СДК мене 1 мај ми беше на 30 април Бев со моите и со внуците во куќата на село, моите работеа нешто а јас ги шетав цел ден внуците по планини и ридови, од ливадите беревме разни тревки и цвеќиња, сонцето посилно и не можеше да грее, па така и си поцрвенавме малку дури Ги однесов и на гробишта кај баба ми и дедо ми, ги галеа на сликата, и велеа тука спијат стариот дедо и старата баба После се вративме во куќата, па вредни беа и двајцата во дворот ги полеваа со вода лешниците и костените, татко ми направи скара во двор, а јас се мачев да сплетам венче за внука ми од боливач, ама не ми успеваше никако После го задевавме кучето на комшиите, голем шарпланинец, врзан беше ама лаеше силно и на малите им беше интересен, па му лаеја и тие од горе качени на ограда (по старски на висока ѕидна авлија) нормално и јас бев до нив, а кучето во долниот двор, и јас му правев фаци, урлав, се смеев, лаев, се до моментот кога од нигде никаде не се појави комшијата И така, фино лепо му реков добар ден и си пропаднав во земја Ама барем стомакот ме заболи од смеа, вредеше тој ден
Во принцип ретко а скоро и никогаш не се жалам јавно за услуга по места кај што одам, имам разбирање, се случило и да чекам да не ме услужат, да се понашаат арогантно и секакви глупости и си наоѓам причини зошто така ај мачно е еден келнер е многу луѓе има, ствара нервози... Во понеделникот во Fish & Lounge Bar Lihnidos во Охрид слободна маса и седнуваме 5 души, сакавме да каснеме нешто. Масата, ваљда деца седеле играле со шеќер кој знае, лом... Кафињата истурени со талог мачкано на маса, пикавци извадени од пепељара, мачкани столиците со сладолед. И фалеа 3 столчиња, земени беа, а ние 5, а масата очигледно за 5 столици, а тие истргани назад некаде. Седат тројца простум и поминува келнерот и го прашавме слободно тука, столици има, и ако може мени да донесе. Ништо не изреагира, игнор тотален. И си дремиме ние така, тие тројца станати, ние две претходно си ги бришевме столиците со влажни, поминаа 15 мин ај со разбирање ние демек има нешто луѓе, столици сами си свлечкавме. И пак љубезно дечко може да дојдеш. И ми даде еден поглед и со нервоза аман де ќе дојдам ми вика. Ок ај уште 10 мин чекавме во тој хаос од маса и јас пак го викнав кога помина и замисли ми вика аман мори мајка ти одма вака иди ко ќе ја викниш? Јас дали имам мајка или немам, битно тој си извади заклучок дека сум разгалено детиште што очекува келнерот да и служи ко дома мамичка и татичко. А озбилно смирено, културно, мирно, сталожено и со разбирање бевме, баш кул беше тој ден никој ни нервозен ни напнат. До тогаш. И замина цигара да пали. И станавме заминавме, поминав пред него му викам поздрав пријатно и ми вели поздрав пак да ни дојдите. Толку бедно и неубаво не сум се осетила никогаш. И сега ќе ми рече ако не ти чини не иди во Охрид, ако одиш Грција еве Охрид го имаме што даваш пари таму ги богатиш непријателите, ако седиш дома излези прошетај не се депресирај.. Мене не ми треба личен келнер 24/7 на маса да ми седи и секој пикавец да го фрла и на секое вода да му барам, мене незгодно ми е вода да си побарам кафе кога ќе ми донесат без вода, не така да малтретирам. Само да послужи, да донесе и толку. Ама ете...
Другпaт ќе си седниш нa исчистенa мaсa сo тoлку стoлoви кoлку штo ви требaaт. Не сте oстaвиле ни дa исчисти oд претхoдните гoсти, не сте пoчекaле ни стoлoви дa нaмести кaкo требa, сте трчaле штo пoбрзo мaсa дa фaтите и сaкaте услугa веднaш. Кoгa гледaш декa е гужвa се прилaгoдувaш, чекaш келнерoт дa дoјде и дa те прaшa зa услугa, не гo викaш дa ти нaмести стoлoви, дa ти избриши мaсa и дa те услужи вo мoментoт кoгa ти си се пoјaвилa, пoсебнo кoгa гледaш декa е фул. Ќе чекaш и 15 и 20 минути, aкo не ти oдгoвaрa стaни и oди си. Oбичнo гaздите сo еден келнер или двaјцa сaкaaт прaзници дa минaт a внaтре фул гужвa, тoј не знaе глaвaтa кaј му е тебе a ти сaкaш услугa веднaш.
Срам да ми е навистина, ете ме направи да се осеќам како нечовек сега. Арно ми рече така, море требаше и да ми ја опцуе мајката, со арно сум поминала со толку. Така е, терај си магаренцето сега.
Дали ова е начинот на претварање на моето јас во ладнокрвно говедо...? Апсолутно не можи ништо да допри до мене....
Ми донесуваат сирење што ужасно смрди на сулфур и пластика, дури и вкусот му е како на пластика, ама ништо страшно де, домашно е битно. Од продавница да земеш исто такво одма ќе биде ау не, бегај ова, хемија е, види како мириса. Сирењево ај на страна. Ама во други ситуации таа хемија може и животот да ви го спаси.
Таму, на нашето место, ги изгубив сите надежи. И те имав и те немав. Ти реков, се плашам дека ова е сон, и дека ќе се разбудам а тебе ќе те нема...те нема сонце мое. Вечно ќе те нема. Таму, на местото наше, избриша се грдо од мене и ме излечи. И си замина. Мојот лек си бил ти. Секогаш си бил ти. Спиј си мирно, јас секогаш ќе го чувам твојот сон. Те сакам и секогаш ќе те сакам
Таму и онака е катастрофа, не па за гужви и празници. Не ги правдам, ниту бранам, всушност не ни одам таму најмногу ради лоша услуга, недоспремена храна и обиди за кражба на сметка, но кога гледаш од старт дека нема ни стол за сите шо не си најдовте друг локал? Никој нигде не е врзан да седи.
^Всушност кога од старт ќе приметиш дека е лоша услугата подобро е. Ќе станеш ќе си заминеш. Полошо е кога веќе ќе нарачаш, а ќе ти ја донесат храната ладна или лошо подготвена, па после сепак мораш да платиш. Мене ми се случило неколку пати вака. Може требало да се жалам, не знам ни дали ќе имало ефект. Ама барем некои такви места знам дека никогаш веќе не би седнала таму.
Имам седено летоска со моите ама баш спротивно искуство имам. Се беше чисто, уредно, персоналот беше услужлив пријатно беше и баш ми се допадна храната. Како да не збориме за истото место. Инаку сте можеле пред да седнете да побарате маса за 5ца приотоа исчистена.Обично седи некој на влезот и ве упатува каде да седнете. Или пак сте можеле и да се пожалите на услугата.Ништо срамно
^ И јас имам седено таму со дм летото 2017 и многу добра беше услугата добро си поминавме. Еден од келнерите веднаш не' упати на слободна маса. Порачавме пица, добра беше без замерка. Ама и тоа ништо чудно, може се измениле работите од тогаш. Сепак ќе се замислам дали би седнала таму пак.
Сакам да кажам коментарите во повеќето теми на форумов од ден на ден се подепресивни. Скоро секој си ја кажува маката одоколу, скоро секој се жали на многу работи од својот живот, разочарувања, слаба самодоверба, кукање, нервози, тага, болка. Фали позитивна енергија на форумов, каде се луѓето со смисла за хумор, сакам да читам ведри личности, личности кои му се радуваат на животот и кои се доволно силни и храбри за сите препреки. Ало позитивци, дајте бе малку расположение
U Japanu su stariji od 60 dobrovoljno išli da saniraju nuklearke znajući da ce biti smrtno ozračeni, kod nas stariji od 60 idu na glasanje s namerom da sahrane još 3 mladje generacije pre nego što crknu u bedi Превземено од:твитер
Знаеш дека 'остваруваш' кога : -Само што си легнуваш во кревет, ја ставаш глаата на перница и се прашуваш дали ја исклучи ринглата, бидејќи вареше компири, а се сеќаваш дека водата од нив ја истури и ги стави во посебен сад да оладат. - Одиш на работа, фино лепо излегуваш од дома и на влез пред зграда се прашуваш дали заклучи - Кога забораваш каде си ги оставила очилата за гледање И то..
Абе нема врска тоа јас што сум направила или што требало да направам, не е тоа муабетот, мене на работа и ме плукнале па сум ќутела не без потреба да им се истурам па и мајки да им мешам. Мене тоа ме изнервира што така ми рече и затоа сакав да се знае, за тоа што не дошол одма или масата имала малце столчиња небитно, детали се само во приказната.
Зборувам со другарка.. Ја прашувам како поминале на пат, како е малиот и како идат односите во нејзиниот одамна пропаднат брак, ми кажа готово е, ќе се разведат, а имаат мало дете од едвај една година а типот и склепал дете и решил на страна да шврља. Ме стегна срцето, ме заболе ко за родена сестра. Не знаев што да и кажам но во нејзе видов огромна сила и дека се има помирено со тоа, не сакала да губи време и нерви за некој што не ја цени и нејзе и нејзиното семејство. Сакав да ја прегрнам, штета далеку ми е. Личностите како неа ми се идоли, после толку падови, таа секогаш се издигнуваше како Феникс.
Ќе ти текне да се јавиш на некој од фамилија божем муабет да направиш, да го ставиш мозокот на пауза, експлицитно ќе кажеш ти треба лаф муабет, и го вртиш натака, зашто и онака си на раб на полудување, а соговорникот потполно "случајно" во првите 5 минути ќе ти качи притисок 200, и ќе те доведе во состојба да го треснеш телефонот од земја, и да смениш број. И после зашто не сум комуницирала со никој. Не, не сум антисоцијална и можда нивото на толеранција ми е 0, ама се преферирам себеси кога не сум доведена на раб на нервен слом. Без осет.