Лол. @LunaGrey ни ти мене не си ми ни оставила некаков впечаток, ти го читам само конкретното мислење. Такви плукања по младината (не по мене ако се „пронајдам“) ми се кринџ од секого, па пишав само какви постари постојат наспроти младите (а не те опишав тебе). Чил. Ете заради ова немам најмала намера некогаш буква да пишам во 40ка, како што и реков пред некое време. Ради ваква енергија што секаде се чувстува од „искусните“ возрасни.
Дaли oчите ме излaжaa пред некoе време, некoј шернaл текст oд дoтичниoв aмa сегa нaместo -кукле упoтребувa -бебенце??? Или нештo сличнo беше. Мoжнo ли е или ми се сoни?
Ноуп. Не ти се сони, се врти на фб деновиве. Чак што више веројатно било бебенце прво, онда се пронашол во кукле поише.
А најголемо достигнување на некои пак им е да му трубат на секој втор колку било подобро у нивно време, а денес на децава све на послужавник им се служи бе. Па и депресија, што е тоа бе, само да се било мрза. Море нив кога ќе ги подбереле на нива од рано рано, ќе виделе они депресија. Со автобус одат децава на школо? А они со еден трупец по Нил пловеле, низ прашуми, по пат се бореле со крокодили и нилски коњи. Еее, да видиш ти што значи снага, не само на готово денес све. Неваспитани децава денес? Они кога ќе им подвикнеле, па со стапот ќе им покажеле, ма не смееле да писнат бе. Инаку, ќотек следувало. Денес децава јадат пица, чија, што ти знам таму некои салати ово оно? Еех, они да видите само со сув леб и сол и пак биле здрави. Денес све болни децава бе. Еее така ви е ко не орате ниви. ... И уште кога ќе чуеш со гордост како кажуваат ова. На исто ниво се со оние кои ги величат војните зашто преку нив се искажува храброст и борбеност. Ако стварно сметате дека е подобро така, што користите интернет, јавен превоз, јадете разновидна храна? Или ви се заарнило некако? Е ќутете си ако да.
Знаеш дека секоја наредна фамилијарна собиранка ќе ти биде кошмар од моментот кога официјално сите постари (па и по некој помлад) братучеди веќе се верени или во брак. Е тогаш сите очи се вперени во тебе и сите ти прават огромен, непотребен, смешен притисок. Не дека им е битно дали ти ќе бидеш во брак или ќе имаш деца, ама ете колку да се најдат во муабет. Ајде што чекаш?...Ајде ти си следна...Ајде до кога ќе чекаш?...Ајде сакаме свадба...Ајде не чекај....Ајде...Ајде...Ајд...Ај....АЈДЕ!!!! И така наместо да губиш нерви, да се караш или објаснуваш, едноставно ги игнорираш, ги одбегнуваш и со насмевка си тераш во животот како ти одговара без да изустиш ниеден збор пред нив. Колку и да сакаш да се радуваш на убави моменти од типот на свадби и веридби не можеш, поради тие глупи муабети и луѓе.
Се додека ги учите вашите женски деца дека мора да се слаби за да имаат некој квалитетен човек до себе, ќе воспитувате кукли кои бараат само згоден куклар. А квалитетните мажи ќе бегаат од нив. Толку.
Сдк тоа е тоа! Не знам која си по ред што им посочува, ама некако џабе, исто како што се џабе 100000 прочитани книги, т.е за поединци тоа важи. Можат само да си го збогатуваат вокабуларот и да верглаат тука, ама IQ...
Сакам да кажам џабе годините ако немаш основна култура да ја пренесиш на следните генерации зошто подеднакво смрдиме сега.
Нема ништо поубаво од темно чоколадо со портокал што ти се топи в уста и ти се лепи на јазик. Спојлер Има во стокомак за 36 денари на акција. You can thank me later.
Од каде луѓето наоѓаат толку омраза? Им ја дава ли некој, си ја растат во саксии во двор, имаат secret stash дома за да не останат без резерви? Затоа што имаат за сите, во секое време - за хомосексуалците, за тие што сакаат да абортираат, за луѓе од различна раса, националност, религија, за секој што е малку поинаков од нив, додека тие гордо ја носат титулата „нормални“. Понекогаш се прашувам, од каде имам јас толку љубов? Како успевам секогаш, без исклучок, да тргнам од место на љубов и обид да се ставам во таа ситуација, да разберам како се чувствува тој човек? Па многу полесно би ми било да го одбијам новото, различното, а да се „оправдам“ со традиција, семејни вредности, Библијата, така отсекогаш било, така е природно и слично. Ама не можам, срцево не ми дава, сака да е отворено за сите. Секако, улога играат и здравиот разум, местата каде што сум живеела и разните луѓе кои сум ги запознала. Па се прашувам, дали на овие луѓе, дежурни мразачи, животот толку им овозможил? Не знам како пораснале, не знам како живеат, не знам со што се соочуваат секој ден. Но знам дека ако барем малку ги отворат срцата и ја гушнат промената ќе станат многу посреќни и послободни.
Место да си го прибереш детето да си игра кај што треба да си игра а не да се пика под нечии прозори,ти уште силна и се расправаш. Постои ли некаков закон за нарушување на ред и мир?