Многу брзо пораснав. После 18та година се летна така брзо. Секој ден се сеќавам на детството, на убавите моменти за кои им сум благодарна на баба и дедо. Ми недостигате! Секогаш кога доаѓа лето се присетувам на игрите од порано, на мирисот од ручекот на баба, на нејзината прегратка, на прошетките заеднички, на солзите избришани, на нејзините зборови заштитнички... Ахх... колку брзо поминува времето не сме ни свесни. Вчера ме галеше за добра ноќ, така заспивав... а сега ја нема. Цвеќето ме потсеќа на неа, целиот двор ми е расцутен благодарение на нејзините раце кои со љубов ги негуваа... треба да и направам букет и да и однесам, да види колку се убави годинава. А чизмињата што ми ги оставаше дедо пред врата за да ги облечам за во училиште... Имав детство, но никогаш не бев дете. Бев многу зрела за годините. Бев претерано зрела, разбирав многу и сама се штитев. Брзо, брзо поминува се. Еден ден ќе се сетиме, ќе се вратиме назад низ сеќавањата, а јас пак ќе помислам на детството, затоа што носи убави моменти и прекрасни мириси.
Само јас ли не му се израдував на распустот? Дали затоа што не сакам разделби, или можеби затоа што сето тоа е ПРОМЕНА Ох Боже, од септември ќе треба да се навикнувам на ново школо, нови луѓе, нови навики Поминаа само 2 дена од распустот, а јас веќе појма немам ни кој ден е, ни кој датум е Ме фати мрзата. Веќе пола час седам со мокра коса и ме мрзи да се исушам. Знам дека кога ќе ја исушам ќе ми стане огромна, ни лицето нема да ми се гледа. А таква да излегувам нема шанси, па ќе треба да се пеглам И цело време ми се мотаат едни сини очи во глава Сакам да се претворам во дух и секој ден да го гледам
Конечно можам да здивнам. Заврши и последниот испит. Индексот во фиока и уживанција. Да си немаш грижа. Драго индекс4е се гледаме во октомври. Додуша одмори се и ти душата ти излезе од шетање во зимо и лете. А друго колку е убав животот, да знаеш дека вредиш повеќе и дека си центар на внимание. Додуша и оние кои ме мразат ме зборуваат ама дека вредам повеќе од нивните животи. О да лето еее конечно
Сестра ми денес ни се прикључи на форумов.А бе ќе ја отепам.Сега треба повеќе да внимавам што ќе напишам.Оти право ќе репортира кај мама и тато..
декаа сум среќнаааа конечноо се смирив со другарката со која се имав искарано пред некој ден... една од подобрите е па и дадов шанса зашо да не....ретко давам шанса , но имам и разбирањее исто така сакам да кажам дека си поминав преубаво низ скопје денес, се видов со една другарка која живее таму а пред тоа само на фб се знаевме 4 години , и мило ми е што имам уште една другарка .... па малку ми се растерети мозокот од монотоност ....денес е срекен ден за мене па се надевам на уште една среќна вест дека другарками ена од скопје ќе ми врати гости на неколку дена додека сум дома сама , вратите за таа девојка се ширум отворени
добро бе луге мора ли да се руга се што е македонско?! http://www.youtube.com/watch?v=XfxGtgJMIq0 читам коментари и се чудам песната е супер и спотот исто така
толку знаат да ценат бе душо ... супер е песнава сега ја слушнав и летен хит ќе биди ... и заразен ритам има :up: p.s во охрид на заливот на коските е снимен спотот кај не ке е убав
Една единствена личност кога ти недостасува, што тогаш? Секој ден размислуваш на моментите поминати заедно и пушташ по некоја солза. Но, не се тоа солзи радосници, туку солзи поради болка. Неопислива е таа болка во срцето. Неопислива е таа осаменост дури. и кога имаш речиси сѐ што сакаш. Го немаш најважното за тебе. Немаш дел од срцето.
Под липите ти велам,знаеш ли дека мислам дека рајот го има мирисот на липите и мелодијата на птиците,ги завтораш очите со леснотија,веруваш. Во Скопје е, навидум лето. Вдишувам љубов. Во градите ми свири некоја тивка мелодија скоро компонирана. Срцето автор. Сечие срце е автор,знаеш моето и твоето и на девојката до тебе во автобусот. И она настариот човек кој изнемоштен минува крај тебе. Ветерот ми ги раснесува локите а јас знам,наскоро на тортата наречена живот ќе ставам уште една јаготка.
Е додека не научиме да се сакаме, почитуваме и цениме меѓусебно, е до тогаш ќе пропаѓаме! Човекот си напишал песна, си снимил спотче, си ја испеал - фино. Се убаво. И скролаш надоле во коментари и што да видиш - се хејтер до хејтер. Полека беее народе. Застани малце. Ќе ја опоравиш ли државата со тоа што ќе кликнеш Dislike на песната??? Ќе ги покачиш ли платите со тоа што ќе оставиш лош коментар? Плукајќи се живо и диво - од спотот, преку текстот па некои и до убавината на девојката стигнале! Полека бе просто македонче Освести се, погледни околу себе. Не е се така сиво, научи да го цениш и тоа што го имаш за да ја видиш розовата страна во животот. Сите сме свесни дека државава ни е далеку од течење мед и млеко ама што ќе направиш со тоа што ќе оставиш изреволтиран коментар под песната? Ако успееш со тоа да смениш нешто еве кажи. Сите ќе го направиме истото
Оглас за работа: Работно место: Работник Категорија: Услуги Фирма: Нема информации Плата: 30 000 Опис: Пријавете се на телефон 070 123 456 и работете во нашата престижна фирма Вака изгледаат повеќето работни огласи. Мислам на што личи ова? Странициве за барање работа треба да се бараат на гугл под име „вицотека“.
Упорно наместо Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија читам Последен филм што го гледав е... И кратка резиденција Едит: Наместо Депилација на нозе прочитав Депилација на носе Претерав.
Лелее бре неможам да разберам до лугето е или до таа личност??? Тие што се мешат секаде или тој што ги послушува
Нема ништо поубаво, послатко и помило од малечко бебенце. Го сакам мирисот на неговото обравче, малечките очиња кои не знаат што гледаат, малечките рачиња кои нежно се протегаат на неговото ,,големо,, перниче, ја сакам малечката устичка која се насмевнува и во сон, прстињата на нозете.... Ме фасцинира таа прекрасна и посебна нежност, ми ја стопли душата тоа малечко срценце. Убаво е чуството да си ТЕТА. Колку само јас го сакам него, душа на тете. Ме разнежни бебенцето, ме раздрма. Убаво чуство. Сакам пак...
Мене ми се допаѓа песната. Доста беше од плукање по се што е наше и жалење. Незнаеме да го цениме и тоа што го имаме. Не ни тече мед и млеко ама не сме ни до толку за жалење како некои што се жалат. Смачено ми е од таквите.
Тоа од што некој се грижи да биде се регуларно и бога ми ќе треба така да се бараат, ставиле огласи, а не ставиле која е фирмата, катастрофа.Толку се грижи и нашава држава, што нема да прочита човек, веќе ништо не може да го изненади.Добро, битно пишале престижна фирма, а која, не се знае Смешки во боја.