Си станала на оваа,си станала на онаа нога... Станувам на која нога сакам! Јасно? Е*** се по список,будали едни!
Посебен круг во пеколот за овие што во мени пишуваат "палачинка со нутела", а служат палачинка со луна од витаминка. Пишете палачинка со крем мајко му стара, ако порачам со нутела, очекувам со нутела.
Ќе пишеш едно мислење во „Секс“ по 100 години, пет мажи ќе те заследат, тројца ќе ти пишат „само да ти посакаат добра вечер“ Свашта бе, инсталирајте си Тиндер дечки
Значи, можеш да не гледаш Евровизија ако не ти прават ќеиф наместени работи и кичерај но да се подмочуваш од радост оти твојата земја не победила треба да си умствено осакатено и злобно семе.
Онака во скролање го читам насловот на темата ,,На крцкање кај Туран" а мене ми се прочита сосема нешто друго ,,На клецк..е кај Туран" и се згазив од смеење за ништо,ама ете се дешава јбг...
Дома, на раб, во друштво... Секаде имам еден специфичен човек што за се се лути и погрешно сфаќа. Тешко е со таквите, ме исцрпуваат. Не можам да бидам своја, да кажам што сакам, морам да се прилагодувам и некој би рекол игнорирај ги таквите, ама некаде љубов, некаде обврска, некаде култура не ми дава да ги баталам. Не се лоши луѓе, ама се напорни. За баналности се лутат на сите, во секоја постапка гледаат некоја негативна скриена порака упатена кон нив, што и да кажеш не чини, дури и љубезноста ќе ти ја испревртат негативно некако и пак ќе се изнервираат и ќе се налутат. Луѓето не можеш да ги менуваш ете такви се, не можеш ни нон стоп да бегаш од нив, на крај краева никогаш и нема да најдеш совршен човек, јас ништо и не би менувала кај луѓето, ги прифаќам такви како што се, стварно се трудам јас да бидам таа што ќе се прилагоди на нив, ете со ваквите и пазам, три пати размислувам пред да кажам, толерирам и ќутам мада исто ми се фаќа секако ќе ми се налутат, ама зошто би бил таков човек, да живееш во константна лутина... Сигурно е грдо.
I hear you calling me at night Викендов беше 10ка , демек дојдов да прославам 15 години матура, ама кој ги ебе, си бев со мувачот мој цел викенд, душа моја Фала што ми посветуваш внимание, само тоа ми треба од тебе, не ти барам ништо друго мило мое Дупло славење, браво Норвешка, шампиони мои Tusen takk Нека продолжи периодов, убаво ми е
http://skopjeinfo.mk/prva-parada-na-gordosta-vo-skopje Све решивме сега и ова ни фалеше,плати 500евра,живот дојде.
Знаеш дека си стар кога си гледаш книги во книжара и одеднаш ти доаѓа продавачот и ти вика: -Тие не се како за Вас туку повеќе се за тинејџери...Сега ќе Ви предложам нешто што би Ви се свидело. Најмногу што мразам е кога продавач ми се меша без да побарам негова помош. Од кај ме познаваш па толку да си земеш слобода со мешање во моите избори на книги? 1. Може сум тинејџер со повозрасен изглед. 2. Може купувам поклон за тинејџер. 3. Може сум тинејџер во душа. 4. Од кај знаеш што би ми се свидело? 5. Ако стојам до тие книги, не значи дека ќе ги земам.
Оној awkward момент кога сфаќаш дека на каса држиш кеса замрзната боранија наместо грашок, додека позади тебе стои долгометражна редица од Скопје до Паланка. Храбро како нинџа трчаш до најблискиот фриџ на високи чизми, у факен јуни, јер ништо боље не си нашла да облечеш за брз трк до продавница.. маестрално два пати се лизнуваш на штотуку бришените плочки, се вртиш позади ноншалантно да се осигураш дека не те видел никој и маафакерски со осмех од шестка до шестка го ,,шмекнуваш" касиерот за да не те врати кога ќе се избациш пред пензионерите преку ред. Клише.
Чекаш, чекаш чекаш... чекањето го претвораш во чекање, за на крај да бидеш сигурен дека цел живот само си чекал, а ништо не си дочекал!