Добра си ти со смдрливки, јас бетер лани летото, глувче ми влезе во собата низ прозор. Комшиите до нас имаат една стара како шупа/барака у дворот којзнае што све има внатре, може и змии се имат насеено и од таму. Многу ситно беше ама имам бел плакар и лесно воочливо беше кога кулираше пред него. Од памет се извадив а плус што ни требаа 2 дена да го фатиме, едно итро едно паметно беше. Се искривив спиејќи на тросед, а оно цела соба за него,комоција брате. После ја рибав собата 3 пати гланц секој милиметар, ептен ми беше шубе. Се мислев за мрежа дека мачор чувам и јас, кој патем не знае за врата, туку од прозор влегува и излегува, ама ќе ме извини господинот, ставивме мрежа и раат сум. Он ќе си ги научи вратата каде се ако сака да иде надвор
Вест дека неколку автобуси биле полни со маЌедонци за Германија и читаш коментар од типот: Оваа гарант нема дојдено 20 години тука па ќе збори како е. И ако толку е беда во Дојчланд што не се врати госпоЖава тука во МаЌедонија?
Има и кој и металната да ја уништи. И кај мене дома триста маки имавме со глувци до пред 4 години. Сега немаме гајле,мојата најстара мачка не им дава на глувците да мрднат. Ќе види некое и одма за врат ќе го фати...Крц,крц,крц... Дури и кучињата се плашат од неа.
СДК голема секојдневна мала среќичка е ова. А уште поголема да си cat lover и либето што убаво те познава да ти го прати ова...
Не знам од кога почнавме да славиме Mother's day на 12.05 или јас сум нешо као олд-фешнд. Една вистина: И трето : Не сфаќам зошто некои се опседнати, буквално опседнати со децата на своите сестри/ браќа, па секаде им е објавен. Јас да сум на местото мајка би се налутила, па како може некој толку да ми поставува слики од моето дете? Не велам да не ставаат, но во граница. Сето вон тоа, ми делува како дотичната особа нема свој живот.
Ај да не се лажеме сеа, ти не знаеш кој притисок е кога за 5 минути ти почнува утакмицата и брзаш до кладилница да ја уплатиш
Новиот предлог закон за абортус во Џорџија го става фетусот под правна заштита со појавување на срцебиење. Тоа значи, дека било кој абортус се криминализира како убиство, но и секој фетус подложи и на данок. Од друга страна: Абортусот се израмнува со убиство со предумисла. (Доживотен затвор или смртна казна) Одење во друга држава за да ти извршат абортус се израмнува со заговор за убиство (до 10 години затвор) Спонтан абортус се израмнува со убиство без предумисла (од 10-30 години затвор). Во Охајо, забраната за абортус по појава на срцебиење не го става фетусот под правна заштита, ама дел од предлог законот планира да тргне од листа контрацептивни таблети затоа што не ти даваат да забремениш, а тоа го изедначуваат со абортус. Значи, едните не ти даваат да се заштитиш, ама не ти даваат ни да абортираш. Другите пак можат да те осудат на смртна казна за абортус. Ептен про лајф.
Убаво се осеќам кога врне, топло ми е на душава. Додека го слушам дождот затварам очи и ми доаѓа слика, толку реално и вистинито како и сега таму да сум. Само кога врне. Полна куќа луѓе, мириса на колачиња, во кујната се слушаат баба ми и мајка ми, јас седам пред дедо ми и слушам за Тито, за војната, за пријателствата во тоа време. Надвор врне а во душава сонце. Куќата еднолично уредена, а мене во мисливе ко шарена ливада ми изгледа. Ми се топи душава од милост. И денес врне, а мене душата на колачиња ми мириса.