Не ја мисли ич, неможе она никогаш разочарана да биде! Едино ако сака нас да не разочара што ќе не напушти
Ај сите си одиме, масовно напуштање на Фемина @lovestoneddd @KateKane Да не сте мрднале, ќе успееме у битката
@lovestoneddd @KateKane Наминете некогаш барем во ФМЌ, другиве теми ги оставаме на оние кои веќе сѐ знаат за животот. Жал ми е што сте решиле вака, но ќе излажам ако речам дека и мене не ми прелетувала таа идеја низ ум па во последно време со толку непријателска атмосфера и сѐ почесто. До оние кои се гордеат со „нормалноста“ во која живеат, се надевам дека сте свесни дека не постои ништо понеприродно од неприфаќање на различноста. Но продолжете вака и ќе изгубите уште многу квалитетни членови, затоа што никој не е должен да опстојува во средина која го омаловажува. Тука ќе ја споменам Проминент како една од најквалитетните членки, воедно полна со љубов и разбирање. Си замина девојчето. И иако не кажа причина, верувам дека околу 80% од причината беше хејтот кон ЛГБТ од мнозинството. Продолжете така, розовата боја убаво делува на око но не може да ја прикрие трулоста која несомнено владее тука. Ајт.
Јас сега тек сВатив оти розевата боја била синонимно поставена: Ем боја за женско, ем оти тука живееле луѓе од розевото општество, оние што вика Бриџет со бела крагна и испеглана чипчичка или како и да беше - да се забрани, пропагира ненормалност
@lovestoneddd @KateKane Јас не се согласувам со вашата одлука, воопшто. Требате на форумот зошто имате да понудите нови хоризонти. Секогаш добро аргументирани реплики со либерална, младешка вредност. Зрели лавовски ставови кои вредат и се за секоја почит. Не се давајте луѓе! Ние сме кормилото на промените, секаде. Дури и на проклетиот форум. Ако вие се изморите, утре уште неколку членови со кои делиме сличен светоглед ќе отстапат, и кој ќе остане? Знам дека е фрустрирачко повторувањето на исти работи, знам.. Ама сепак, перманентното заминување не е никако опција. Статистички се зголемува стапката на нови либерални членови секој месец. Дури еве гледам и некои членови кои неодамна многу се противеа на сето она што спаѓа под ,,либералната политичка сфера" полека почнуваат да ја согледуваат поголемата слика. Не е најдобар момент за кревање бело знаменце и отстапување, требате! Oстанатите не им викајте goodbye, ќе ве е**м. Зошто не ги давам!
Не е работата да наметнувате став, туку да се научите на толеранција и почит и кон оние со различни ставови. Се делите според некои ваши критериуми на позитивци и негативци. Вас ви се повраќа од нас, нас ни се повраќа од вас. Вие гледате во нас изместени вредности, ние во вас го гледаме тоа. И што треба сега? Војна на форумов? Некогаш стварно беше фино место за дружба, го направивте бојно поле оти сакате да наметнете став и да правите промени. Жити сѐ. Ќе толерира човек за да го растргнат на крај. Тие за вредности ќе зборувале.
Не можам да не се согласам со она што го пишаа некои членки погоре - форумов станува се понеподнослив од "нормалните", оние кои мразат се освен своето кое се убедени дека е најправилното, од хомофобијата, омразата и нетрпеливоста, од силната желба да се навреди некој што размислува поинаку. Јас како понов член, но кој долго пред тоа ја читал фемина имам претстава за каков беше форумот, за квалитетните членови што веќе не се тука и што еве уште сакаат да напуштаат. И е голема штета и загуба млади, интелигентни, опен мајндед личности да си одат. Ќе излажам ако кажам дека at some point и мене не ми скиснало од форумов, бидејќи се случило и многу да ме допрат неосновани навреди упатени кон мене (иако сум сигурна дека оние што навредуваат со умисла don't really care). Никогаш со намера не сум навредила никој тука, ни оние кои понекогаш косата ми ја кренале со некои мислења. Ама тоа е. Најголема причина да сум сеуште тука (иако не се сметам за некој квалитетен член) ми се прекрасните слободоумни, интелигентни, пријателски настроени, разбирливи луѓенца кои ми даваат надеж на некој начин. И најмногу од нив се во фмќ, тема која останала најпозитивна на цел форум и од која треба да се земе пример. Make Femina great again.
-Полани на политички протест имаше масовен упад во Собрание и дојде до физичка пресметка, за малце можеше да има и загинати. Никој не рече дека е паметно да не се одржуваат веќе протести за да не се повтори. Правилото е да бидат мирни протестите -Знам за случај на Нова Година каде девојка била повредена на прослава на плоштад од заскитан куршум Никој не рекол да не се слави Нова Година надвор. Правилото е да не се користи оружје и пиротехника и да не се пука ни во воздух. -После маратони имало слика на куп фрлени шишиња и друго ѓубре по улиците. Никој не забрани да се одржуваат маратони. Правилото е да се фрла ѓубрето во канта. - Знам за друг случај каде на натпревар се степале навивачи. Никој не рече да не се одржуваат веќе спортски натпревари. Правилото е едноставно да нема насилство. Сега нормалнине виделе слики од голи газоини на некоја парада и одма Овие ли ќе ги гледаме на улица бе? Треба да се забрани парадава. А правилото е само да биде парадата пристојна и без насилство.
Не знаат како да дискутираат. Затоа или се караат или вреѓаат или напуштаат. Можеби последново и најпаметен чекор е. Али не мислиш како таа што мисли ситна душа си а она паметна све знае најдобра у све и сите околу неа вредат само ние имаме ќелави мажи со ланци и стомаци и несреќни сме. Продуктивност од муабет у минус. Навреди со лопата да ринеш. И кој е ситен на крај!? Без врска.
Подржувате раличности, а не подржувате различен став околу нештата. Светот не се врти околу вас, не знам се очекува некој да ви се воодушевува и клања за тоа колку сте опен мајнд? Ова ми е како мало дете кога ќе изгуби на криенка, па ај јас не играм ќе се лутиме или ќе плачеме оти Ана не ми ја дала топката само јас да играм другите да ме гледаат и ракоплескаат.
И бетер. Собирање на кафе па зборење овој ваков бил онаков бил ко небаре приватно те знаат. Колку ситно па е тоа... Драма. Драма квинс. Немање живот. Пукнав јас ако некој од овде ме збори. Криво ќе мочам.
Луѓе, зошто едноставно не ја користите опцијата за игнорирање? Ама најсериозно ова? Знаете ли колку ќе ве поштеди од непотребни закачки со луѓе што се тотални странци за вас? Страници и страници испишани со навреди, со плукање, со се' живо и диво, не е ли малку претерано? Мислам дека веќе не постои буквално ниту една тема во која некој не почнал да се препира со некој друг. Триста дискусии со различна тематика, очигледно прилично чувствителни кога станува збор за дебатирање бидејќи има ставови што се сосема различни. И во живо ли вака на толку ниско, бедно ниво се спуштате? Со вакви зборови и начин на аргументирање се обраќате кон некој што мисли поинаку? Не зборуваме за деца од 12 години, не знаат уште кои се, што се, па поголема чувствителност, агресија и слично. Зборуваме за возрасни индивидуи. Понекогаш ми се чини дека да можете и в гуша ќе се фатите. Отвораш да прочиташ, оп- кавга. Една, две, десет страници со препирки. Забораваш што всушност е главната тема на дискусија бидејќи почнуваат да се вмешуваат и цитирања на стари постови од други теми, работи што воопшто не треба да се најдат тука. Мислам дека многумина би се сложиле дека треба да се воведе опција за целосно блокирање. Едноставно кога некои членови не се поднесуваат баш, нека имаат ваква можност. Ни читање туѓи постови ни цитирање за да се подбуцнува некој ни кавги. Ова со игнорирањево нема толкав ефект, а 100% сум сигурна дека малкумина и воопшто ја употребуваат. Во последно време сведоци сме колку всушност потребата да се докаже и покаже некој е посилна од рамнодушното тргање настрана.
Понекогаш размислувам што прават успешните луѓе? Дали размислуваат да им вратат на сите за критиките? Мислам дека би паднале во маѓепсан круг ако се обидуваат тоа да го направат. Едноставно немаат време. Ама дека ние имаме време за форумов па затоа имаме време и за карање нели. Сепак не ми се случило лично мене да се карам со некој член ама можам да претпоставам зашто го прават тоа. Некој ќе биде изнервиран од нешто/некој и нервозата си ја вади тука. А може и на друг начин да ја извади. На крај сите ќе пукнат поради тоа што си собираат во себе и ќе западнат во депресија.Па ќе се прашуваат од каде ова?
Една од трилионитите причини зошто човек треба да плаче што штркот тука го испуштил: Читам на Фејсбук статија за тоа дека 15 студенти пријавиле дека професори им барале сексуални услуги и на двата Тетовски универзитети. Коментарите под текстот беа во стилот: А какви услуги, да не биле геј понуди или лезбејски, па друг коментирал не било кривично дело бидејќи не барале пари, туку п**** која со волја да давала, ако сакаш просперитет. Ќути пари не барале, добро е.... Подеднакво од мажи и жени. Сдк, точно вилушка во очите ќе си забодам Во погрешно време, за погрешни луѓе постоел Хитлер.
Бегате од форумов само ради тоа што има луѓе со спротивни ставови од вашите? Мислам, сериозно? Ајде форум е ова, со еден клик можиме да избегаме од оние чии ставови се косат со нашите. А шУ праиме во реалниот свет, како се бега од таму кажвајте?
СДК 1 Некои луѓе се презентираат ко ептен храбри пред светот,а кога ги читаш повеќе,сфаќаш дека се кукавици. СДК 2 Чув,ќе бегале од форумов јер има кланови...Ко они да не се дел од тие кланови.