Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Ја зачитав темата „Народни и верски обичаи за забременување“ и само уште еднаш ми се потврди колку сме назад во поглед на искоренување на паганизмот, верувањето во бајачи, гатачки, и не знам уште какви не „чудотвории“.
    Да се разбереме, не оспорувам практикување на религија преку посета на манастири, изведување на молитви и слично, но се' што е надвор од тоа навистина ме прави да се запрашам дали некогаш ќе мрднеме од мртва точка на слепи верувања.

    Всушност неодамна имав можност да посведочам на слична случка. Не се однесува конкретно на тешкотии во зачнување, туку во однос на друг здравствен проблем кој бил третиран кај „исцелител“.
    Бев на контрола во приватна ординација, чекајќи да дојдам на ред . Го слушнав прашањето на сестрата упатено кон човек кој само што излезе од ординацијата на докторката. Го праша зошто порано не се обратил кај медицински лица за проблемот кој го имал, а одговорот беше дека пред да биде упатен кај медицинско лице му биле препорачани еден куп исцелители, бајачи и што уште не.
    Отприлика толку имаме слушнато за наука. На највисок ранг ни е Иван Исцелител и сличните на него.

    Жално..
     
    На gjoker4e, Peperutce1115, CameliaMiller и 18 други им се допаѓа ова.
  2. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.626
    Пол:
    Женски
    Сакам утре папата да ја најде баш најмалата непопунета дупка и да тресне така јако да ја излупи цела њушка, уопште да не му текнува да доаѓа више.
    Ради вампиров морам да не ни легнувам и да патувам за да избегнам гужви.
    Малце беше што не реметеа овие денови офицери, со налози да се спуштени ролетни и да не се излегува на тераса, претрес на стан и секакви други сваштарии, уште ова сега ми требаше.
     
    На GirlLove, Petar80, Јаневски и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.880
    Допаѓања:
    129.845
    Пол:
    Женски
    Ми се пее,ми се игра,ми се шета,ми се полагаат испити... :music:
    Сето тоа е благодарение на него. :lol:
     
    На WildMk, cresa-jagoda, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Денеска цел ден ќе биде блокиран центар, за еден педофилче да си се шетка.
     
    На cresa-jagoda, Rama, Herrera и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.159
    Што е со луѓево кои коментираат на Фејсбук ? Фрчат коментари од типот "го чекам да дојди папата да ми го осветли патот", "го чекам папата да дојди да ме благослови да се омажи керка ми ", "го чекам папата да дојди да ме излечи"

    Тој папата Господ да не е па луѓево имаат големи очекувања од него ? Еве одма сега ке добиете на лото тие што толку очекувате од папата, хахахахха :D

    Немам коментар , да најдам смајли што се крсти оти забегале луѓево скроз

    [​IMG]
     
    На gjoker4e, TutiFuti, cresa-jagoda и 23 други им се допаѓа ова.
  6. didi1982

    didi1982 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    4.115
    Повели во темата, таму коментирај. Овде е веќе на ниво на оговарање. И башка.. не го берете гајлето на други, гледајте си за себе8).
     
    На Emy867 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Па таму не примате 20 и нешто годишни да ви кажувале како и што да правите затоа што нели штом немаме деца ние не знаеме ништо.

    Ова е слободна тема каде што секој може да пише мислење во врска со што и да сака, па токму затоа тука го изнесов мојот став. Сори ако те повредува, ама нема да го променам мислењето дека магични камења не постојат.

    Also, озборување е ако земам и си пишувам со некој по порака за тоа како ти размислуваш. Тука пишувам јавно, така што си ја згрешила дефиницијата за озборување. ;)
     
    На Gosh, CameliaMiller, ivi1987 и 13 други им се допаѓа ова.
  8. didi1982

    didi1982 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    4.115

    У реду јеТ. Уживај! Вие се знаете, се сте во право, ама има дана за мегдана! Секое добро!
     
  9. Ана на мама

    Ана на мама Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    1.821
    Пол:
    Женски
    Така е мила. Бог знаеме дека постои само треба силно да веруваш и тој со неговата моќ ќе те излечи.
    Се разбираме мислам ?

    Од мртва точка не мрдаме затоа што повеќе не интересира што прават и мислат другите отколку што ги гледаме и цениме сопствените постапки.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Мене лично не ме интересира како ти ќе направиш и дали ќе веруваш во каменот или не, ама тоа не значи дека не можам да изнесам мој личен став за таквите „исцелителни“ камења.

    :hai:
     
    На Gosh, CameliaMiller, Billy Idol и 4 други им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.880
    Допаѓања:
    129.845
    Пол:
    Женски
    СДК...
    Ако се постари,мислат дека се попаметни,но не се баш.
    Еве,јас сум религиозна,цврсто верувам во Бог.
    И јас ја читнав таа тема.
    Во ред е оние кои немаат деца,а сакаат да имаат, да одат во цркви и манастири и да го молат Господ да им даде деца.
    Кажувањето молитви и палењето свеќи се во склоп на религијата,ама оние ритуалине со камења,врвки и уште што друго,е одење против Господ.
    Уште и она верување во зборовите на шарлатани и измамници како Иван Исцелител...
    Како можат?
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    @Ана на мама
    Здраво.
    Од мртва точка не мрдаме оти некој мисли дека од енергијата на каменот ќе забремени.

    Има дана за мегдана? Сериозно?
     
    На Gosh, CameliaMiller, ivi1987 и 14 други им се допаѓа ова.
  13. Ана на мама

    Ана на мама Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    1.821
    Пол:
    Женски
    На се што си одвоила време за повеќе од поглед е интерес.
    Ставот ти е ок, твое право на слободно мислење. Ама за осудата "не мрдаме од мртва точка...." веќе е навредливо. И пак ќе ти кажам, од мртва точка не мрдаме зошто не си ја гледаме својата работа.
    А што се однесува до твојот став и водена од твојата поента, каменот барем го гледаме. Бог каде го виде ?
    Се надевам дека овој пат ме сфати колку си контрадикторна и луцидна.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    Го гледаш каменот како делува? Како?
     
    На Gosh, Peperutce1115, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Да интерес е, но во врска со темата а не во врска со тоа како ти ќе направиш.
    „Не мрдаме од мртва точка“ е реално гледиште, само ретко кој сака да го признае.

    Јас лично повеќе тежнеам кон атеизам, така што не можам да кажам дека верувам во Бог. Но, ги почитувам оние кои веруваат во него. Но за магични камења сори, ама ноу ноу.

    П.С. Кога сме кај контрадикторност, зошто токму тој камен е магичен? Зошто не некој друг на пример?
     
    На CameliaMiller, Billy Idol, Tan4ence и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Ана на мама

    Ана на мама Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    1.821
    Пол:
    Женски
    Извини, ова се двојни аршини. Атеситичкото мислење е нема бог нема магија само реалност. А твоето одобрување повеќе ми е претопување во широките маси отколку сопствен став (нели црквата, џамијата имаат многу приврзаници). Нити во Бог веруваш нити во камен, ама го одобруваш верувањето во Бог а во камен не. Зошто? Искрено ме интересира, без иронија прашувам.
     
    На Bitter-Sweet и Emy867 им се допаѓа ова.
  17. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Прво одговори ми ти мене на погоре поставените прашања па после јас тебе за твоево. ;)
     
  18. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Зошто тогаш така и за животозагрозувачки ситуации не викате поп или не го носите повредениот во црква?
     
    На Gosh, Peperutce1115, WildMk и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Ана на мама

    Ана на мама Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    1.821
    Пол:
    Женски
    Имам одговорено во темата. Да не се повторувам
    Твој ред :P
     
  20. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Си заминав од темата, не ми било таму местото. Затоа повели самоцитирај се што имаш одговорено, затоа што додека ја читав не наидов на одговор за прашањето Зошто токму тој камен е магичен, а не некој друг?.


    Значи сум пишала повеќе тежнеам, а не атеист сум. Читај малку подобро.
    Не сум определена се' уште како верник или атеист и си давам време да се пронајдам во едното или другото.
     
    На CameliaMiller, Feminka22, sanja.burgundy и 4 други им се допаѓа ова.