолоните ќе биле поубави со три џеба, а не со два и точка. Небитно дали тие со три џеба биле 5000 ден., битно вие сте во право и извичник. Бидете свесни дека не коментирате модни блогерки, туку „обични“ луѓе кои прикажуваат и прават модни комбинации од оние парчиња што ги имаат во плакар. И тоа е уметност. Некој е поумешен, друг е помалку умешен но секој се труди. Па покажете барем малку култура и оформете достојна критика. За другата тема пак не знам што да кажам. Ретко ја отворам, ама кога и да ја посетам мислам трета светска војна се води таму. И тоа за кого? Дали сте се запрашале за кого себеси се спуштате на дното и создавате негативна слика кај околината? За кого се расправате со други членови и си кажувате погрдни зборови? Еве јас ќе ви одговорам. За личности кои не знаат ни дека воопшто постоите. Дури сликата ми наликува на американски тинејџери што идат контра и трошат цели денови во расправање за кој е подобар Џастин Бибер или Шон Мендес. А овие двајцава екшли немаат попаметна работа па ќе пратат по социјални мрежи кој се „бори“ за нив. Ахам, да. Може и ќе се случи некогаш. Секако вие можете и понатака да си терате како досега, ама бидете свесни дека секој таков коментар ве прави личност чии мислења немаат голема вредност.
СДК вечер убаво да си поминете сите во црква и да победите во кршење јајца Еднаш барем и јас да победам? Зарем морам да мамам и јајцето да го ставам во фрижидер да ми се смрзне за да ги победам?! Овој совет што го добив никогаш не го испробав. Ама што после со јајцето? Нема да биде за јадење едноставно на некое куче ќе му го дадам и ќе се вадам дека не јадам јајца.
Морам да ти кажам дека си во право. Тие змии што ги викаме со нив знаеш на што си.Ама понекогаш е добро да се поставиш како наивна и да видиш кои ти се вистински пријатели. Зашто мене ми се има случено да се поставам наивна и да ги гледам како се трудат да манипулираат со мене и во себе си викам еј види ги овие паметниве што мислат дека знаат се... А кога ќе се најдат во тесно од тебе совет бараат. Немам јас лоша душа и би им помогнала ама кога ги гледаш какви се и не се ни они искрени на крај сфаќаш дека подобро е да не бидеш змија туку мирна и да знаеш да ги читаш другите. Сепак моево е со добра намера барем јас така мислам. А да бидам наивна и злоба да им нанесувам па да ме снајде карма кучка немам намера. Тоа зависи од човек до човек. Не се сите наивни добри луѓе, а не се сите змии лоши луѓе.Јас така имам заклучено.
Сакам да кажам Благодарам на некои феминки кои си пишуваа на форумов за баклава Фереро Роџер и побарав рецепт и ја направив најубавата баклава што сум ја пробала во животов.
Многу ми недостига едно време,веќе поминато...кога бев дете,кога мајка ми беше домаќинка,татко ми нели работеше.И не ја работеше само регуларната работа,туку и по дома,дворот ,во село...ми недостигаат оние спонтани гости,на поминување,кога секој-некој од некаде ќе навратеше,најчесто со празни раце...ама тоа тогаш не ми пречеше,ниту го забележував.Се сеќавам и кога многу гости поминале низ куќава само со кафе и сок,евентуално ракија или вино.Какво пиво,луксуз беше.Е да,ама тие гости беа најслатки кога слатко ќе се изнаприкажеш,насмееш... А сега се сме во некоја трка,совршено и богато да се зготви на нели ,најавените гости.Во таа трка се да биде под конец,забораваме да се опуштиме и да уживаме... Затоа станувам интровертна, не сакам да е така,ама околностите ме тераат.Каде исчезна природноста на луѓето,се изгуби ли во оваа прашума од технологија... Се мора да е совршено па и јајцата за Велигден.Па како да не се закачи овде, на фб ,Инстаграм...кој ќе ни го види и пофали трудот.Јер,ако не се пофалиш,кој ќе знае дека си боел јајца,си бил на шетање,си плеснал нешто на страна... Дури јадам вафли,да си закачам слика на ФБ од јајцата,зашто само тоа имам за фалење.
Пред некој ден на ФБ некој ме додаде во група Queens, така нешто, и во тие неколку дена колку глупости се изначитав по почетнава, да се чудиш, имало бетер и од женските домаќински муабети.
Колку ќе беше светов поубав да не постоеја кавги,разделби,болести,смрт... Не сакам и не можам веќе тоа да гледам,слушам,доживувам...
Денешна лекција од boomers на социјални мрежи. Замислете, читањето книги било поврзано не само со стилот на облекување, туку и со облик на телото, боја на коса, па и на кожа... Се прашувам кога конечно ќе им помине рокот на вакви „мудрости“ и поенти. Да, лично сум љубител на книги и физички/стилски личам на последните две девојки што се фаворизирани, и пак сето ова ми е тешка патетика. До кога ќе се ставаат луѓето во разни стереотипни калапи и ќе се форсира некаков натпревар, посебно меѓу девојките и жените?
Најголема иронија, да си заколнат атеист, да се запознаеш со дечко ти со христијанско име на Благовец....и башка, да ти е најбољ ден во животот Велигден....животот пиши иронии ама оваа е хаха
Добив странски сертификат за фитнес инструктор и нема да застанам тука, ќе се надоградувам нон стоп се повеќе и повеќе.
Му дошол денот на човек, починал. Ќе поминат одвај година, две или три и исто како да не живеел. Споменот избледува, дури и оние кои тагувале веќе нашле нова занимација, ако се сетат одвреме-навреме, арно, ако не, кому му е гајле, и тие ќе заминат во заборав по извесен период. Освен ако не се работи за славна личност па секогаш/понекогаш (зависи од популарноста), ќе се најде некој фан да оддава почит; во друг случај - е**ти луѓето. Морам да направам некој подвиг да ме запаметат. Што ти вреди постоење, ако еден ден те снема од мислите на останатите. Вечен живот, воскресение, е да.
Ако само си педантна личност, не значи дека имаш OCD. Ако само денот не ти е погоден, не значи дека имаш депресија. Ако те нервираат одредени карактери, не вели дека имаш фобија од луѓе. А уште попатетични ми се оние што на овој начин ги исмејуваат луѓето кои навистина имаат некоја од состојбиве или некоја друга. Хех, па и јас сум некогаш во депресија, па не се самоубивам одма. Ајде што плачеш ко некое дете, се плашела таа, оди таму. Абе и јас сакам да сум педантен, они таму измислиле некоја си состојба ОСD. Не можеш ни да објасниш колку си преплашен до степен да не си при себе кога ќе се изложиш на она од кое имаш фобија, дур некој од страна ти се смее. Стварно, не се шегувајте за вакви работи.
Што фајде ако после моја смрт на некого му (о)станам опсесија па да ме мисли постојано? На слично ниво ми е со пекол/рај, каде ќе одам, колку ќе ми дојдат на погреб, ќе ме мисли ли некој...кој курац? Нека ме заборават во истиот миг ако сакаат, само да ми е добро со тие околу мене додека сум жива. Не сакам да прогонувам никој во мисли и соништа. Доказ ќе е дека сум вредела? Ќе ми го пратат по меил сертификатот на оној свет?