Дали некогаш ќе се случи, на избори да бидат понудени ептен квалитетни кандидати,политички партии,која од која подобара, толку добри та да не знаеш за кого да гласаш? И до сега се случило луѓето да не знаат за кого да гласаат, ама не од тие причини
Колку наивни, луѓе во заблуда, луѓе со проблеми кои ги бараат одговорите на погрешни места (за жал) постојат, а оние што немаат ни срам ни достоинство ја користат нивната ситуација да заработат. И не запаѓаат само наивни во вакви замки, запаѓаат и поинтелигентни со голема самодоверба само со нив малку подруг е пристапот. Немаат некои поголеми проблеми само бараат да им го потхрануваш нивното мислење дека се нешто посебно (од мали, дар од Бога) поразлични, подобри од другите и затоа за нив треба да постои посебна група за која нормално треба членство да се плати, оти никој друг нема вака секојдневно (и бесплатно) да им го храни егото.Таму се најдобри браќа и сестри на истомислениците, таму се на едно ниво повисоко од останатите смртници, најдобри трговци се, бизнисмени, таму имаат фамилија, пријатели искрени, таму им е зенот. И ок е, сите си имаме групи, вакви или онакви, помали или поголеми. Но заработува ли некој од нив? Што во моментот кога нема да можеш да платиш? И не мислам само на разни верски организации или “бизнис“ организации, тука ги сместувам и психолозите кај кои одиш со години и години без очигледен прогрес. Те држи некој намерно до себе, не оти многу те сака или многу му е гајле за тебе. Ама тебе ти е сеедно, се' додека не си сам, макар плаќал за тоа. Изгледа такво време дојде, да платиш за насмевка, гушка, збор или два, пријателство, а луѓе бизнис си прават од тоа.
@CameliaMiller Сакам да верувам дека барем сајтот само сакал да ја докаже неписменоста која ненормално владее, во спротивно секако е ноу комент ситуацијата
Претпоставувам дека е добро што имам само едно шише вино за "допивање за да не се фрли". Читам некои цитати, животни мисли, смисли, чуда, што и зошто и како е. Нема ништо смисла. Се трудам да ја најдам, копам, барам, се преиспитувам. На некој морбиден начин се замислувам како ги закопувам ноктите во себеси и го извлекувам од таму, некое топче, клопче, врвка од каде сето почнува, јас. И го гледам така, со чудење, и тоа нема смисла. Се сетив на, прегратките се како периметар, лимит на болката. Се замислувам како дете со мнооогу големи раце, онака во торби си ги носиш, преку рамо неколку пати ги врзуваш. И со истите создаваш периметар, за да не влезе болка. И се ми се чини како во некој периметар на болка да сме врзани и никако да излеземе, без разлика на должината на рацете, на прегратките, на самотијата или групата во која сме. Едноставно, не престанува. И си велам, за што плачам? Знам за што плачам. Никој друг не знае. Дури и се обвинувам. Се чувствувам себично за овие стравови. Се прашувам што да сторам. Очигледно мислев пишување на фемина ќе ми помогне. Или виното. Можеби миење садови? Периметарот се проширува, оној со болката во него. Го зголеми семејството. И го намали семејството. Па да, секако, господ не постои.
СДК не бев да гласам ни во прв круг, ни денес во втор Вчера гледав на вести, дека гласањето беше за затворениците и изнемоштените болни лица, и ја дадоа една бабичка кај што лежи во кревет, и си го исполнува законското право на гласање и тоа на 86 години, и горда кажува како почитува и закони и се, е сега ме мачи прашањето зарем на 86 години болна и неподвижна и дошло да се замара со гласање? Или пак и на затворениците море не им е*ам матер на ниедна партија, се видоа и едните и другите, и нема шанси да гласам, посебно не ако сум во затвор или пак неподвижна старица. И што ако го исполнуваат законското право, овие ваквите, што ќе добијат?
Сдк Ништо...се осеќам како пропала инвестиција ....све ми е наопаку ..ништо не ми функционира во животот..финансии никакви , работа никаква , пријатели ? ХА АШ! ...дечко што не ми го дава потребното внимание...и да и девојка зад закључена врата која никој не смее да дознае ...и да заљубена во повозрасен оженет човек којшто има деца колку мене ... И да несреќна сум !!! Изгубив компас после долгогодишна врска , не знам каде сум ни со кого сум ...! Чекам да ми помине и имам план ...за да го реализирам планот потребни ми се 8-9 месеци и тоа тешки план ... морам да го остварам за да избегам ...тонам во агонија , некогаш се мразам и себе си ,не сум доволно сакана ... Нема среќен живот туку само среќни денови .... ке биде и полошо ..
Не можам да го дешифрирам исказот ' Браво, браво паметна си ти' Шо демек, мислиш глупа сум, не знам нешто да направам па се изненадуваш? Wtf? Боже, сачувај од такви и сачувај од луѓе што си бараат внимание.
Дојдов да се исповедам и да кажам дека потајно ја отварам и читам +/- 40 јер је једина тема без кавги на форумов, без мелодрами и некад ептен ме пресмејуваат и расположуваат со муабетите. Најлабава тема овде, искрено полабава и од ФМЌ.
Нема помизерно нешто од тоа да го силиш детето од 5год. да навредува постар човек/дедо само затоа што ти не го сакаш или не живееш со него.
Да сум жива и здрава. Сериозна бев иначе. Коа и да сум отворила таму, се смеам нон-стоп на муабетите.Може имало карање ама лично не сум посведочила
Ја нисам изавде, ја бранам само титулата на ФМЌ како нај зен ќоше Ништо лично, не планирам у 40ка во блиска и далечна иднина да се карам... а ни да пишам воопшто богами
Читам низ интернетов демек Гоце Делчев да не живеел за време турско, ќе му барале членска книшка за да стане селски учител... Забораваат дека всушност имал книшка, и тоа вмровска!