СДК ми треба програмер со познавање од WordPress, .PHP и евентуално JAVA. Ако знаете некој таков што може да заврши една работа за следните два-три дена, ќе биде платен соодветно. Пишете ми во ЛП. Ве молам не ми го бришете постов.
Смачено ми е од чикици, кои навидум угледни господа, ти се бесат на врат и место деловни врски, да нудат глупости и да се измотаваат со непочит. Можам да заклучам дека генерално, македонската бизнис елита труе на курвештилук и од мажи и жени. Приберете си ги половите органи, затоа што некои од нас сакаат чесно да си го вадат лебот и не се расположени низ кревет да успеваат во животот. Од чаршави во бизнис прифаќам само чаршави за на маса во ресторан за бизнис состанок. Простоќа и маска! Ми се згади животот. А и одлични се за пример за метафора, те прашува за цените, а мислел за нешто сосема друго. Јас сум наивна, толку време мислев дека ме прашуваат за тоа што го работам навстина, а не за нешто сосема друго. Па им се виде скапо де... На ушите не можам да си поверувам, да не си жена во Македонија, а уште помалку во овој дел. И можам да ви ги набројам одма кои од наводните наши водителки и ѕвезди со кого спие и зошто се успешни и познати. Е не, јас ќе бидам. Ц ц ц ц ц ц ц ц !!!! Стари смрдливи чичковци на кои можеш ќерка да им бидеш.
СДК..конечно дојде и тој ден..мојата полуматура Станав рано..се спремив и сега до 10h ќе си седам..ама тоа е..мајками требаше во 8h да оди на работа..аа таа ми ја правеше косата..па затоа ме направи порано.Е сега уште да не се расипам (оти мене ме бидува за тоа )и се' ќе биде ОК Еее не ми се верува дека 8 години одма поминаа..како вчера да бев прво одделение..аа денес полуматуранка..Си лета времето не викам не А пак осмо одделение одма помина..кога си реков дека осмо нема никогаш да помини и опп еве Јуни.. И сега чувствата во мене испомешани..Среќа,тага,загриженост..абе се..невреме во мене имам Секако дека ќе сум среќна..полуматура славам де.. Секако дека ќе сум тажна..се разделувам од децата со кои бев заедно цели 8 години..со кои поминував повеќе време од колку со моето семејство И да загрижена сум..се плашам да не не помини се' во најдобар ред..се плашам да не се случи нешто.. Тоа е,живот..ајј луѓенца мили да одам да се доспремам
Барам да ми се честита успешно завршувањето на прва година средно и основно образование по вторпат.И да ми се врачи специјална диплома за вложените напори.Конечно одмор од математика,пишување состави,дискутирање за лектири,цртање ел.кола,преслушување,цртање и боење на цртежи од мртва и жива природа,изработување на фигури од сапун..Половина од оценките се мои. И конечно мирни утра не морам никого повеќе да влечам за нога да стане. Имам уште обврски, да го земам свидетелството на ќерка ми и да ја запишам во средно,зашто дотичната разгалена принцеза ,нема да биде тука,ќе дава концерти на еден поделен остров. Уште тоа и можам да се опуштам.Секако ако преживем без пари,со јадење на домати и леб . Се само таа да шета. И реков дека ќе ја пријавам за семејно малтретирање.
Имам еден стрико, кој во секоја мака е насмеан. Голем мајтапџија е. И секогаш вели: ако не се смеам, ќе личам на намчор, а јас не сакам намчори. Жена му, му ги правела најужасните слатки, па затоа таа мисли дека тој не е љубител на слатки. Само колку да не е приморан да ги јаде. А, дома секогаш доаѓа и си јаде наскришно. Го молам, аман не кажувај дома ти, да не дојди жена ти со пушка. Не сака да се дружи со баби и дедовци. Му било страв да не му припаднеле, а и му терале бабински муабети. Секоја сабота трча да си направи едно ливче, и го крие. Не сака некој да му фрли поглед на ливчето, оти му ги зарекнувале. Досега нема добиено ни еднаш. За секоја будалштина за која ти треба помош, само му се јавувам, доаѓај наскришно дома, и ете го, за 5 мин. целиот возбуден. Сака да се дружи со млади. Многу ми се интересни вакви повозрасни луѓе, кои сеуште се деца во душата.
Па сега кога ќе дојде факултет , за секој предмет по една семинарска па проекти некои итн. God bless our mothers
Не било лесно да стануваш во 7:30 скоро секое утро, а притоа ти се собрале само неколку часа спиење, пошто нели, стануваш да го нахраниш тоа мало сонце, а кичма и раце речиси немаш од нишкање и држење во раце. Јадење за мене на брзинка, бањање на две-на три, подочњаци и несредена коса-да, шминка? Е да, не било лесно да си мајка, ама здрава сум, права, ќе издржам. Па ќе видите и на мене кога ќе ми порасне бебенцето уште малце (да си се утешам). Ауу абе вие сте имале нова СДК и многу нови деца, јас со две-три ве оставив. Нек се угоде!
Во моментов се расправам со администраторот на ОдмориСе.мк, он на мене Многу мразам да барам аранжмани за одмор, пошто знам дека во принцип сите лажат и на крај ќе излезе да бидеме сместени во вила на километар од плажа иако пишува на 200 метри од плажа, дека ќе имаме поглед на гробишта наместо на море... Ама решив годинава ќе се потрудам да најдам нешто асално, а не претходните години одиме, бираме и уплаќаме, па после мака ми е што не сум побарала асално И нели ако не прашаш ќе ти накалемат да си плаќаш и што е и што не е јас фино си прашав и си добив погрешен одговор, па малку ги подбрав и на крај си го добив вистинскиот одговор
Es una bebida Que va cambiando tu vida Una gotita de nada Te vuelve loca Loca divertida Agua de risa Con unas gotas de rosa Y una aceituna sabrosa Y en lo calientes Esa es la bomba
Баш си најдов добар филм, одам во кујна, зјапам у фрижидер, се враќам у дневна, The End. Браво за тие шо го направиле филмо кус. Сеа има цел ден да јадам наместо да држам диета. Мечка.
Се си мислам воопшто не сум се променила цело време,штом и мајка ми ме праша :абе иста си сега како пред 10 години ?Да ,иста сум,се вратив на истиот ум ,на истите навики ,на истите желби.Колку и да сакав да променам нешто,посилно е од мене Велат,она од кое се плашиме не го сакаме силно,а јас го сакам животот и ќе се борам со сите сили.Кршам лед против лажни маски на луѓето,и лесно препознавам кој во која категорија е. Така и онака,ќе се најдат секакви луѓе,кои ќе не сакаат,кои ќе не мразат,кои ќе не озборуваат ,но само да сме живи и здрави ,со најблиските до нас и Господ Бог кој никогаш не заборава на нас
За мене летото почнува кога ќе престанам да носам папучи по дома и ќе почнам да шетам боса. Летно време, особено ако сум сама дома, кујната си ја трансформирам во летен бар. Како оној на Спајдер од Тропски горештини. Само што, наместо цветни кошули, јас си носам цветни шалвари Па почнувам да правам сé и сешто, од ладно нес со шлаг и чоколаден прелив, лимонади со ливчиња од нане и многу коцки мраз, овошни салати, и секако - сладолед. Секое лето измислувам нови рецепти, па ќе видиме годинава какви вкусови ќе се запишат во тефтерот. Летово некако ми се експериментира со овошје и овошни преливи Си се чудам сама на себе како може да ме радуваат некакви глупости. На пример - новата коса на џогерот. Уште неотворен, јас веќе си ја спремив кофата со средство и си ја пуштив папката со летни песни. Па почнав да ги бришам плочките, и да си пеам Cuuuuba! Quiero bailar la saaaalsa! И ете така, сега одмарам во мирис на цвеќиња. Само уште да го наполниме базентот, и спремни сме за летните горештини. Bring it on, summer!
http://www.youtube.com/watch?v=3pI_FyBe7TI сдк акам да сум во публика.. некој однеси ме овде ве молам..... значи ќе си умрам вака концерти ко ке гледам и јас дома пред компијутеp headbanging...
СДК конечно сум спремна за летниот распуст. Полуматурата помина во најдобар ред..Малце се расплачив ама нема гајле Се случуваат такви работи..се помешуваат чувствата и плачењето е резултатот.. Сега уште една мака имам..да го земам сведителството,да се запишав средно училиште..и веќе тогаш можам да каќам дека сум целосна спремна за распуст..и сега сум..ама тогаш најјголемата мака ќе помини