Ќе те гледаат како се мачиш со полна количка од маркет и плус две ќеси по топлото, едвај имаш душа во себе и нема да ти помогнат. Ни постар ни помлад. Јебем ти култура, курац што следен пат ќе помогнам некому и јас. Ќе гледам како се мачи и само ќе одминам.
Јас му викам "сполајти". Али после то се почнува: "оти мори неќиш свадба, на шо ќе се сеќаваш ко ќе остариш?" "ааа како неќиш дете? А неќиш да родиш ... Еее не е исто родено и посвоено, да знајш" "отказ? Шуќетие да стажираш и да завршиш факултет, мажи се дур имаш работа и седи ко најде, некој нема" Ни се води ни се тера традицијава. Јас "и на твоја гла" го користам, во комична конотација.
Ѕирнете ја темава, нова е и изгледа ја немате видено, па затоа ви го ставам тука линкот да прочитате и со цел да имате пријатен престој Вие и останатите членови на Фемина форумот Ве замолуваме да се однесувате според правилата и препораките https://forum.femina.mk/threads/Препораки-за-однесување-на-форумот.30349/
На форумов сум од 2011. Дури денес дознав дека можам да цитирам само дел од мислење со селектирање. До сега го селектирав цело па бришев што не ми треба
Ги гледам фотографиите на Ријана, во Италија, на ручек. СДК, и јас сакам така Пуштена коса, летна облека, мозокот и тој на одмор, да уживам некаде со звуци на бранови и зајдисонце Се останато, како ова секојдневие се живи глупости
Џабе се трудите. Редовните прекршувачи на правила свесно го прават тоа, особено ноќе, кога нема кој да ги брише, за што подолго да им стојат мислењата. СДК форумов покрај другото е и за забава, а за некого најголема забава е да игра против правилата. Жално е што ова се шири како зараза меѓу сѐ повеќе членови и теми.
♤А колку би бил досаден форумот доколку би се почитувале тие правила...Како и да е.... СДК пак дојдов да си помрчам за одморов. Ова како да ми стана пракса секое лето, уште малку и тема ќе си отварам ,,Летно мрчење". И оваа година исто: -Не ми се даваат многу пари за одмор; -Не ми се допаѓаат понудите од агенциите; -Ме мрзи да си организирам сама; -Па дилемата кога исто ти доаѓа а во Грчка а во Италија/Шпанија на сопствена режија; -Па мрчењето дека сум била и таму и таму а немам пари за друго; .... А бе секоја година не ми се погодува и не ми се погодува. Што карактер ќе бев?! Ех да имаше некој да рече овде и точка... Пфф лажам, ко јас па него да ќе го слушав. Јас не сум јас ако не вмешам прсти.
Сдк дека дефинитивно луѓево кога ке почнеш да се однесуваш како они со тебе така и ти со нив ,веднаш не им чиниш ,без разлика дали се работи за блиски личности или подалечни.
Ќе се изретардирам. Ќе шизнам.Не знам која дијагноза да си ја дадам ама стварно Во главава ми е хаос, слонови ми трчаат, збунки ми се дешаваат, мозоков врти-врти процесира.Треба на пасење да го пуштам малце.А вака ок личам
Oвa мoже дa гo сфaтaм сaмo кaкo препoрaки, не кaкo прaвилa. Кaквo прaвилo е тoa -рaзмислете пред дa oдгoвoрите a не дa избрзувaте сo oдгoвoр. Знaеш дaли сум рaзмислилa или не, бaшкa ти ќе ми кaжеш кaкo дa дискутирaм. Едит -пa и препoрaки биле, сегa видoв. Oк е
Последниве 2-3 дена времето е за мерак, 20 - 22 степени, милина А по продавниците попусти на велико , гужви, мислиш утре нема друг ден па да се потрошат последните пари . Битно јас си се подновив свилени пиџами на кратки, сандали, козметика, 2 парфеми - ќе ми се најдат и секси долен веш џоа на стриптиз ќе одам Периодов сум занесена во мојов , па сите околу мене со пригушени звуци ги слушам
Немој вака. Нема ниту страшно ниту лошо, ниту глупо во тоа да поседуваш женска глава. Шо би рекол Тирион wear it like an armor and it can never be used to hurt you. За проблемот би ти пишала, ама со оглед на тоа мене колку ми е среден животов, не мислам дека сум компетентна за делење совети. Женска глава. Кога веќе мрчам: Спојлер Ама ич не сфаќам што е во мемево смешно и интересно. Претпоставувам што би требало да биде, ама не е смешно, туку глупаво. Треба кога некој си оди дома во својата држава/град/село да ја носи својата работна униформа? Или да не се дотерува воопшто, пошо не е европејка? Не прилега модерна облека ако не си европејка. Или ако работиш како собарка не ти личи таков аутфит. Или пак ако си од село не ти личи таков аутфит. Толку многу предрасуди во една слика, што нечиј хумор не се приметува оти уствари е глуп хумор.
^ @MarigoldA ова ми личи дека го има измислено некој што се излежува дома и што чека од мама и тато, (или) некој на кој му е испод чест да работи таква работа. Се дури чесно се заработуваат парите, што е битно каква е работата? Па и чудо големо ако некој си дозволи повеќе со парите што ќе ги заработи надвор од државата. Секој ќе си прави што сака со свои пари. Обично обожавам мемиња, ама има некои со кои што некој сакајќи да се направи интересен испаѓа вака.
Мислам дека не е поентата во облеката. Туку, дел од гастрбајтери преку годината работат од сабајле до вечер, живеат во мизерни услови, штедат, па преку лето рентаат добра кола, се “монтираат” и доаѓаат во МК, да видат сите од родното село као демек колку успеале во странство. Познавам дечко што буквално живееше за тие 2 месеци кога доаѓаше во Македонија. Цел ден по кафиња, саат, патика и наочара брендот од километар да го видиш, колата паркирана на улица, секоја вечер флаша во диско... Нема врска што и како работеше во Германија, битно сѐ да се потроши на чалам тука. Нормално дека сите не се такви, ама мемето е за тие што се
Не е проблемот облеката, колку однесувањето претпоставувам. Малку иронично е во Странција да работиш како келнер/собар/чистач, а во родниот град, луѓето со истата професија да ги исмеваш, да ги гледаш од високо и да ти е испод честа да ти се обраќаат
Мислам дека треба да забранат пушење на клупа на постојка. Жено, ме отру жено! Дирек у фаца ме чадиш.
Некогаш кога се сомневам во себе ми текнува дека отидов на натпревар за предмет по кој конзервативен професор ми стави тројка од инеат, и освоив прво место во државата. Зборете ми за epic fuck you's. Не ми е гајле што звучи нарцисоидно, i did that.
Ова со пензионериве секој ден мислам дека ја мини границата. Се има случено два пати шоферот воопшто да не отвори предна врата јер автобусот беше преполн со пензионери. Тој ден ако не стигнев на време на факултет, тоа ќе ме кошташе потпис и презапишување предмет. Значи цел труд ќе ми отидеше во вода. Тие каде брзаат?? Што ќе ги кошта нив мало задоцнување некаде? Ќе нема од поевтините пиперки или што? Немам ништо против да имаат бесплатни возења, ама нека пуштаат барем повеќе автобуси. Нека се изрегулираат, ова на ништо не личи.