Тешко ми е, немам време ни на маникир да одам. Еве мајка ми ни готви, свекрва ми ни чисти, маж ми се утепува од работа, епа така сме договорени, јас по дома да бидам, а он да заработува. Јас од тросед на двосед, морам да му се посветам на малиот, со апгар 10 е роден, Ајнштајн ќе биде, он 5 пати појако ги минува скоковите у развој, дека интелигентен, па ради тоа му дозволуваме да не малтретира, трауми да не му правиме. Меѓувремено у светот:
Женски кученцево е изгледа изгубено.Го најдов во Карпош 3 на улица Струма.Ако некој си го бара таму е.Уплашено е не знае кај тера а многу е питомо, домашно е се гледа
На форумов веќе не можам да било што да пишам од страв дека некој ме демне и обавезно ќе ме цитира да се потсмева, а не се работело за никаква дискусија, исклучиво краток одговор во некоја тема без никакви провокации и навреди. Или пак да пишам нешто во На срце ми лежи, осеќам дека некој ме демне и таму и зборовите пишани таму некој ќе ми ги извади низ нос во друга тема, кое патем и еднаш ми се случи. Разграничете кои теми се за дискусија и цитирање, а кои за само краток одговор (освен ако се развие дискусија, без притоа да цитирате за потсмев), а кои за искажување длабоки чувства. Ако некоја одговорила дека само не сака орален секс, не мора да ја гњавите со прашањата зошто па зошто.
Почна нов циклус на бомби, но сега ќе пукаат за високи функционери на СДСМ. Нова голема политичка криза на повидок и нов голем бран на депресија и безнадежност кај младите. Многу лоши времиња доаѓаат.
Ангела @RumShtangla криво ми е дека од сите овие ојлевци дојлевци што се наоѓаат повикани да ми коментираат дека сум слаба а душата би ја продале на ѓаволот за 5 кила помалку никој не ме прашува што јадам за да им одговорам МАЛКУ СВИЊО МАЛКУ Доктор, специјализант на гинекологија. Да знаете кај да не идете. Искомплексирана од физичкиот изглед. Цела недела плачеше зошто и рекле дека има бели влакна. Се прашувам ако сум од тие што и рекле дека има бели влакна или дека е слаба, а потоа отидам кај неа на доктор, ќе ми рече на пораѓај - напињај СВИЊО зошто не може да се надмине себе си?! Дај нека и каже некој дека сепак е поприлично ружна дури и ако килажата си ја мери у грамови. Ружна у душата и е далеку од доктор, а и физички е ко дете на рамностран триаголник и жирафа. За да се наречеш доктор треба да си многу повеќе, но не, оно заглавило у комплексите за физички изглед, оно заглавило у неурози.
Кога доживувам бури во моите денови од животот , единствена утеха ми е цитирам: Еден татко на смртна постела му дал на својот млад син две кутии , една црна и една бела и му рекол кога ке ти биде најтешко отвори ја црната кутија а кога ке ти биде најдобро отворија белата кутија ... Поминало време синот се запишал на факултет , пагање на испити , раскинување , крпарењето крај со крај и многу бури го снашло , па тогаш му текнало да ја отвори црната кутија ..Ја отворил и таму нашол лист што пишувало Ке помине ! .... Како и да е сепак тргнал по својот пат ,за неколку години се оформил како личност , створил семејство едноставно му тргнало во животот , бил среќен , и тогаш му текнало на белата кутија и ја отворил и таму нашол лист што пишувало И ова ке помине ..! Се прашувам дали животот на секого го турнува во бура и провалија или на некој му е полесен животот ? Или не знаеме што ги мачи другите и им ја гледаме нивната фасада?? Зошто луѓето станаа изопачени ? Зошто сит гладен не верува? Каде е верноста? Доблеста? Искреноста? Добрината? Зошто депресијата е најчеста ? Депресијата е како бунар ....Се давиш на дното и кога ке ја дигнеш главата нагоре гледаш зрно светлина, па се бориш да се искачеш со тешкотии кон светлото,се качуваш по бунарот и штом падне мрак ти не го гледаш светлото ...и повторно пагаш во дното ... Тоа е депресијата ...
Значи не можам да си верувам дека и покрај се ,колку отиде светов напред ние тука уште си патиме од малограѓанштина.Во автобус не можеш да се возиш слободно и да разговаш на било која тема а да не се појави некоја млада девојка ли жена и да те прати во уста што разговараш и да те слуша од збор до збор иако као демек гледа во телефонот .Ама пуста наша радозналост побитно е да слуша туѓи разговори отколку да си гледа живот свој. Е значи навистина има ептен прости жени (се извинувам на израз ).
Јас слушам туѓи разговори. Некогаш ми иди и да им се смешам во муабетот. Не можеш да очекуваш приватност, на јавно место.
Ок ,се е тоа до карактерот ,мене лично не ме интересира околу мене кој што си разговара ,искрено се чуствувам непријатно кога некој ме гледа во уста за да го разбере секој еден збор .Нормално е онака да слушнеш некој до тебе што збори ама да ме интересираат детали ,сепак не .
Да бе. И автобус преполн, не може игла да пуштиш, нејзе баш во тој момент и дошло да разговара на телефон за како си поминала синоќа во кафана. И ја чекаш 100 саати дамата да те регистрира дека треба да се подистане, да можеш да поминеш. Толку не може е баш тие 10 минути на телефон да зборат. Или на каса во маркет. Жената се труди да ги услужи, зад нив се трупа редица. И кажува колку треба да плати, а оваа без грам култура не го ни спушта телефонот, притиска со рамо и копа по новчаник. Културата изгледа во салонот кај што го купиле телефонот ја заборавиле.
Ти одговорија веќе, не можеш да очекуваш приватност на јавно место. Јас често кога се возам во автобус слушам музика, но кога не слушам сакала јас или не слушам туѓи муабети, не дека сум сконцентрирана на тоа или дека ме интересира ама не сум глува, и ако некогаш нешто ми запара уши знам и да погледнам, нормално, кога е нешто приватно разговарај на приватно место.
А тие што се лапаат и драпаат на јавни места и нарушуваат ред и мир на тие што само дркаат дома? Шо со нив?