Затоа јас немам никој на фб и не комуницирам многу со други по лп. За да не морам да се правам лизна мазна и да пазам што зборам
има разлика во дебатирање и реплицирањево на формуов. и јас сум за дебати , па и во средно говорење и пишување ми беше најомилен предмет, меѓутоа факт е дека на анонимен форум многумина си ги оставаат манирите и дебатите изгледаат на циркуз без пари. Доколку убаво се дискутира и јас сум за, не треба да сме најдобри другарки ама се претерува со контрање и кавги.Се сложувам со тебе.
Херој, јунак, инспирација!!! Алал да ти е дечко, ме расплака. Одеднаш сите мали проблеми изгледаат безначајни кога ќе видиш ваква ЉУДИНА. Жив бил
Едноминутно молчење за сите мислења што сме ги пишале, ама откако сме избројале до десет не сме ги пратиле. Знам дека многу ги има...
Деновиве по социјални мрежи (посебно на твитер) кружи статија за млада девојка со оштетен вид од Скопје, дека во градски превоз ја лажеле која е следна станица. Статијава ми се појави едно десетина пати, со коментари во прилог од типот како сè отишло во неповрат, луѓето се расипале до срж, никој не заслужуваме држава и сл. Сè додека самата девојка на фб демантирала (ма да и после тоа уште неинформирани го продолжуваат муабетот) дека всушност никој човек не ја излажал, туку за звучните сигнали зборува - во текстот токму тоа и се објаснува, но сензационалистичкиот наслов (кој воопшто и не е нејзина реченица) очигледно им е доволен на куп луѓе. СДК, ај што новинарството е на најниско ниво, ама од каде таа мрза кај нас како народ да се прочита нешто до крај, да се провери информација... и од каде таа глад за драма, патетика, песимистички поглед кон општеството со исклучување на себеси од истото и морализирање до бескрај?
СДК го знаете она чувство кога имате да кажете многу, многу...дури и книга да напишете, ама се откажувате, и си продолжувате да држите во себе...- е нема поизмачувачко чувство од тоа....
Џабелебарска нација сме. Го тупиме на фб форуми и твитер и најпаметни сме... Да се едуцираа толку колку што се прават дека се едуцирани немаше да имаат време за дудлање по соц. Мрежи
"Ако не боли, не го правиш како што треба", се однесува на вежбањето, а не на љубовта, сексот и социјалните односи Се беше подобро и поедноставно кога ја гледавме Руби, затоа следува музички поздрав
Опаѓал наталитетот... Скопска брза помош има ако не се лажам 9 возила на дури 600 000 жители, кога треба да има 1 возило на 15 000. Малце да не се 600 000? Секојдневно се гради, гради, гради... После се чудиме како Скопје најтопло. Епа ќе се пржиме коа е затнато од сегде. А и голем дел згради зјаат празни. Никој не вика никој немој да имате деца. Ама не знам зошто толку негативно се гледа на намалениот наталитет Поарно да сме помалку со сите обезебедени услови, отколку обратно.
Ако и денес се прашувате колку проценти од луѓето се грижат за вас? Ќе ви кажам... 0% Сепак, да не ги забораваме и оние кои 100 % веруваат во вас, ве сакаат и ви мислат добро - вашето семејство. Ти благодарам Господе, што го имам и сме сите здрави и живи. Иако... Иако ми е тешко што моите се во брак, но поради работни обврски живеат во ризични градови. Ве сакам
Мислиш дека се си видела, си слушнала и ништо веќе не може да те изненади, кога одеднаш некој те нарекува ОБРАТНА пошто си леворака. -Со лева јадеш? Хаха абе ти од обратните си била. Обратните...Океј... Да се потсетиме уште еднаш која година сме и дека луѓето веќе одат низ вселената и купуваат плац на Марс. Just saying.
Дел од пораката од Комитите насочена према Парадата на гордоста. ' Oва е погpeшна едукација за младите генерации кои треба еден ден да бидат носители на Македонската државност. Ве молиме да не ни ја вpeѓате интелигенцијата.' Чек чек, што, од кога Комити и интелигенција идат заедно у иста реченица ?
Чувството кога си тажен и среќен во исто време за две различни и неповрзани, некомпензирачки работи. Да се слични, па малку ќе се осеќаш подобро, но не се... и интензивно ги чувствуваш и двете. Новина за мене. Нешто како кога ќе се појави виножито додека врне...
Најголема лага која сум ја пишувала во CV додека праќав е она класичното “способна за тимска работа”. Јас ќе ги растерам сите и ќе сработам ко за тројца сама. Но штом има некој околу мене или седнувам и не работам ништо или ми се блокира се и работам лошо. И уште си се прашувам зошто CV-јата ни се полни со вакви лаги?!
Како што се загрижува толкава маса луѓе според екстремни случаи (многу и непроверени) некаде низ светот дека права на хомосексуалци би повлекле нормализирање на педофилијата (што нема врска едно со друго и е едноставно логична грешка стручно наречена slippery slope), така да се загрижеа каде иде светот со правата на жените и што би повлекле радикалните закони за абортус во една Америка (што за разлика од тоа има многу повеќе логика) - не знам каде ќе ни беше крајот со свесноста. Колку само измешани вредности и приоритети се има...
@СуперДевојка Уште не сум лажела за тимската работа. Мислам дека попрво јапонски ќе излажам дека знам, ама тимски дух Освен ако под дух не се смета Каспер Во однос на другите, не ме бива за лажење многу и знам дека сама ќе се сплеткам ако почнат да ме прашуваат, затоа ќе напишам од една работа- два синонима, демек малку повеќе Зошто ли лажеме? Па да го наречеме професионален обид да ја добиеме работата, пред интервјуто