^ Јас се кладам дека му оставила лажен број, не се палете, подобро сами купете си некоја пирошка или мекица ако ви се јаде... СДК односно сакам да констатирам дека не е сè толку црно околу social awkwardness, чудово те тера на физичка активност и те прави по фит. На пример, кога ќе видиш дека во лифт се качува некој комшија (кој секако не го ни знаеш) и не си ич расположена за непријатна тишина и гледање во под, идеш по скали наместо тоа. *гифот со црнецот што си става прст на чело*
До сите Македонци кои користат бугарски пасоши за да отидат во странство, кога ве прашуваат од каде сте што одговарате? Сега ја видов темата, па чисто ме заинтересира.
Немам бугарски пасош и уште сум во Македонија, но ќе ти одговорам. Кажуваат дека се од Македонија. Интересно е што се против новото име-Северна Македонија, а извадиле бугарски пасоши, а со тоа се пишале и за Бугари. Се прашувам какви патриоти се тоа? Едно зборат, а друго прават...
Би сакала во скоро време луѓево да сфатат дека на некои фотографирањето (тука мислам и на телефон исто како и фотоапарат) и едитирањето слики после тоа им е навистина хоби и релаксација - како што е и било од одамна цртањето, пишувањето итн. Да престанат да ги гледаат сликите од секакви убави ситничиња надвор/храна/кафе како доказ дека се нема живот, во 21 век сме биле ко зомбија/робови оковани за телефоните, бла бла бла... Којзнае од колку уште јадења на излегување би имала по некое сликиче, да не ми беше ради ова незгодно во друштво на многу луѓе да вадам телефон и да се наместам убаво. Сериозно, не е океј ако си со некој излезен и цело време додека зборуваш скрола и не си обрнувате внимание, ама нема никаква штета ако некоја секунда застане и сликне, па и го споделува со тебе интересот за тоа како хоби. И да, ако штракнеш и да овековечиш момент - не значи дека не уживаш во глетка, храна/пијалок, чист воздух или било што, и дека само за инстаграм и лајкови на истиот живееш... Аман веќе со тие wannabe deep фрази!
Ако стоиш на приземје, а сакаш да одиш нагоре, копчето за нагоре го стискаш на лифтот. Ако сакаш надоле, копчето за надоле. Не ги стискаш двете. Аман.
Најсурово- реалноста кога ќе те плесне по лице. Уште полошо- верување на зборови, а кога ќе дојде ден на дело да се покаже, часовникот ненадејно ќе се сврти за 180 степени. И тогаш ти се клика дека за џабе било сè. И сė ти станува јасно. И криво ти е бидејќи ти знаеш дека никогаш така немаше да постапиш. Ама за жал не се сите ти и не мислат сите исто како тебе. . . Поминува и ова поминува, кога немаш вина лесно сè ќе помине.
Темата во која што се пишува за колење јагниња ме потсети на една случка што искрено посакувам да ја избришам од мојава меморија. Колку треба да си ненормален среде бел ден да излезеш пред гаража, на сред пат каде поминуваат деца секој ден, да земеш секира и крвнички да удираш сакајќи да заколеш петел? Ај не сака да прави неред дома- ќе сфатам. Во гаражата не може ли тоа да го направи? Да стави најлонски фолии на подот и наоколу, колку да не остави крв насекаде, ако веќе го мрзи да средува? Ама не. Сепак подобро е да е надвор, да не се замараш со чистење, а дали ќе види некое дете или било кој човек што лесно се гади/плаши/има фобија што може да доведе до триста полоши ситуации како онесвестување и паѓање- кога брига. Битно господинот да се најаде месо.
Кај мене дома пред нас колеа прасиња, кокошки... сликите уште ми се пред очи. Прасенце што вика, го удираат со токмак и го колат, ние ѕиркаме низ врата и викаме немојте. Не ми е јасно зошто пред нас го правеле тоа. Уште ми се пред очи тие кошмарни слики и звуци. Не дека некој се пазеше низ село. Сите колеа пред врата. Финтата е да видат комшиите кој поголемо прасе ќе заколе. Ваљда. Бидејќи секогаш ги мереа и се прашуваа чиво кое колку тежело, колку месо имало, а колку сало...
Кога се вози помлада личност во автобус не и' се гледа на лицето дали ја боли главата или има силни менструални болки. Не се гледа можеби дали не спиела асално учејќи за испит или поминала цел ден на нозе. Не се гледа ни дали можеби и' e паднат шеќерот или притисокот. Или можеби се гледа по очите и бојата на лицето, ама не секогаш е така. А такви имало многу, ама ретко, скоро никогаш ќе чуеш помлада личност да рече на некој Може ли да седнам? А затоа да видиш некој постар, со брзина на светлината мора да станеш, небитно дали ти имаш потреба да седиш. Добро, не викам дека ако замолиш дека нема да стане некој постар за тебе, ама фактот што обично ти е срам да побараш така, макар и да си пред колабирање од низок шеќер, а ти си обврзан да станеш зашто нели, физички се гледа кога некој е стар, доволно зборува каков менталитет имаме.
Чудово освен што те тера на физичка активност, туку и ти ја подобрува трпеливоста. Пример, сакаш да излезеш од стан ама слушаш дека рандом комшии стојат во ходник, си прават муабети, па ти фино лепо седиш пред врата дома и трпеливо чекаш да заминат за да не мора да им зборуваш Исто и кога живеев во куќа, ако имаше некои комшии по улица пред порта кај мене, трпеливо чекав да се тргнат за да излезам од дома
СДК ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДА СИ ГИ ЧУВААТ ЌЕСИТЕ В СКУТ, НИЕ ШО РАБОТИМЕ ДЕНЕС НЕ МОЖЕМЕ ДА СТОИМЕ ПО ЖЕШКОВО, ЌЕ ПОПАДНЕ МЛАДНИТАТА ЗАРАДИ ВАШИТЕ ЌЕСИ И СЛОБОДНО МОЖЕТЕ ДА СЕДНЕТЕ НА ВТОРОТО СЕДИШТЕ И ДА ОТВОРИТЕ ПРОЗОР ОТИ НЕ СЕ ДИШИ! Така ми е мака денес, бев до 17ч на работа, у парк и досеа спиев, сакам да кажам дека се чувстувам ко сканија да ме прегазила и збор не ми се зборува од мака. Затоа, каталог си пуштам од Сакам Книги и ќе си купам, да се изрелаксирам троа. Потоа, ќе си пуштам филмче некое пример Pulp Fiction, оти одамна го одложувам. Си пијам лимонада и то. Сакам и да истакнам иако сум завршила факс не ми е криво што работам продавачка или на енглески шо би се рекло Sale Representative и слично, шо би рекол Миле Паника. Колешкава ми се чуди, како ми е сеедно дека ќерка и на една наша познаничка ќе правела девојачко у странство каде што студирала, а јас сеуште сум немала ни дечко. Со среќа нека и е велам, (а познаничкава се жали како нема пари, а ќерка и секој викенд е некаде) And than I was just like... И да, секој Божји ден ја ислушувам една другарка како се жали дека малку и се 490 евра плата, а некои други колеги земале 590. На тоа и реков јас зеам 15 500 И онеме наеднаш. Ја прашувам, ќе одиш на саем, да, ми вели, и јас океј, а сакав да земам книги, но не можам да одам. Не ни ми рече дали би сакала да ми земи, иако јас иам порачувано од нет за неа и уште 6 души. И не,не не бива, велам. И сакаш после услуга да ти напрам? Е ај молимте Ајде со убо да го завршам постов. Ми се љуби некој, онака искрено. Поздрав и да пишуваме што повеќе позитивни работи тука, ми недостига стариот СДК.