Мене ваквово време ме натажува.Во главата пак ми се појавуваат сликите на оние мигови со блиски личности од моето семејство,кои повеќе ги нема.Им седев во скут,им плачев река,а понекогаш и водопад,а тие секогаш ги бришеа моите солзи. Но,ете,повеќе ги нема... Солзите пак течат,но повеќе нема кој да ги брише од моето лице.
Сфатив дека главен проблем зошто сум нервозна се моиве - мајка ми и татко ми. Цел живот нивно контролирање, солење памет , забрани , нивно мешање во СЕ (избор на пријатели, избор на дечковци, избор на факултет, избор на работа) , вршење притисок од нивна страна. Си седам и си размислувам зошто сум нервозна и што ме прави нервозна кога имам се во мојот живот. И така си го анализирав животот и луѓето во него и дојдов до заклучок дека главен извор на таа моја нервоза се моите родители. После сите овие години притисок од моиве дома последниве 2 години жими се најмило сум многу нервозна. Можеби на форум не се приметува, но постојано се нервирам од што моиве ме замараат и ми ја полнат главата со нивни сфаќања. Сериозно размислувам дали да ги отпишам од живите, морам да го сочувам здравјето . Не ми е потребно никакво диктирање и мешање од нивна страна, сакам да дишам на раат. 39471418641944619 пати имам правено муабет дека колку и да сакаат не може на сила да ме променат каква сум јас како личност, не може на сила да ме притискаат за се. Ахх барем да имав некоја блиска личност од форумот да се посоветував, ама ајде да не ве напнувам. Ај добра ноќ.
Среќавам една познаничка и ај реков да ја поздравам и да ја чепнам, ' Позната си ми' и велам ' Да и ти мене' добивам одговор. Очекувам да развиеме муабет во стил од каде се знаеме, што правиме, па да евоцираме спомени. Еден наш заеднички пријател почина, еве скоро 2 години бил, и и велам он почина, м? Жално.. И на тоа добив' Да жално ' ни трошка емоција. Нз што да речам, дали јас премногу очекувам од луѓево...
Секој еден за мене ќе знае толку колку јас што ќе си одредам дека е доволно. Се знае кој до каде може да ,,оди,,. Секој треба да си го знае местото
Пред две недели отидов да полагам испит, се мислев многу дали да идам, го полагав само вториот колоквиум (а првиот не ми е положен, не го ни учев) една тема не научив од вториот и положив, проф ми стаи оценка не ни примети дека прв не сум го полагала, ете толку се замараат сеедно битно не ми е криво што отидов и покрај толку двоумење некогаш се исплати човек да ризикува
Денеска на моите им е 19 годишнина од брак. Тато си дојде од работа со огромен букет ружи и мини торта за да прославиме сите. И после толку време не заборава на вакви ситници и му значи денот. Од љубов, ваква.
СДК дека ние младите членки на форумов,кои не сме мајки,не значи дека ништо не знаеме само затоа што не сме мајки.А,штом не уважувате доволно туѓи мислења,и вие не знаете се иако сте мајки. Ние младите детишта... Ние сме нечии деца,сме поминале низ рај и пекол со нашите родители. Па,ете,одлично знаеме како им е на вашите деца. Им се радувате или кукате од нив,се жалите од нивните тантруми.Понекогаш не разбирате зошто се негативни.А,ако се потрудите барем малку да ги почитувате мислењата на нас младите,одлично ќе можете да сфатите што се случува со вашите деца. Размислете малку!
Ептен сакам да правам забави за блиски, мислам дека деца кога ќе имам секој ден ќе ни биде журка дома. Тематски забави па многу сакам. Сакам да уредувам ситници, да смислувам работи, да си сецкам да си лепам.. Во слободно време кога ќе седнам дома сите теглички од каши на едно комшивче ги правам украси за цела зграда И се што правам сакам да подарувам. Ме прашаа зошто не правиш пари од тоа.. Ако нештото треба да го правам за да ми се плати, никаква идеја ни воља ќе имам за да почнам. Ако замислам личност за да и го дадам како подарок, само така добивам инспирација. Башка и се срамам цена да кажам кога некој ќе ме премоли да ми плати. Тешко на газдата мене ако ме вработи како продавач. Се ќе подарам. Ако има некоја членка од Битола и неа ќе и подарам една тегличка
Можеш да ги продаваш и парите на крај да ги донираш каде што има потреба. Ептен би било убаво, имаш желба, имаш можност да донесеш среќа во нечиј живот. Кажувај им дека ги продаваш за да ги донираш парите. Само предлог давам инспирирана од сиромаштијата посебно во која се засегнати децата.
Не можам се кочам ептен кога треба да продадам нешто, се осеќам глупаво многу не е за мене таа работа. Инаку другарка моја иста идеја имаше и ми отвори и страна пред две години, продаде нешто и со парите и нешто плус додадовме и купивме ручек на еден сам дедо социјален случај за Божиќ и мислам дека имав пишано еднаш баш во темава за тоа. После таа се омажи, роди дете и немаше време за тоа, дедово умре а мене не ме бива, страната ја избришав пошто немаше објави долго време и никаква акција не се случуваше и така пропаднавме
СДК дека овој начин на освојување навистина постои. Нормално дека е важен карактерот на личноста и дали те привлекува, ама кога и другата страна е cat lover и на почетокот ти праќа cat pics од миленикот автоматски нагло се зголемува атрактивноста. Trust me, I've been there.
Не знаев дека по ново, откако ќе се породиш треба да го, чекираш и мажот и болницата каде што си се породила Како и да е, да е здрав и, жив, голем да расте.