Само не ми е јасно зошто секаде се меша политика. Ги пречекале ракометарите со "Никогаш Северна". Сериозно?? Дајте луѓе радувајте се на овој успех и заборавете за политиката само за момент. Постапките на Стојанче не ми се допаѓаат воопшто. Па ние официјално сме Република Северна Македонија, како би требало да не претстават, еве не ми јасно. А споредбите со Тамара и Вардар, навредите дека таа е Северџанка, а Стоилов прав Македонец зошто неговата земја е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ми се дно.
Навивачите се тоа. Истите тие се закануваат (индивидуално) дека ќе се тепаат на Парадата. А убо МВР си пиша денес: Кој ќе прај бељи, ќе јади бурек сабајле в затвор.
Да, знам дека се навивачите, едноставно не можам да разберам која е потребата за такво нешто на спортски настан. Колку повеќе растам/стареам се повеќе ми изгледа како да одиме назад наместо напред.
Нема потреба од такво нешто ама толку им тежи суратот на хулиганите и на оние кои им се диват за начинот на прослава и агендата. Да има закон, ќотек за клошарите у затвор и лупни му казнетина па нека беснее пак по Скопје и нека повикува на смрт за Шиптари, ни криви ни дужни.
Ееееј... оти сите гледат низ мобилен? Добро, доживува некој нешто лично, да осети со своите сетила од прва рака, или се' мора да биде дигитализирано? Принт скрин од видеово е
Историјата за комити ја знаеш? Де прочитај малце за да сфатиш за што се работи. Комити никогаш не идат напред со времето. За нив постои татковина, вера и клуб.
По напатен народ,ни имало,ни па ке има од Македонче.Колку може сам да си наштети на себе, тоа е чудо едно.
Потајно денес многумина се засрамија. Покрај победа Вардар залепи и убава шлаканица. Боли, а? Е боли!
Океј, мене ми е префорсирано ова со Вардар. Прво не е државна репрезентација, второ приватен клуб е на руски бизнисмен што им нема исплатено плати веќе 9 месеци, трето, покрај еуфоријава гледаат и политичариве да ќарат.
Морам да посочам на двојните стандарди. Лани кога јас и уште 2-3 члена реагиравме против шовинистичките испади на играчите и навивачите на Шкендија, нашите коментари беа експресно избришани (иако за мојот пост гарантирам дека немаше причина да биде отстранет, бидејќи остана во рамките на коректноста). Оти сега не се бришат коментариве каде се плука по Стојанче и Комити? Според тоа кој е авторот да не се проценува кои постови ќе фигурираат на форумот? Или не треба да сфатиме лично, зашто има уште нешто?
Северна сме, колку побрзо се помирите - подобро за вас. Ни Евровизија гледам, ни спорт пратам ама кога дознав и за двата успеси се осетив гордо и среќно зошто сме никој, и младите ни бегаат од тука ама сепак ни останаа доволно квалитети за да се исполни ова. И не памтам колку успеси имаме претходно, сигурно не како поголеми држави во Европа и е ненормално голем успех се по имаме достигнато и во поглед на Евровизија и во поглед на спорт. И за гордост е. И не треба да се бира кое подобро. Исто така, многу е со двојни ариши народот. Зошто колку плукаа за Тамара и сметаа дека парите подобри би биле пренаменети. Што се смени сега кога се работи за ракомет? Ништо. Најдобар пример е ова за двојни ариши. Професионалец смеј да си кажи политичка определеност, и да бојкотира некој како сите во Америките против Трамп, ама не кога се на работа. Исто така не е пожелно поради влијанието кое го имаат. Вистински професионалец ќе гризни јазик и нема да прај лоша ситуација полоша. Крај краева има право на свое мислење, само нека размисли, од време на време, два пати. И самите велите некогаш, доблест е да се преќути. Како и да е, браво за нас, Македонија. Крај краева за нас е Македонија, за светот нека е Северна. Who cares at the end of the day? Бидете малку себични и грижете се само за како ви е вас. И аман, нека не ви боди парадата толку очи, туѓа среќа не треба да ве замара толку, само својата. Остајте и другите да имаат право да бидат среќни. За сечие добро. Останете ми поздравени!