Ако не можеш не станувај. Јас кога можам станувам и кога има слободно место до мене го тргам ранецот,го ставам во скут,и може да седне тој што сака,ама кога не можам да станам,не станувам.Ако се бунат,им кажувам зошто не можам. Во денешно време старите се понекултурни од младите во автобус,се пикаат со куп големи торби иако ЈСП тоа го забрани и не ни прашуваат дали човек може да стане или не.
Не знам зошто на некои луѓе тешкотијата на факултетот им е мерило за вредноста на една професија. На пример, само затоа што еден пожарникар не се мачел 10 години на факултет со испити како еден доктор, не значи дека вреди помалку од него за општеството. Да, поминуваат обука за која исклучиво е важно да си физички и психички спремен, и за самата работа после. Потоа работата им е да влезат во еден објект во кој е 100 степени и кој секој момент може над глава да им се сруши и да ги извлечат оние внатре во последните минути. Или пак виделе толку жални слики кои не би поднел секој да ги види. А дома нивните секој ден ги чекаат живи и здрави да се вратат. Постојат и такви кои настрадале во обид да спасат други луѓе. Ама не бе, вределе само тие што учеле факултет.
За папата имавте милиони да искеширате, да се сликате, да глумите лудило, а тие на само 5 метри од вас слепи се правите и ги игнорирате, подјебавате и шетате од шалтер на шалтер. Снежана Караџовска три години моли за пари за протези, затоа што ги изгубила двете нозе во сообраќајка. Таа рехабилитација ја има само во Холандија и чини 119 000 евра. Толку пари трошите за ручек неделно вие свинчиња бирократски.
Мислењето од погоре ме потсети на нешто друго. Како некои факултети се толку потценети во однос на други, а сепак сите си бараат знаење. Татко ми ја искористува секоја шанса да ми плесне во лице дека секој втор имал економски факултет и економисти имало со лопата да ги ринеш, никој не ги барал. Ќе сум останела да работам земјоделие во животот, немало да успеам во животот кога не сум ги слушала нив за да се запишам за наставничка/професорка. А воопшто не им е гајле дека не ја сакам таа работа, битното е тие да бидат задоволни. И сега дека се разочарани, на секоја шанса ми мрчат со мајка ми. Не е дека јас толку сакав економист да бидам, се запишав ради други причини бидејќи и поинаку размислував тогаш ама тие никогаш нема да ме разберат. Сега да сум ќе се тргнев што подалеку на факултет само за да не ги слушам насекое да ми го туркаат карактерот и самодовербата. Каков родител треба да си да му посакаш на детето "да ги види твоите маки" само затоа што ти не си успеал да се тргнеш од земјоделието. Па тоа е едно од најисцрпувачките можни работи и никогаш не би му дозволила на мое дете да се мачи со него како што јас се мачам од мои 15 години. Не го сакам летото заради него и што побрзо чекам да помине. Ќе барам секакво чаре ама тоа нема да го работам во животот, ни јас ни мое потомство. Само морам да издржам уште. Ако не ми оди уште еден факултет ако треба ќе запишам, на струката што отсекогаш ме привлекуваше. Ќе барам секаков начин да успеам.. Тежок е животот.
Нема ден да не чујам како некој се спрема да се сели од државава... некој веќе се иселил скоро, некој еве деновиве. И еден куп млади кои чекаат за работа во Хрватска, Црна Гора, Грција. Веќе работа на брод, Малта, Катар, Дубаи не се толку актуелни, туку е штогоде, а тоа е страшно... брзи пари. Се празни државава со вртоглаво темпо. Мака ми е. И ме фаќа страв.
Ако мислевте дека нашиот народ е со некаков чуден менталитет, дека е себичен, полн со предрасуди, експерт за туѓи животи, би требало да го видите српскиот. Следам една страна, ispovesti.rs. Неколку пати сум прочитала толку глупи коментари, ама денес беше врвот. Некоја напишала дека од мајката на нејзиниот дечко добива повеќе љубов отколку од сопствената мајка, и во коментари 98% осуди за неа. Како можела така да мисли, глупава била, неблагодарна, една била мајка, па дека понатака љубовта од мајката на дечкото ќе се претворела во нешто друго... Прво, не се сите свекрви од пеколот, не се тирани. Второ, не се сите мајки ангели кои ги опсипуваат децата со безусловна љубов. Она мајка ти е, не може да ти мисли лошо е мисла на луѓе кои не ја виделе баш реалноста. Епа драги луѓе, јас сум видела и слушнала како мајки уценуваат свои деца, како одат против нивната среќа, како лечат фрустрации на нив, како сочно ги навредуваат и колнат, им посакуваат (нај)лошо и што уште не. Па вие пак речете дека мајката, или општо родителот, не му мислел лошо на детето. Ма да. Сум сведочела и на супер однос меѓу снаи и свекрви и да, дури и на подобар однос од тој мајка - ќерка. Не е убаво да живеете во заблуда и гледајќи само црно и бело.
Потпишувам. Многу луѓе ме повредиле и повредуваат,ама најмногу родителите. Не значи дека ти мислат добро бидејќи ти се крв,баш доста често наши најголеми и најлоши непријатели се оние со кои сме крвно поврзани.
Утрото ми почна топ. Запознав девојка на социјалниве мрежи која многу ми се допадна, почнав разговор, ама некако ме кулираше цело време и беше ладнокрвна. Кога ја прашав дали може да добијам нејзин број и да и се јавам ми пиша дека е многу уморна и оди на спиење и ја снема. Си реков ме откачи и тоа е тоа. Утрово се будам и гледам во инбокс ми оставила нејзин број. Премногу се израдував
,,Želje mi se baš i ne ispunjavaju, negde je zapelo. Možda se ispunjavaju nekom drugom? Ne bi bilo prvi put... Nema veze, ne ljutim se, dobre su to želje, šteta bi bilo da propadnu." Е баш ова сакам да кажам!
Бараш совет, добиваш совет кој можеш да го прифатиш или не...тоа било мешање во туѓ живот. Бараш мислење, добиваш мислење, тоа било исто мешање во туѓ живот. Бараш критика, позитивна или негативна, добиваш, тоа било суровост, без осет и така натака. Ок, така е. Зошто тогаш се бараат совети и мислења? Зошто воопшто некој мисли дека треба да добие критиказа нешто ако смета дека така како што е е супер? Зошто некој нешто прашува кога не сака да го чуе одговорот?
Немам јадено скоро една деценија,јадења кој ги правеше мојата мајка.Посакав една торта што ја правеше често,цела беше полиена со чоколадо,на девојка ми,мајката ме слушнала,и ја направи само за мене.Неможам да ви го опишам чувството,кое го имав додека јадев од тората,јадев и плачев,да плачев,затоа што осетив како до мене да е мојата почината мајка,и сега кога ке се сетам,ми течат солзи,тежок е животот без МАЈКА,и без мајчинска љубов,тежок многу тежок....