Исто ми се фаќа мене дали е Фиром или Северна, кога државата е иста во сржта. Не ги сфаќам другиве, што првото до вчера не им одговараше,а денес го бараат назад. Фиром нема смисла, јер со Фиром си Титова творевина. А зошто баш Северна, прашај ги политичариве, како дошле до тој компромис. Again, I couldn't care less.
Сакам да кажам дека овие научнициве треба да измислат ПОЛНАЧ за луѓе, исто како што ги полниме мобилниве кога ќе се потрошат, така да имаме и ние, кога батеријата ќе ни биде КАПУТ, да можеме да си дополниме енергија Ме истрошија луѓево, ме истроши црна хроника, оставено голо бебе во парк, силување, кражби, убиства, сообраќајки, сиромаштија, беда, лошотилук, мрчење, кудење, вреѓање....оффффффффффффф....пукна тиквата..се осеќам како стар бојлер полн со креч, фрлен на буниште...
Се што имам да кажам за абортусот! А за филантропите, од типот “роди го и дади го на посвојување, има луѓе што не можат да имаат деца ( пошто нели посвојувањето е една кратка и многу едноставна процедура)”, би им препорачала од почеток на репродуктивниот век да почнат да им раѓаат на сите по едно детенце, од хумани причини.
Проблемот со токсични родители е тоа што детето побрзо и полесно ќе престане да се сака самото себеси, отколку нив...
Едно е јасно..НИКОГАШ ама баш НИКОГАШ нема да му дозволам на никој да ме прави будала при здрав разум !!!!!
Ако некој не верува во глобално затоплување и мисли дека истото е само мит, слободно нека ми докаже така што ќе издржи два саати во кола оставена на јако сонце во летен ден, со затворени врати и прозорци, без никаква заштита од сонце на нив.
До толку сум интроверт, што не сакам да имам свадбен танц, и да не гледаат сите како играме. Скраја да е свадба со 400 души да праам. Ма кое традиционално земање од кај мајка, бегај таму. Не знам мажот ми како ќе ме натера ако ми се погоди некој шо сака свадба е тогаш, ММЕ. Велат, секогаш ти се паѓа сосем спротивниот од тебе. Па видечемо
Моментот кога цело време Македонија беше прва на список од гласовите на жирито, па наеднаш почнаа да кажуваат гласови од публика и цела табела да се поместува надолу...
A little bit about смислата за „хумор“ на најпопуларните и најлајкувани сајтови од македонци. хаштагхехе хаштагпресмешно хаштагкајвитекнабе
Само јас можам да сонувам глупи соништа и да се разбудам со солзи. Го сонував татко ми, се карав со него и му реков дека не го сакам, видов солзи во неговите очи. Цел ден се чувствувам глупаво поради тие соништа, веќе се плашам да заспијам, не знам што е следно.