Душо те сакам знај, најмногу...душата ме боли кога не ми веруваш за тоа и штета што знам дека ова овде нема никогаш да го прочиташ, фалиш ми и ти и твоите бакнежи и твојот необичен секојдневен мирис со кој би те препознала и мегу милијарда луѓе па макар без очи одела цел живот..
Абе луѓе, шо толку сте се фатиле за нејзе? Она ќе си пишува, ние ќе си траеме, (демек сум поарна) ќе почне глупости невидени да траска, ние па ќе си траеме.. Еххее од траење пајажина ќе се фати Моја фемино пак јас да се жалам и да го замарам народов (ако уоште некој ме чита ) со мојте невидени маки.. Абе стомак ме фати, умирем по цел ден.. Нешто чајот на баба Рада не функционира. Море цел ден ми се врти во главата, да не ми дала погрешен чај, нешто, шо е работава? Денес кажувале успех, јас целата за никаде, ако им идев у школо, оваа мојава класна вечер кошмари ќе имаше.. (се спаси! ) Важно јас најдов како да го намалам текстот, е сеа шо ремек дела има аа ви правам, пу пу :3
Имав период во животот кога многу плачев се нервирав и бев цело време нерасположена и намуртена. Сите мислеа дека сум многу лоша личност и дека немам никакви чуства,се ми беше сеедно ...секако ни самата не се поднесував не ни сакав тоа така да изгледам пред другите но ете ситуацијата правеше да сум таква... Своите емоции ги споделував со сите плачев и не ми беше срам дали некој ќе ме види,тажни песни глупи реченици кои носеа само депресивна порака и негативна абе жива катастрофа. Паметам дека на фејсбук објавував многу такви ствари еднаш една пријателка ми кажа : Вики што ти е? Што сакаш да постигнеш со овие негативни работи,кому му е галје дали ти во моментот плачеш и дали мразиш некого ? Останав замислена,бев изненадена,зачудена почнав да размислувам а таа продолжи да ми пишува : Зошто другите да гледат како моментално се чуствуваш и да се хранат со тоа што тебе не ти е океј ,зошто да прават сеир ,зошто да те оговараат и да ти се смеат сите оние кои ти се пријатели и го забележуваат твоето однесување Колку само беше во право ... почнав да размислувам дека навистина е така.Дека самата себе си правам лошо и дека со тоа што сама се погазувам изгледам уште послаба пред очите на другите До ден денеска сум и благодарна на таа личност што тоа ми го кажа директно и што ме освести и направи да почнам навистина да размислувам за секој мој чекор во иднина ... среќна сум што и ден денеска имам такви пријатели кои директно ми кажуваат тоа што го мислат без разлика како јас ќе реагирам. Таквите луѓе ги ценам повеќе ,подобро нека ми каже во очи отколку да ме оговара позади грб. Затоа размислете пред да ги покажете вашите чуства пред другите... Мораме самите да се ставиме понекогаш на место на луѓето кои не анализираат да видеме и почуствуваме како навистина изгледаме во очите на другите. Имајте добра ноќ
Богами точно е, колку пати само размислувам колку комплицирани сме ние жените, а колку едноставни се мажите.
Прв пат во животот да приметам дека е Петок 13 без некој да ми каже.. Секогаш од други разбирам кога Петок се паднал ваш на 13 ама сега сама приметив ... Иначе да се пофалам оваа недела нешто по дома средувам, иновативна сум , се нешшто ново се правам ова она хахах ајде за арно нека е
1. Легендата вели дека тие шо викаат: "Абе не се замарај, кој просек, гледај таму да положиш" имаат највисок просек. 2. На ФБ читам: "За кој си на Светско? - За Реал." Од 19 годишна.
Активноста на форумов се зголемува во овие летни ноќни часови, ако, убаво. Надвор има полна месечина, излезете и уживајте. Замислете си желба, можеби ќе ви се исполни. Чувствувам ова ќе биде убаво лето, лето за помнење. Сакам незаборавни моменти, нови пријателства и нови искуства. Да уживаме во секој ден од летото. Сепак кратко ни трае, се' што е убаво кратко трае.
Добро е што ме потсети да си замислам желба. Упорно верувам во такви работи, веројатно дека најчесто ми се исполнувале желбите. Патем, гледање на ѕвездите и месечината ми е најомилено нешто. Можам цела ноќ да поминам во тоа и ич да не ми биде криво.
Тишина на почетокот е наш најдобар пријател, но колку повеке се спријатуваме со неа несвесно но сепак со сигурност станува наш најголем непријател
Ако ми се исполни сонов што ќе се случи? А ако само половината стане реалност? Не сакам да го изгубам она што ми е навистина важно. Не сакам. Но, од друга страна се плашам од... од речиси сѐ во последно време. А најмногу во губењето. Не можам да поднесам да губам во оние извртени игри на животот. А речиси секогаш губам. Сакам да ја откријам мојата победа, една, единствена, најубава. Кога ќе се случи тоа? Кога? Не сакам веќе да чекам...
За се со кое сум се соочила, а негативно ми се одразило во животот, крива е средината и кој што сака нека рече, тоа е факт... јас родена тука и јас родена некаде во белиот свет... поинаку ќе беше
Еј луѓе,лето. Кога дојде,кога пројде цела учебна година? Полуматура помина,задоволна бев од тоа како се одвиваше се,задоволна од мојата комбинација на крај,иако вака пребирлива го прошетав буквално цел град за да ги најдам совршените балетанки и ташна.It was worth it Сега отвараме летна сезона,се радувам повеќе од кога било на летен распуст затоа што имам толку многу планови за летово,и толку многу шетања и патувања,срцево ми пука од радост Горната тераса спремна,вештачка трева,нишалка,гарнитура од бамбус,многу цвеќиња и (за мене) безалкохолно мохито уз некое зајдисонце,па и книга ќе се најде тука негде. Секое лето како луда си правам овошни салати и експериментирам во кујна,па поготово кога ќе земам свежи цреши,јагоди,рибизли или малини from the backyard,леле милинаа Се осеќам полна со живот,енергија за делење дури,се радувам на мали работи,како омилениот сладолед , добра епизода од омилената серија или фактот што си ја скратив косата.. За од септември и се она што ме чека во средно ќе му ја мислам подоцна,летото е резервирано за безгрижни мисли Започнав и уште една,се надевам добра работа. Знам колку обврски и активности ќе носи волонтерството во Црвен Крст,па особено кога тоа го започнувам во прва средно кога треба да се фокусирам на редење добри оценки,but i'll manage. Битно се е во ред,тука се моите,тука сум јас и сум пожива од било кога
зашто се правиш поштена а се плескаш ко фока? ги лажеш другите дека не си спремна, а? многу паметно стварно, ќе те зборат не за друго хаха абе ај знам дека сите сакате поштени да изгледате, ама тоа е сеа пусти мерак have a nice day
Уживајте деца во летото додека имате време за џаболебарење и прескокнување лектири, понатака во животот огласи за работа немаш баш прилика да прескокнеш, оти се надена на греблото .
Во животецов мој сум била цело време онаа која попушта, ама овој пат не ми дава срце. Имам неколку луѓе кои ми значат живот, за кого би направила се што може да се направи. Најчесто сум оној баланс, помеѓу оние кои различно размислуваат, помеѓу оние кои различно го толкуваат животот, помеѓу оние кои си имаат свои приоритети ама сакаат да си ги направат истите и мои, притоа занемарувајќи ги моите. Но многу е лошо кога некој се обидува да те уценува со нешто што ти значи се, нешто за кое што живееш, нешто за кое те боли душичката. Ми гори да и напишам едно долго пораче на ФБ, пошто не ми одговара на телефон и не ми збори ништо, да и кажам како јас целиот свој живот го имам подредено на неа, како не е во право што се лути на мене која не сум воопшто виновна. Го знаете она чувство кога ве обвинуваат за нешто кое не сте го направиле, за кое не сте одговорни, за кое и самите сакате да се смени ама ете пусто не бива. Епа јави му се нему, кажи му што те мачи или едноставно повеќе не го погледнувај во очи, а немој мене да ме обвинуваш, немој мене да ме тргаш на страна кога знаеш дека не може да биде така никогаш. И ете ако е за воља на вистината, се искарав, ризикував да го расипам она за што се мачев изминативе неколку години заради тебе, ама тоа не е важно, важно е дека јас не сум направила нешто за кое ама никакви одговорности немам. Цела недела, цела една недела живеам во исчекување, ме боли ова крваво мускулче под градите, ми се стега на секое погледнување во часовникот, во телефонот, во десктопот на компјутер, ама ќе помине, ќе помине и ќе сфатиш дека јас сум немоќна пред некои работи.