Ми фалиш сега МАЈКО,сега си ми најпотребна,далеку од све сум,ми требашш ПРЕМНОГУ,аххххххххххх животе животе.Гледај ме од небото и чувај ме МАЈКО.
Таква сум една смотана и за никаде, деновиве те мислам до немај каде, се прашувам како си, што правиш, имаш ли некоја, гледам сеуште не си ме преболел, лошо е тоа. Знаев дека до тебе ќе бев најсаканата жена, до тебе ќе знаев како е да се живее опкружена со премногу љубов, но јас избрав да живеам поинаку. Не дека немам љубов, не дека не те сакам тебе мој човеку, но природата моја е таква и изгледа никогаш тоа нема да се смени, постојано ќе живеам со прашањата како би функционирале заедно, каков би бил нашиот брачен живот, би имале ли деца, какви би биле, какви родители би биле ние двајца, само прашања а без одговор. Искрено сакам да те сретнам да те видам, сакам и да поразговарам со тебе, чисто како си, но тоа нема никогаш да биде, едно заради себе си, друго заради оној кој јас го избрав и трето заради тебе. Пред некое време поминав низ твојот град, градот кој требаше да биде и мој, градот во кој требаше заедно да живееме и да градиме иднина, но јас не бев доволна силна, ти не беше можеби доволно упорен, но ти само ме сакаше. Секое ќоше, во тој град ме потсеќа на тебе, а и на што друго би ме потсеќало, таму друго ништо не ме врзува. Таму ја доживеав љубовта каква што треба да биде, да за тебе знаев дека ти си мојата идеална половина, дека тоа е човекот кој е создаден за мене, но јас го отфрлив, го одминав, го оставив, кукавички те оставив. Прости ми не треба ни да помислам да ти речам, не заслужувам да ми простиш, но ти живееш во мене, јас сеуште понекогаш наоѓам време да размислувам за се она што правевме, за се она што доживеавме. за начинот на кој ме гледаше, за тоа како ме држеше за рака, се беше совршено. Но само беше, можеби и заради тоа се откажав не постои совршенство. Останува мечтаењето, можам да креирам секакви сценарија но реалноста е нешто сосема друго.
Ако за момент се почувствувате глупаво и мизерно сетете се дека постојат луѓе на кои најголемо достигнување и забава им е да се сликаат со црнец на плажа. Посебно кога се на одмор а некој црнец продава нешто по плажа, па тие го викаат да се сликаат и под слика ќе пишат: Еве со братов една слика. Па долу коментираат дека братот изгорел на сонце, дека бил малку поцрн, дека забите му светеле... и тн. ЛудаЗабава
Целосно достигнување е само ако црнецот држи ливче во рака на кое пишува: "На Пецо му е поголем." И доле коментари... Брат ѕвер си. хе хе хе. Позз4е.
Ако немате алергија/интолеранција на некоја храна, козметички производ, полен или нешто друго кое само по себе не е штетно, нема потреба да го избегнувате. Мислам камо да можам да јадам топли лиснати ролнички со пица без после тоа да сум ко трудна у 5ти месец, со гасови цел ден и ко претепана, без енергија. Или оние вторите што тупат демек сам си измислуваш дијагнози зашто не јадеш одредени работи....
Не бре, не сме ние жениве на форумов за покомплицирани теми. Не зборувам за сите жени воопшто, но фокус групава собрана на форумов не е. Дај ни за пудра, 900 страници ќе испишеме и најдобри другарки ќе бидеме. Дај ни да си го раскажуваме денот, да си го сликаме кафето, што сме зготвиле денес, дај да се советуваме за интимна депилација или свилени трепки. Но не ни давај поинтелектуални теми за дискусија, оти многу ќе се вжештиме и ќе ни ги заклучат, за да се оладиме. Не сме им достојни. И кога ќе прочитам, имало расправии на форумов, членови се контрале по теми. И? Дојдовме тука за сите да бидеме другарки, истомисленички, една голема сложна заедница? Не, секој си е сам за себе, и сѐ додека во дискусијата нема навреди и и двете страни се третирани (модерирани) подеднакво, јас не гледам проблем со спротивставени мислења. Членови што се „контраат“ имало отсекогаш, само што го добивале истиот третман. Не повеќе. Во меѓувреме нешто се сменило, третманот се сменил, и тоа го забележаа и посочија не еден или двајца, туку десетици активни членови кои се на форумов со години. Кои знаат дека порано беше поинаку. Јас нема да си одам, но ги разбирам тие што одлучија така. Им пукна филмот. Нема да си одам, но ќе се држам до „сигурните“ теми - ќе си сликам што последно сум си купила, пиела, јадела, ќе си лабавам и ќе си збирам лајкчиња. Фокус групата нека си живее во нејзиниот розов свет, каде сѐ е супер, сите со сите се сложуваат и сите се во право. Утопијата на Хаксли не ви е рамна. Различни гледишта - категорично одбивате. И јас не сум тука за да ве предомислам.
Не мислам дека е ново ова со кавгите, само луѓето имаат тенденција да си паметат само убави работи. Посебно ако се тие што напаѓаат, а не тие што биле нападнати. И скроз се сложвам дека сериозни теми се тешки за водење на форумов. 90% од жените на +-40 не ни коментираат по други теми, за да не влегуваат во конфликти. Повеќе го гледаат форумот како место за дружење, отколку како форум (место за дебата). Плус, кога ќе изградат некоја форма на блиски односни (некои виртуелно, некои во реалност), уште потешко им е да зборуваат отворено и директно да се спротивстават на став напишан од ним 'блиска' личност. Супер е за дружење, за реална дебата е погубно.
Ќе се надоврзам. Апсолутно, не е човек да напише свое мислење на посериозна тема. Небаре сите треба исто да мислиме, исти работи да сакаме, оти инаку не чини тој што не мисли како нас. Не знам како некои го сфаќаат форумот, ама ако мислат дека тука ќе читаат само коментари на кои би им ставале лајкови, се зезнале. Не вреди стварно веќе за оваа драма што се случи да се пишува уште, само ќе кажам дека за зрели дискусии се потребни зрели луѓе, а зрелост не е извртување зборови и лични навреди во недостаток на аргументи. И уште ова, не дека мене ми е гајле некој од тука кој ни го знам ни ми влијае на живот, што мисли за мене, но поради само една работа за која сум се изјаснила а против која е одредена група на членови, да сум обележана црно, безвезе е. Па се фалат колку било ќошето позитивно, она во кое пишував сѐ до пред некој ден, во кое сега се осеќам непожелно само затоа што имам за нешто различен став од повеќе меѓу нив. Да бе, меѓу другото, за дружба беше форумов... дружба ама на истомисленици само, другите се гнаси и шугави.
Мора да се земе во предвид и што се' е навредливо. Некои го викаат слобода на говор, ама не е се' што пишуваме слобода на говор. Само што некои навреди, се толку длабоко вкоренети во општеството, што се рачунаат за 'нормална комуникација'.
На ова би додала уште нешто. Ако повозрасна членка каже дека нешто не и се допаѓа оние што мислат дека се најпаметни нема да ја нападнат. Но ако јас го пишам истото веднаш се прави заговор и у рој ми влагаат у напад јес да мене круната не ми паѓа и под пенџере може да ми плукнат ама луѓе... СМЕШНО Е! АПЛА се гледа лижење гз и апла се гледа булинг. Затоа пак ќе кажам пазете како си ги воспитувате децата..
Баш така.Некои членки и не се баш толку квалитетни(за мене).Се е тоа инвидуално.Дали за мене некој ќе е квалитетен,за друг не е и не big deal. Овие денови која тема и да ја отворам се за тоа се зборува. Квалитетен член за мене беше Трендафилка.(не знам зошто не можам да ја тагнам ) И џабе квалитетни мислења,а прочитам погрден збор,одма со други очи го гледам членот. Се може да е во нормала,ако се сака секако.
И мене ме напаѓаа без веза, ако сум повозрасна. Ама не им се бендисав на повеќето од старт, ради 'радикалните' ставови. Исто ко на ЖДМ се осеќам на моменти
Што да кажам душо, читаш и сама, не постои тема а да не ме брецнат едни особи Не е за смеењеза плачење е
Некои ќе брецат и подбуцнуваат, а кога ќе им вратат одма се закануваат со бан. Толку ниско паѓаат. Плачки
А јас мислам дека го сфаќате форумов пресериозно... Кога има битна тема за дискутирање, ќе дискутираме, ќе се расправаме. Ама од моја перспектива, кога не се зборат некои политички или социјални проблеми, ништо не ми значи кој што кажал. Немам појма кои сте, не знам зошто би лично сфаќала ваши мислења. It's not that deep.
Еее.. ама не се сите ко тебе. Еден куп членки се знаат лично. И после, ко на ФБ испаѓа. Мораат да пазат што зборуваат, да не се налути ојле-дојле, оти им бил пријател/роднина.