Woke up in New York City in a funky cheap hotel She took my heart and she took my money she must've slipped me a sleeping pill She never drinks the water and makes you order French Champagne Once you've had a taste of her you'll never be the same Yeah, she'll make you go insane.
Ме бива за агент, за шпион со брзина на светлината прогледувам...Оф леле, смешки, ама па како не им е јасно на луѓево, од судбина не се бега ќе го снајде човека, па макар и на крајот на светот бил.
СДК дека денес ми е роденден!!! Исто така, полнам две години на форумов(не за џабе се зачленив овој ден).Место за кое секогаш одвојувам време, со многу прекрасни луѓе и многу корисни нешта и искуства.Дефинитивно не би успеала да се откажам од форумов! Еве и да ве почастам вака виртуелно: Спојлер
Јас не можам да ги сфатам животните...не,не и не! Поточно кучињата и мачките...море и комарците,тие никакви човекоатентатори,крвопијци,инсекти никакви Епа вака...а ќе поминам некаде,ќе шетам ова она,и сега во близина ќе има мачка(не секогаш,ама често да )...е таа мачка кога ќе погледни дека накај нејзината страна доаѓам,а немам никакви терористички или убиствени напади,таа карате стајл застанува и ме гледа како Хитлер да сум...ко да сака да ме стрела...како да сака да кажи со то карате стајл застанување и поглед како кill Bill дима да те њама,мрш од моја територија но те керо нз шо...Шо ти правам бре?! А има и срамежливи мачишта или "I'm not afraid" шо само ќе ме видат и бегаат...а друг кога ќе им застани ни мрдаат ни претаат,мислам во моите случаеви вака е Ај мачките,ами кучињата? WHAT WRONG I'VE BEEN DONE TO YOU! а ме види куче или трча по мене како да сум некоја коска или нешто за јадење или сум му непријател Number ONE па трча за да ме изгризи...да паметам ко бев помала кучето на баба ми од шо бе обожаваше ми ја изгриза јадранката,а на слики вака е на фацата ,а кога ме бркаше и јадеше таа моја пуста јадранка беше ...си велам...не ме сака ниту едно куче и не ме сака...штета Ај комарците како да ме обожаваат па.Па и тие не се нормални...добро бе во носо ме најдовте,под мишка ме најдовте(иначе комарци да ве информирам,мишка доаѓа од францускиот збор мише шо значи смрди),на нозе ли,на рацете ли,на грбо бре да ме јадите...атентат е ова! Море да можев во МВР ќе ве пријавев ѓубриња,ѓубросани...Епа вие мене напад-јас вас одбрана! Си купив Аутант спреј,па ај да ве видам Џубре једно комарцосано
Оноа кога се враќаш дома жива вода од прошетка на жештинава, секундарно ги фрлаш облеката и ташната и одиш да се истушираш. Уживаш, се разладуваш и излегуваш од тушот. Се погледнуваш во огледало и ги гледаш наочаите за сонце како сеуште дремат на твојата глава. Шта речи...
Обожавам мирис на летен,пороен дожд.Она кога мене ми е тешко,на небото му е тешко и почнува да истура и да врне. Личи на мене кога плачам,така собирам,собирам и одеднаш бурно,гргнувам да плачам.Истурам. После првичната бура од емоции го гледам излезот од нештото што ме мачи. И останува само мирисот на дождот што ме потсетува дека ми било мачно и спарно и toa прави да ја ценам ладовината.И мирното пловење низ животот. Без бура.
Како за петок 13ти денов ми е еден од посрекните и поубавите годинава.Ситно ми се бројат деновите до одморче ,ситнооо .
СДК ич не е поетски денов! Ептен ми го расипа ќеифот со врнењево... Полна убава месечина во комбинација со тмурно време и црни облаци кај оди? Не, не, сакам чистка! Ама сместа! Вечер се договоривме да одиме на Чардак со пријатели, да го проследиме Височесвото на преубавата месечинка. Ем на чисто, ем на високо. Кој со црвено винце, кој со чајче од шумско овошје , и мезе со меко сиренце. Има ли нешто поубаво од ова? Нема! Ама петоков 13-ти ни е стварно баксузен. Бидејќи гледам дека има сериозна намера да ми го уништи расположението како и плановите за вечер. Ах, а колку и се спремав деновиве на убавицата. Сега, ми преостанува да ја гледам само на слика. Еве вака:
Многу е лошо што повеќе пари се трошат за уредување на градовите или за скапи прослави,а не за реновирање на тоалетите во болниците. И не се занимавам со политика!
Јас сега сфаќам дека е петок 13-ти. Супер. Петок ми е омилен ден од неделата. 13 ми е омилен број. Значи нема проблеми. Не ги разбирам луѓето кои одат во некои темни кафулиња или whatever. Што е убаво во тоа да седиш стуткан како ќебе во темна соба? Па дури не можеш ни да зборуваш затоа што музиката е погласна од тебе. Тогаш што е финтата? Или само јас сум глупа... Надвор е како да прскале против штетници. Жива душичка нема. Всушност, има. Еден „старо купувам“ човек кружи наоколу. И по некое криво куче поминува. Еј, види, имало и птици. Па и нема некои услови за живот на таа температура. Знам, ова е само почеток. Ќе биде и потопло.
Јас многу се грижам за своето здравје Особено за шеќерот Затоа секогаш гледам при рака да си имам нешто блачко. Нели, за шеќерот да не ми падне Гладна никако не се оставам, пријаде ли ми се, одма бркам во фрижидерот Првата реченица што ја напишав е лага Или изговор за благото Важно здравјето си го запоставувам Спреевите за алергија (и астма) не ги примам, затоа што не сакам и сметам дека не ми се потребни. А надвор насекаде полен, па кога ми се затне нос, ама не, на мене кој ми докажал. Витамини пијам кога ќе ми испадне афта, па знам дека ми паднал имунитетот. Лоратадин ми текне да се напијам кога почнат да ме драпаат образите од алергија. А за телото - веќе месец како не вежбам Во висина ни да мрднам, ама затоа 3 кг сум си надала До каде ќе стигнам јас со овој памет. Како што јас си го викам, птичји мозок
Кога ќе сфатат дека зборот „halfprom“ не постои? Или барем кога веќе пишуваат, нека го пишуваат раздалечено! Убаво е надовр, има дожд, на рати ни доаѓа. Ама времето е совршено за возење со велосипед низ градот.
Колку само една ситница може за миг да те наврати на некои убави моменти. Да те пренесе на некое посебно место, или во безгрижно време поминато со драги личности. Само едно пролистување на албум, неколку звуци на некогаш омилена песна, или некоја останата капка парфем во зафрлената амбалажа се доволни повторно да се навратат насмевките и да се почувстуваш како времето да се вратило назад... Вредноста на старите работи може да се процени само со чувствата кои ги разбудуваат...