Папи ич да не му се замараш,терај си како ти одговара и не дозволувај тоа да влијае на твојата самодоверба.
Никогаш од дома не сум излегла недотерана,но денеска после генералка на собата ме викнаа да одам кај другарка ми .Јас плаво,црно ,бело,виолетово,кафено со се што не излегов и воопшто не се подразмислив.Некој да ми речеше пред недела дена дека вака нема да се замарам ќе го исповреѓав.Во последниве дена не се многу замарам што носам,навлекувам мајца,фармерки и толку.. Каде ја снема креативната и заљубената Summer? Старата Summer пријатно ги изненадуваше луѓето,а сега се однесува толку досадно.. .Порано и сметаше ако еден прамен од косата и е неисчешлан,а сега и цела коса да е таква ништо не прави. Пред малку приметив и дека сум облекла две различни чорапи .Па кога си се налутив сама на себе,земав измив коса,ја испеглав,налакирав нокти,си ги намачкав рацете со крема...се дотерав.Единственото нешто што ми фали сега е да имам причина за некого да сум вака дотерана,но ќе се потрудам за себе да сум си убава,а после за другите.. Поздравче до сите и Vitomir,како ти оди "денот",си го купи препорачаното?
деновиве сум премногу променлива душа.Се ми е некако старо,монотоно.Немам желба за ништо.Во мислите ми се само некои песни,слики и некои спомени кои требаше да бидат заборавени.Но,се вратиле очигледно. Жал ми е што си го правам ова самата на себе. Што мислам на глупави работи. На спомени... Сакам да го заборавам,но се чувствувам дека ќе го изгубам уште повеќе така. Знам. Тинејџерот во мене збори. Пеперутки во колекции.Толку живи,а сепак мртви... Ви препорачувам да ја прочитате ,,Колекционер'' од Џон Фаулс. http://www.youtube.com/watch?v=-kvXfNoTjsY
Успеав да ги убедам другарките што книга немаат фатено во животот да почнат да читаат па дури и да ми зборуваат за книгите.Горда сум и на нив и на себе.
Денеска некои од девојките и жените гледаат на секој начин да се спасат од беда и да му се натрапат на било кого,само да не се враќаат на својот беден живот,да не се враќаат во своето село и провинција.Моја познаничка му се утрапи на нејзин школски другар во стан во Австрија,тој има околу 3000 евра плата,а јас се си мислам дека е привремено кај него,дури да се снајде.Е,нема да може повеќе да ја иссели од станот.Дури јас укапирам дека тука има кексање на другарска база,светот наопаку ќе се заврти. И сега ја усудувам ли? НЕ!Најдобро би било овој да заборави да стави кондом а таа да се реши од сите свои проблеми.И тогаш ќе биде чао село мое,во кое нема ни асфалтиран пат,со диплома од факс,без работа.И потполно сочувстувам со неа и ја разбирам и навивам да им пукне кондомот,и да имаме уште еден успешено решен случај во бирото за вработување.
Форумов станал засолниште на куп искомплексирани личности. Со пое*ана психа и дејдрим халуцинации. Имам сопствена фирма, одам на состаноци, прво гледам да ми се допадне после ја гледам цената, Слаткар ми понуди брак, Груевски ми е швалер. Во слободно време се капам во приватниот базен а лебот го мачкам со Еуцерин. Оди отепај се со скок од највисокиот кат на холдингот и куртули го светот You people make me sick ! Шокантното сознание е што не толку далеку од форумов, во реалноста, пржиш ајвар со шарпа врзана на главата со компири, се караш на шалтери и користиш кармин во замена на руменило кога си во тесно. Како нормалната сиромашка популација во Македонија.
Чудно е како ние луѓето знаеме да бидеме толку автодеструктивни, на моменти мазохисти се со цел за да проблемите и болката всушност стануваат единствено кое што не прави да се чувствуваме живи. Имам едно 98 проблеми, сериозно почнувам да ги бројам, и така размислувајќи ги споделив со мајка ми на што добив одговор дека пола од нив се само мои лоши сценарија кои што јас сакам да си ги нарекувам проблеми, чисто за да ми се случува нешто у животот, да разбијам монотонија. Ми вика дека уживам да си задавам болката и да ја преживувам истата, па да се воздигнам од сите тие проблеми како феникс и да се почуствувам силна затоа што ете толку проблеми успеав да пребродам. Кога ми е најтешко тогаш ментално сум најстабилна, креативна, полна со желби и надежи, така да држи теоријата на мајка ми дека сум во најмала рака мазохист и самата си го компилицрам животот. А искрено никогаш не сакав да добијам нешто на полесниот начин и секогаш одам по она најтешкото, додека не се измачам не чувствувам дека сум добила нешто. Зошто едноставно кога може комплицирано, неверојатно колку пати имам сфатено дека ова е моето животно мото.
1. Како да сум заробена во некој кафез и како да се плашам да направам чекор подалеку, за во случај тој да е погрешен. 2. Не можев поточно од ова да си го искажам мислењето:
Ме прават среќна моментите кога ќе се фатам себеси како се нервирам за тотално незначајни работи: зошто сите мафини што сум ги испекла немаат потполно иста форма, зошто работ на кошулата не ми е перфектно испеглан, зошто линијата од тушот на едното око е за микрометар подебела од другото... Во такви моменти сфаќам колку сум всушност среќна, затоа што на човек кој има тешки проблеми и грижи во животот, никогаш нема да му значи дали кората на мафините е распукана или не.
Ептен сум депресивна перидодов.А,да ме прашате зошто нема да имам одговор.Едноставно мечтаам за невозможни работи...Се чуствувам за најгрдото,најдебело суштество на универзумов.Единствено музиката ме релаксира,како да сум во друг свет...Ни самата не знам што сакам,за се сум неутрална ништо не ме интересира.Периодов некако само Arctic Monkeys и Lana Del Rey ги слушам.Па ве поздравувам со нивните песни,имајте убава вечер. http://www.youtube.com/watch?v=Bag1gUxuU0g http://www.youtube.com/watch?v=ngzC_8zqInk
Се молат јаките кучки со интегритет, личност и индивидуалност (мода од 97 година), приберете си ги дечковците зошто им досаѓаат на (според вас) мирните, фините мивки кои сите ги мотаат. Ох преслатка богородице и бебе Исус, какви глупачи трпи земјава... ми се повраќа. Ама ако бе, глуми си ти тоа што сакаш да бидеш, не е битна реалноста.
„Преферирам да седам дома.“ Е како бе Дома,што ке правиш во пустиот дом?Многу ли интересно е дома?Толку ли време не си си го видела домот? Како бе,како? Пф... ај сваќам повеќе сакаш дома да седиш,ама барем еднашка неделно да ти текнеше дека постои друго место освен училиште,кај баба и дома.Не ми се веруе,ама ич.Се радувам што не излегуваш до 4 саат сабајле со кратки фустанчиња и длабоко деколте,ама женска бе,па дај излези малку надвор,покрај тебе и јас станав куќна бубаљка,ама ајде имам јас почит кон тебе,кон твоето мислење и те сакам како другарка,само незнам до кога ке биде така,ми пукна филмот веќе.И ако не ми збориш,и јас ке ти водам инат.Не си некој и нешто за да ме контролираш што,како,кога ке кажам,направам...Верувај,со себичноста нигде нема да стигнеш.Нц,нц.
Сестрата е подарок од родителите,чиј рок на траење не изминува. Билет против самотијата и крвно ветување дека до крајот на животот една жена нема да ти биде љубоморна или ривалка,туку пријателка која искрено ќе се радува на твоите успеси и ќе ти го чува грбот. Многу ретко си покажуваме, но не можам да се замислам без тебе. ТЕ САКАМ СЕСТРО
I need some positive ppl and energy ! Луѓе дајте прекинете,оваа ваква оваа таква...а да се прашате малце дека таа истата можи утре-други ден да ти заврши битна работа во твојот живот??? Јас сакам да живеам со сите,после се што ми се случи...Ми помогнаа роднини што прв пат во живот ги гледам...сфатив дека треба за сите респект...кој каков сака нека си е...едно здраво со некој и толку,не мора блискост. Арно велат постариве,не знаеш кој ќе ти се најде во животот...да не се караш,со сите да си живееш и така е
Спојлер По трети пат пишувам,но ме убива креативноста Минато...ауч Само зборот минато ме ежи..Денес ја почнавме темата што се случи..како ,тишина преовлада насекаде.Се слушаше само гласот на една другарка која раскажуваше за минатото и за се што се случило помеѓу сите нас (другарките) и неа.Каде и да погледнев гледав кисели фаци кои не сакаа да зборуваат на таа тема.Чувствував како некој да ме боде со нож во грбот,целата се наежив бидејки се што таа зборуваше и тврдеше дека не е вистина е вистина,но на некој друг начин.За да ја дознаеа вистината само требаа да погледнат од другата страна.Но сите ја чувствуваа вината што знаат и ја немаа таа смелост. Добра ноќ
Колку љубоморни и себични луѓе имаа значи да не ти се верува ... зошто јас да сум имала таква ташана а она да немала ? Еее како јас сум си купила 3пара чизми оваа зима а она само 2,како мојот дечко ми дозволувал се а нејзиниот бил премногу љубоморен Мислам алооо бегај од мене со такви глупи муабети поарно и ми зборувај ич,толкава себичност и лицемерие на едно место не сум видела и после она другарка ми била .... боже божеее . Ти ако ме сметаш мене за другарка јас тебе не те сметам за човек а не па за другарка Додека бев на факултет една колешка со која што прилично се дружевме се натпреваруваше со сите во врска со оценките и знаењето . Еднаш имавме скоро слични одговори тестовите од испитот јас добив повисока оцена од неа ... луѓе значи факултетот го крена во вис ,со асистент со професор со сите се испокара ЗОШТО Ако бе шо не се лутам јас ,секој си има право да се буни и да си го бара своето ама ти го гледав уммот колкав ти е и се смеев ,а богами и сега кога ќе ми текне на тие моменти се смеам Од лицемерие и љубомора се тргна од мене ... прво не правеше муабет потоа ептен онака по потреба ,а јас не гледав никаква конкуренција во неа секој за себе нормално. Дојде време таа исчисти се пред мене а јас имав уште еден испит .... 3 месеци ме малтретираше професорот и на крај положив ... Веднаш побарав тема за дипломска и после подолг период ми закаажаа одбрана на трудот Помина и тоа еве веќе 2-3 месеци откако дипломирав а од колешката ни трага ни глас .... Пред малку ми звони непознат број ... се јавувам ме бара она срцкааа бее па на мака била Кој ти го спремаше дипломскиот труд- ми вели Јас самата зошто ? - Саматааа ,сама среди се во врска со трудот ,од каде материјали ? Па ете си се снајдов ми помогнаа и некои луѓе во врска со превод но ја средив според вкусот на професорот - и велам ... А зошто што сакаш ? Ааа па сакав да те прашам ако сакаш да ми помогнеш за мојот труд,ќе ти платам ,колку сакаш ќе ти платам само да ми помогнеш -ми вели Сака да ме поткупии беее со сет ум ми нуди пари Фино лепо ја добив без никакви објаснувања ... Онааа таа што се правеше дека знае се и дека е со највисок просек ,сеуште се матка со трудот и неможе да се снајде со материјал Да може сум лоша во овој момент ама и јас тогаш се смеев на твоето понашање иако длабоко во себе не се чуствував добро баш заради тоа ! Никогаш не кажувај никогаш, не се проценувај сама и никогаш не викај од оваа чешма вода не пијам -така кажале старите ... небиди лицемерен и себичен незнаеш што ќе ти претреба во животот и кого ќе молиш за помош ...