На форумов одреден модератор смета дека сосем во ред е некој да ти спомнува неродено бебе во муабет, а не е во ред ти да укажеш дека истото не е во ред, и замисли твоето ќе биде избришано. Модератори со лични побуди и селективни чистки пак ќе кажам, не му прават арно на форумов. Всушност тоа за се се однесува. Кога емоцијата ќе ни ја преземе контролата, треба да знаеме да ја препознаеме и да си најдеме друга занимација. Тоа сакав да кажам... а уште повеќе, не можам да се изначудам...
Затоа треба да се реагира а не сеир да се гледа кога гледаш дека други имаат проблеми со нив, оти кога-тогаш ќе дојде и на твоја глава Пример еден како остануваат неспособни на функција.
Сум реагирала и претходно Бриџо, не е прв пат мислење да ми биде селективно искацкано а нечии потешки зборови сеуште да стојат. Нема правда на форум
Затоа треба некои несогласувања да се остават на страна барем привремено и сите кои сме незадоволни од постапките на некои модератори,здружено да се побуниме. Молчењето ништо не решава!
Секако. Но за тоа треба да се отвори соодветна тема каде би се дискутирал конкретниов проблем, оти и не секогаш мора да значи ниту дека е до модераторите, знае и до нас да е, ама потребен е тој простор за такви дискусии. Ако има заинтересираност за такво нешто, секако дека ќе придонесам со мое учество.
Жално е што во денешно време сè уште има такви луѓе на светов што мислат дека со неразбирливи зборови промрморени ради реда во рок од пет минути, со разни чуда и предмети што според нив се „лековити“ си земаат за право да заработуваат на нечија мака и да манипулираат. Разбирам дека некој може да биде очаен кога има проблеми што му тежат и не знае како да ги реши, не оправдувам покрај толку многу начини да отидам кај затуцана будала што мисли дека може и мртвиот од под земја да го извади. Ме лути тоа што поради ваквите сè повеќе луѓе уште толку запаѓаат во очај бидејќи некој умислен им рекол дека за 3 дена кровот над глава ќе му падне или дека црна личност му фрла клетви.И после се тресе, се плаши преку прагот да премине. Ај постариве донекаде ги разбирам, од такво време се, ама млади? 20 години со вакво нешто да се занимаваат? А и гатачиве, како можат? Без грам грижа на совест? Да постоеја некакви казни за овие луѓе мислам дека ќе беше подобро.
СДК Имам сменето повеќе матични гинеколози и заболекари, само општата матична ја немам сменато цели 20 години, од атер, што велат старите, оти ми е соседка. Ама толку е тешка жената за да ти даде упат за на болница или за на лабараторија, тоа чудо нешто, следуваат молења и молења за еден е*ен упат, а јас како вечен хипохондрик, плус и анксиозна, само си наоѓам дијагнози, ама реално последниов период имам навистина реална потреба да ме упатува на болница, не е до мене и мојата "замислена' психа значи, ама оди и разбери се ај да те видам, едвај сега ја убедив за да ми даде да испитам крвна слика, а за калциум и витамин Д не сакаше ни под разно да ми даде упат, немало потреба, не сум добивала ништо, а ваму јас две недели се борам со болка во кичма и нозе
Арно ја трпиш, јас вака до сега сто пати би ја сменила, соседка не соседка, поважно ми е здравјето од тоа што ќе мислат/кажат другите. Мењај ја што побрзо, најсериозно ти велам. Преку глава ми е такви доктори, кои мислат дека само тие сè знаат и дека се најпаметни, а дека пациентот нема право на збор.
Имам сменато многу ко што кажав погоре гинеколози и заболекари, ама оваа ја трпам оти соседка ајде, плус сите фамилијарно сме кај неа, ќе се излути Ама навистина, си карам мајката секогаш кога ќе треба да одам да и се молам за упат
Владата три пати се предомисли за утрешниот ден дали да биде прогласен за неработен. До 12 има време уште еднаш да се предомислат. Затоа што ние сме на дугме не е проблем
Колку го сакав Скопски саем. Уште од мала редовно го посетував, мајка ми ме влечкаше на секој Саем за мебел. И не се жалев, љубопитно разгледував, седнував на интересни столчиња и клацкалки, собирав каталози. Потоа дојдоа журките, фестивалите, Таксиратите. Саемот на книга, на кој редовно одев уште од средно, кога нè носеа организирано од школо. Многу спомени, многу играње и пеење, едно големо љубовно разочарување, Форнети помеѓу халите, и оние спакуваните триаголнести сендвичи, што се продаваат на бензински. Сега нема саем. Има саеми теоретски, но нема физички, се импровизира. Се наближува Саемот на книга, гледам каталози, правам списоци за што да купам, но не можам да го визуелизирам тоа, не на друго место. Скопски саем го уриваат и на негово место ќе има - погодивте, уште еден трговски центар. Не планирав ова да излезе толку срцепарајуче де, но вчера падна тема на муабет со друштво, па се потсетив и за момент се натажив. Можеби е до мене, којзнае, понекогаш како сама да си барам причини за да бидам тажна.
Сакам да кажам дека денес си купив карта за концертот на стинг (фала богу мирна душа кога веќе дојдов до картата) мада најверојатно на никој не му е гајле за мене и мојата карта, ама ете, сакав да си кажам...
Отвараш во категорија "религија" со цел да прашаш нешто во врска со твојата вера и празници, и наидуваш на најпаметни атеисти кои на секое твое прашање се потсмеваат, контрираат, индиректно навредуваат пошто тие атеистите се најинтелектуалните суштества на светов, а ние верниците загреота сме затуцани, простички и заглавени во среден век со паметот. Аман оставете не нас верниците да си веруваме, а докажувајте се колку сте попаметни и понапредни од нас во некоја друга категорија. Фала.