Ако се толку строги од испитен центар за да положиш градска, зошто истите правила не важат и откако ќе положиш? Мислам, ако те паднат ради тоа што не си пропуштил пешак, логиката е да ти земат возачка ако те фатат како не пропушташ пешак нели? Или битно дур полагаш да извозиш како што треба, а после фак да рулс.
Не сфаќам зошто... Му честиташ на некој нешто убаво шо му се десило и добиваш , а на некој друг дотичната особа му става . Инаку ми беше колешка на факс, и во друштво бевме и само мене ми стајла лајк. Ах, фејсбуку, шо ми напрај До кој степен почнав да се занимавам и замарам , ма има и фб да избришам. Никој ни ми треба, нит сакам да знам шо прај. Едниствено, за игри, сподели - добиј ќе го користам. Стори од други особи не гледам.
Да беа пи*копаченициве реални, горе у десноно срценце пи*ка ќе имаше. А у левоно може и срце да се стаи...
"Ние све решивме, па до паради на педери ни дошло" Протест за загаден воздух -штурчиња Протест на стечајци -штурчиња Протест за струјата -штурчиња Протест на земјоделците -штурчиња ... "Да е за нешто нормално, и јас би излегол да го поддржам" Да ми го подржите овој што го немам
Да ти кажам, според твоиве мислења, подобро да избришеш и да не си ја мачиш душичката со тоа кој и што прави на социјалните мрежи. А не, леле сликале соба за бебе, ставиле слика од бебето, се чекирале во болница, славеле mother’s day, ти ставиле лајк, а не срце... Сврти го фокусот и повеќе анализирај се себеси, а не туѓите постапки.
Ти благодарам што си ја помачи душичката и ми го прочита постот. А, според твоите мислења, не знам што да ти кажам бидејќи не ни се замарам што пишуваш. Ако ти не се замараше со туѓите животи, мислења и права, немаше да ми вратиш на постов. Мислам дека веќе пишав што ќе. направам, позз
Нема разбирање со луѓе кои се полни со комплекси - зборувам за моите. Дебела си !!! Ајде побрзо одлучи се да се мажиш до кога ќе те чекаме ? Ти минуват годините кога ќе раѓаш ? Облечи нешто кратко посекси да изгледаш женствено !!! Ако си патите од лични комплеки и вас во минатото ви ја полнеле главата , НЕ МОРА МЕНЕ СЕГА ДА МИ ЈА ПУКАТЕ ГЛАВАТА Повторувајте се по 100 пати , од вас само главата ме боли, немам мир. Ве мразам. Не можам да ве трпам , имам одбивност кон вас и вашите комплекси. До сега немам чуено друг да се жали толку од нивните родители како што се жалам јас. Искомплексирани едни , брееееј не може човек на раат да живее, ахх бре аманннн, плачам од нервоза
Да ја цитирам ќерка ми, која има 13 години: “Не ми е јасно, зошто на некои толку им е чудно, да сакаш човек од ист пол? Гениталии се во прашање. Што е битно какви гентиалии има, личност е. Сакаш личност, а не гениталии“
Немој. Држи до себе и не им покажувај дека нивните зборови допираат до тебе. Тоа им е тригер плус за земање уште повеќе за право да те малтретираат психички и да те моделираат. Ако видат дека нивните зборови немаат ефект врз тебе, едноставно ќе престанат.
Па не е баш така. Да не се битни гениталиите сите би биле бисексуалци. Има преференци за гениталии, и тоа е тоа
Барем ти знаеш дека за секс не е потребна љубов А љубов... Ако сакаш човек од твојот пол, а те возбудува сексуално човек од спротивниот, што не е во ред? Лесно ми е да одделам секс од љубов, обратното никако не ми иде... Љубов без секс... Не е тоа партнерска љубов... Така и другари се сакаат.
Па никако не е чудно. Ама е многу погрешно да кажеш дека гениталиите не се битни за секс. На некому не му се. На некому му е битно да се како неговите, на некому да се спротивни од неговите. Така негираш дека постојат и хомосексуалци и хетеросексуалци.
Епа јас ако не се изглупирам пред некој што ми се допаѓа, нема кој. Одам во маркет, на смена дечкото што ми се допаѓа. Ги земам од рафтот намирниците што ми се потребни, случајно го фаќам како ме гледа и се сопнав...се отепав и се расплеснав пред него. И овој да ми помогне, со главата несакајќи удрив во неговата, сиротиот... Моја нога никогаш повеќе не стапнува таму.
Кој тоа одеше против природата? Гледам во темана нешто гејови, ово оно. Да ве потсетам на една малце глупавка работа од пред неколку години со сликава погоре. Уште се случуваат вакви работи, за жал. И многу, многу полоши. Кажете на кои портокали природно им расте пластика место кора, да идам да си наберам. Сѐ повеќе се изненадувам до каде може да оди едно суштество на две нозе. Ќе го фрли пикавецот на земја, уште неизгаснат, пластичното шише во Вардар, ќе стави што све најде за огрев во печката и ќе речe: Се знае како нѐ создала природата. Мислам стварно не знам уште колку пати ќе читам постови од тој тип.
Обични разговори со баба ми.... Баба: Се скаравме со една жена и ја блокирав на телефон да не може да ме бара Јас: Како ја блокира? Б: И го избришав бројот од именик и сега нека ме бара до утре ако сака Ј: Тоа не е блокирање, пак може да те бара. Б: Не, не...Ми кажаа така се блокирало. Ете со денови не може да ме добие, не ми стигнуваат повици. Ј: Не ти стигнуваат повици дека очигледно не те бара, а не дека е блокирана Б: Аааа не, таа не може да живее без мене. Слушај ме дека ме бара. Сигурно ми ѕвони ама ми е гајле А пред некое време ме убедуваше дека требало двете страни од телефонот да исклучат во исто време за да се прекине врската, инаку само еден ако исклучел се трошел кредит на другиот Затоа и биле високи сметките...Не исклучувале во исто време со пријателки кога зборувала Извини што ти се смеам бабо, знаеш дека си те сакам