^ Не можам кај мене да ставам мрежа. Чувам во станов мачор на кој истата добредојдена ќе му биде. Налет комарците ако при гребење на ноктите ја скине и падне долу. Legit решение се апаратчињата за комарци. Ставете по две - три ако ви е голем стамбениот простор, (по едно во секоја соба) и решен проблем. Навистина се функционални. ..Музичката индустрија ме изненадува од ден на ден. Но, во негативен контекст. Не само што текстовите станаа некреативни, туку и мелодиите се веќе репетитивни и здодевни. Дали ја достигнавме копулацијата во оваа област, така што веќе нема извори за црпење, и идеи за нови композиции? Не знам што ме натера пред некој да чујам што слушаат ,,младиве" денес. Кои се нивните нови идоли и химни. Пуштам песна од Иги Азелија (или како и да и се спелува презимето), и го слушам следново .. Lil' Sally Walker walkin' down the street She didn't know what to do, so she jumped in front of me Lil' Sally Walker walkin' down the street She didn't know what to do, so she jumped in front of me I said go on, girl, do your thang (go) Do your thang (go), do your thang (go) Спојлер Вози добар бит у позадина, и одеднаш кога се случува car crash-от погледнувам во спотот и реакцијата ми е следна: Kој кур бе, сериозно ли ова ги импресионира младите генерации? Црвено, црно, бело, илуминати, масони, уметност у спотот као демек.. Ако ми беше до агресивна или суицидална емоција/сензација во моментот сигурно немаше да ја пуштам Иги, туку факен Venom. За Карди БИ, Ники Минаж и таа компанија немам што да додадам. Дно дна. Холивудската музичка индустрија се претовори во CASH, BAGS, ASS, MONEY лирики. Малтене во секоја песна се спомнуваат парите додека сиромаштија хара низ светот. Која иронија, нели? Која е поентата од пласирање таков лажен и лицемерен ,,престиж"? Каде се тука квалитетот, убавината, длабочината на една композиција? Кога веќе си рапер имај достоинство и боље рапувај за насилство и улични пресметки, отколку за омаловажување на женскиот пол и деградација на човековата интелигенција in general преку пласман на двојни стандарди. И да, ако мислите дека повторно го протнувам феминизмот низ игла во постот без потреба, еве, проценете и сами: Немам ништо против жени/мажи спонзори, да се разбереме, дури и подржувам ако некој одбрал таков животен стил, ама некој да ми врши ,,брејнвошинг" преку презентација на тоа дека е единствен начин за стигнување до фамозниот врв? No, thanks i'll pass it. Again штета, пошто песните се ритмични а битот моќен...
^Среќни сте вие што имате мака само со комарци во лето. Мене ми беа досадни дур не се запознав со смрдливките. Полани зимата кај мене секој ден ми влегуваа по можда 5-6 смрдливки. Море повеќе. Буквално не отворав прозор, ставав партали под врата од соба, да не ми влегуваат лазејќи. И пак проклетите ми летаа во соба. Памтам една вечер останав до 3 за да убијам неколку што ми имаа влезено. После смрдеше ужасно ама ако отворев прозор да се изветрее, дупли проблем, пак ќе дојдеа. Ми недостасуваа комарците тогаш, најсериозно Барем комарец можеш да го утепаш без да усмрдиш сѐ околу тебе. Од тогаш, следната зима немав толкав проблем, поретки беа.
Не знам како не им е нелогично на некои, да поставуваат прашање: “А како ќе ти беше тебе, да не се родеше?“ Никако! Како може да им биде некако на оние што не постојат?
Имаше ваков муабет или на “Народни и верски обичаи' или на 'Потеклото на притисокот врз жените' А и во муабети за абортус овај муабет го имам слушнато/прочитано.
Аииии. Прочитав дека те прашаа како ке ти беше да не ја родеше керка ти , ама со ова другово се надмашиле
Не си единствена. Кај мене обавезно влагаат смрдливки и само прават бам,бам,бам по сијалиците. Мавај,мавај,едвај се утепуваат...
Сдк Една пријателка ми кажува ако не фател син и (13) женска до 18 години, ќе го носела во јавна куќа. #недела #најголематаглупостпопладне
не е за лајк муабетов... Па уште таа ќе го носела... мајка му Триста негативни последици може да има детето од такво нешто.
Разочарана од омиленото списание. Одамна го имам приметено ова со крадење на статии ама да немаш креативност и буквално да ја украдеш цела статија е навистина за срамота Што си мислат во редакцијава на Unique само, ме интересира? Дека сме глупи и дека незнаеме да купиме друго списание освен нивното? #notcool Cosmo e издание од минатиот месец, а нашево е сегашно До толку да се немало инспирацијА?????
@Shery И не само тие.Ми го купија 2 број на Македонското стори и видов дека некои статии се само преведени од Српското стори кое ми го купија 3 дена пред нашето. Срамота!