@JollyGirl Да се надоврзам на муабетов со исклучувањето. Баба ми штом ми рече таа чао со брзина на светлината исклучува, јас едвај стигнувам и Ч да речам. Изгледа го знае муабетов од баба ти па ме остава мене да трошам. Баба рулз
ЈАВЕН ОГЛАС: Се бараат заинтересирани да се јават тука, за позиција онлај пријател при соба број 1 - „Чат“. Позицијата за која аплицирате е доста уникатна и сите заинтересирани молиме да се пријават веднаш. Никој нема да биде одбиен, вратен или слично, зошто тоа е позиција на која само доаѓаат нови луѓе.
Сигурно истите муабети се вртат помеѓу сите пензионери па се проширил стравот за високи сметки Наседнете ги внуците, а вие спасувајте жива глава. Инаку заборавив да додадам дека баба ми мисли дека фејсбукот е всушност цел интернет. Слуша дека сите го спомнуваат, па не и е јасно што е всушност фб. Често знае да рече: Влезете деца на фејсбук и прашајте какво ќе биде утре времето...или: Пишете таму дали има некој корен од некое цвеќе да ми даде...или: Пишете дали некој ја познава Менка од Австралија? Порано работеше во некој маркет во Перт. Еднаш зборуваа со мајка ми на телефон, и баба кажува дека била на гости, па прашуваше дали сме ја виделе на фб? Мајка ми цела во прашалници и вика како да те видиме на фб кога немаш ни нет, ни фб? И баба вика: -Па нели се се гледа таму? Кој кај отишол? Што јадел? И мене нели ме гледате што правам? (ова на почеток кога беа актуелни означувањата ) И така...Ние ко ќе бидеме стари кој знае за што ќе ни се смеат младите
Значи ќе имаме парада на гордоста. Што убаво, па ние за сеир први сме. Посебно оние тепачите, гарант во први редови од некој кафиќ ќе скенираат. Ништо да не се пропушти. Како и да е, цело време си наоѓаме начин за трошење на државни пари. Де папа, де евровизија, де парада, важно да е колоритно ...И кога папата и парадата ќе ги ставиш во иста реченица, се прашуваш што ни остана следно
Сакам да кажам дека вчера ми се случи катарза, по промоцијата леев солзи по улици. И дома го напишав ова: Одамна не бев соѕерцнала во себе Одложував, како што се одложува преглед на забар Успешно покривајќи си ги сите нелагодности И телесни и на ум Влегував во туѓи гајлиња, на непознати места, пајажинести пејсажи Никако не сакав средба со себе. Како па да не! Која е таа за да се види со моето Јас? (Вреска егото) Како па да не! Нема никаква средба, откажи ги сите внатрешни состаноци и излези надвор!(менаџира потсвеста). Одамна не бев погледнала во себе. И затоа вечерва меѓу две улици и триста пеесет матуранти Нешто ме жегна. Моите дебели бутови, нерафинирана спласнатост, стравот од неуспех, болката дека не сум иста, жалостивоста по изворот на спокој, умирачката на Детето во мене. Мораше нешто да снема, за нешто да се појави. Ѕиркам во себе Како што таа ѕирка со крајчето на окото И ме повикува на игра. Веќе е 23 часот. Треба да спиеш, малечка моја. Треба да спиеш. А јас, треба да се разбудам.
Сакам да кажам, дека не ми ги прикажува некој слики на форумов .... иако повеќе пати рефреш правам ( Ф5)
СДК никогаш не зјапам во тоа што прави некој кој седи во автобус до мене, најмалку на телефон што се допишува - али само кога некој чита книга, 2-3 пати сум се фатила како дискретно ѕирнувам на корицата ако ја затвори. Заколнат bookworm, шта чеш. СДК 2: Ја гледам од вчера темана за возраст до која се дои дете, и во огромно искушение сум да им го спомнам Robin Arryn (тие што гледаа ГоТ знаат). Ама ќе си го задржам трол муд-от за некаде на друго место...
Сакам да кажам дека многу ме интересира кога ќе имам дете, дали место "година и два месеци има малиот" јас ќе велам "14 месеци сме". Оти ако е второто, се надевам некој ми спрема атентат, пошто уште немам најдено suicide loophole за сама да се удостојам. Или кога провервам рокови и пиши: "36 месеци од дата на производство", оти "3 години" не е доволно фенси за да се напиши.
Се изнасмеав на постов пошто баш пред неко време една познаничка викаше за ќерка и: Ана веќе е големка, уште малку 24 месеци ќе правиме Или кога ќе речат: -Тато не зеде од градинка, а учителката се жалеше дека не сме мирни. Хах бесни сме периодов. WTF? Не, стварно...WTF? Се слушаат ли луѓево колку ridiculous звучат? И сама во себе посмислив вака ако почнам да зборувам ќе си удрам шамар. Дури ги предупредив блиските околу мене за ако почнам да зборувам во множина да ме предупредат прво со збор, а после да применат физичка сила Слободно имаат дозвола.
Некои индивидуи се мислат себеси за најголеми интелектуалци на 20 години, а најголемо достигнување во животот досега им се 34578857 мислења на ФОРУМ. Тргнете се од екран и проживејте малце пред да делите памет на луѓе кои поминале низ работи во животот кои не можете ни да ги замислите,ни да ги прочитате на некаков блог,ни да ги видите на нетфликс.
Читaш пoст нa Shelea и зa мoмент си вo друг свет, aмa тукa е referentka веднaш пoд неa и се врaќaш вo реaлнoстa
На форумов можеш да научиш,но и да отупиш. Секој секого сака да го исмева,но тоа кажува за нив самите на кое ниво се.
А некои па се мислат за најголеми мудреци само зашто наполниле 30-40 години и оформиле семејство, па и со помалку возраст, само што им се вклопуваат во шемата на горенаведените. Културата и знаењето им вришти, трошка почит немаат кон оние што не се согласуваат со нивните традиционални норми. И тие пишуваат исто толку мислења на форум, а што поминале не знаеме ниту претпоставуваме, како што ни они за нас 20-годишните не знаат, ама се дрзнуваат да зборат свашта. Тоа е.
Ако под тоа некои мислиш на мене, а претпоставувам за мене е наменето бидејќи мене ме цитираш,морам да ти кажам дека немам оформено семејство,немам воопшто традиционални сфаќања и вредности и не мислам дека знаењето ми "вришти" баш напротив мудро си ќутам на теми за кои мислам дека не сум доволно созреана да дискутирам,мудрец никако не мислам дека сум. И моето мислење не е ДРЗНУВАЊЕ, ако се решам некогаш да се дрзнам на некој небитен на форум што не го познавам, ќе ти кажам за да прочиташ какво е моето дрзнување П.С. Ниту знам колку години имаш ниту памтам некое твое мислење, ама изгледа си се пронајде Убав ден девојче
Јас сум Демон со само 276 месеци (према гугл, математика не ми оди, и имам немајка која ми броеше во нефенси години ију).
Јас сум Амели и имам 266 месеци, и според мислењето од погоре се сметам за интелектуалец а немам ништо видено од животот. ме пресмеавте бе, а цел ден бев down.