Боле те ку*о ако не не разбират. Бааги сум безобразна јас, ама тоа дека се дружам само со машки па таков ми е муабетот Изгледа само јас, ти и joy сме штипјанки, нема не ногу на фемина. Ај да не одам офф топик. Поздрав до вас
Продолжениот викенд заврши веќе. Од утре пак турбо на работа. Утре знам дека ќе биде хаос и дека ќе е напнато. Се плашам од самата помисла.
Дојдов да видам шо сте имале да кажете, имав некоја желба и ја да кажам нешо онака, али видов дека као и увек 20 страни лаф муабет сте си праеле, па ми се присра и од зорт забораив шо сакав да кажам. И еве сеа, завршив работа, и уше не ми теќиње шо ми беше муабетот. Сеедно, и онака ова поише одговара за темава. Ајт.
СДК.. На твитер денес циркулираат голи слики од штипска наставничка, извадени од нечиј приватен инбокс, амебиве групно се чудат какви луѓе ги учеле нивните деца, фејваат, ретвитаат, бараат оставки, па епитети следат, курва била, распуштена била, ова била, професионалност немала. Ова го пишуваат истите тие мажи шо гарант си го праќаат ку*от на секоја трета жена. Бидејќи нели СИТЕ професори, наставници, шо и да се, треба да немаат приватен живот неповрзан со професијата, недајбоже па секс некад да имаат, скраја да е. Шо народ ќе бевме бе? Толку мала земја а толку полна злоба, ограниченост, љубомора, шовинизам, омраза од секој ебен вид. И да, важно да се спомене дека сликите беа објавени од друга жена на твитер. Некогаш мислам дека не заслужуваме подобро, туку полошо. Се изнервирав у пм.
Што се преживуваме и го правиме "новото нормално". Нормално ти е да те боцка, нормално ти е да те тера да се преиспитуваш, нормално ти е да те подзаболува и се навикнуваш и после ... па после не знаеш за поинаку. Мимикрија, а не си ни свесен. И од денес за утре се менуваш, па или ќе изабиш и ќе огрднеш во секоја смисла или излижаното и истрошено на тебе ќе ти даде нов и посебен сјај. Животе колажу од сешто и баш ништо.
Моментот кога си нервозна па му се истураш на саканиот, а тој без да рече нешто излегува од дома. Си мислиш ептен се налутил човекот кој знае кај замина, се каеш што си била кучка и таман да му се јавиш ете го доаѓа насмеан до уши носејќи чикенбургери, помфрит, нови сосови, кока кола и киндер јајциња, и ти вика: -Ти не си ти кога си гладен...Ајде седнувај да јадеме. И така ко стока на полноќ јадеш се што ти е при рака, a во исто време се чувствуваш и ко ѓубре зошто си се дерела и ти е олеснето што не се налутил, па во себе си ветуваш дека нема веќе да се дереш. Оној што е со тебе и покрај сите драми, бесни глисти и тешки срања...е тој вистински те сака и да си го чуваш пријателe
Сакам да кажам дека вредностите се дел од идентитетот на човекот кој е траен и е еден од главните "градежни материјали". Сосем е океј да сакаме нашето дете да ги има нашите вредности, зошто за нас се тие најисправни. Не, туѓите вредности не значи дека некој ги нема воопшто. Да, треба да си го научите детето на почит кон туѓи мислења и вредности. Не, само зошто нешто не се поклопува со твоите вредности не значи дека ти дава право за насилен, едностран конфликт налик на булинг. Дури тогаш ќе сфатите дека "грешниот" начин на живот на "педерштаната" не те засега, не ти смета и не влијае на никој начин на тебе. Не го засега твоето дете, не му смета на твоето дете и не влијае на никој друг начин сем да го прави толерантно кон разлики и полно со љубов. Парадата на "гнасните искривени педеришта без морал" постои за да зборовите во наводници не мора да ги изусти уште еден чоек со намера да деградира некој зошто постои и е. Парадата мора да постои зошто е чекор напред кон еднаков социјален третман во едно општество на сите индивидуи со различни вредносни системи. И парадата не ми смета, не треба и да ти смета тебе зошто то е шо е, група на луѓе кои викаат дека се сакаат, дека заедно се посилни и дека ќе се борат до крај за тоа што им значи најмногу - љубов. Крај краева сите сакаме да бидиме сакани и да сакаме. На сите ни треба чувство на припадност и е злобно да се спречи. Злобно. И можите да речите дека сте полни со љубов, ама кој да верва ако го фрлате првиот камен? И да, треба да си горд ако си способен да се бориш кога сите околу тебе одат контра. Гордост е и за почит е. Други работи за кои не треба да ти е гајле: абортус. Само зошто некој фрлил семе, не смеј и нема право да одлучи за телото на жената. Макар и јас да би била про- живот, кое е моето право да го одлучам тоа за некој друг освен за себе? Како мене, како индивиуа, ме засегаат изборите на некој друг? Никако. Зошто тогаш јас да наметнам некој да мора да абортира под 15г пример. Или да не смеј да абортира после 6 недели, кога патем многу жени не ни знаат дека се трудни. Некоја со нередовен циклус ќе пропушти и рокот ако ѝ закасни. Маж не смеј да има право да кажи како треба жена да живее со своето тело зошто неговите вредности се тоа што се, негови. Неговите вредности се применети во неговиот живот, моите вредности во мојот. Мене ми е гаден неговиот избор, него мојот ама двата имаме право на свој. Тоа е убото во животот кое го забораваме ради еректирано его. Забрана за абортус не значи дека нема да има абортус. Забрана за абортус значи безживотни или трајно сакатени женски тела кои пробале да направат тоа што сакаат ама не можеле под безбедни услови. Има уште. Друга работа за која не треба да ти е гајле е дали "дебелата свиња" носи тесни хеланки од кое му излегва салото. Зошто? Зошто неа му е убо и таа е самостојна, независна и здраво самокритична за да знај дека да -- нема гајле шо мисли некој кој не ја познава. Никогаш не ми било јасно, која е потребата да се коментира облека, дебелина и што уште не? Не сме доволно искомплексирани? Зошто едноставно кога некој е среќен со себе, не го остајме да биди среќен со себе? Љубовта кон себе е најважната љубов која постои и треба да се негува и секој кој се обидува да ве убеди во спротивното не го држете блиску до себе. Ти си најбитен. Ти си најважен. Твојот живот вреди. Пак вртам цел круг на почеток, кој со кој има секс темата. Шо мене ми е гајле дали некој не ги почитува моите вредности? Не ја сфаќам потребата која некој удира по другата жена, или другиот маж. Швалер/ ката не е причина за пропад на врска/ брак, партнерот е, недовербата, незадоволството и прикриените проблеми турнати под тепих надевајќи се дека нема да избијат. Проституцијата е професија како и секоја друга, ни помалку, ни повеќе. Нејзина нелегалност не значи и нејзино непостоење. Само што, нејзино јавно постоење значи и поголема среденост и помалку преносливи болести. Легална проституција не значи дека секој мора да фрла пари на тоа, туку тој што сака да оди да е безбеден, таа која работи - да е безбедна. Често читам луѓе кои велат дека тие си "го продаваат телото за пари". Ама дури и тоа е индивидуално гледиште. Таа можи: 1) сака да "продава" тело за пари; 2) ужива и добива пари за свое хоби, како многу од нас. Едноставно не можи да глумиме загрижени дур некој викаме "курва". Заклучок: Шо к*р како му е на некој дома? Поентата ми беше сите си имаме свој живот и имаме право да го живеевме тој живот кој ни е даден. Сите имаме право на својот живот и никој друг нема право да се меша во туѓиот зошто: 1) туѓ живот не влијае на нашиот 2) наше влијание спречува туѓа среќа 3) сакајте се зошто љубовта е најбитна и нешто толку есенцијално не го кратете никому. Останете ми поздравени и имајте пријатна вечер.
Најромантичниот подарок во мојот живот го добив вчера - тетрапак сокче со цевка. Дека ќе сум бидела жедна од работа, во таа реченица има скриено едно огромно ми значиш, се грижам....иако не го кажа, го слушнав....и затоа е најромантичниот.
Вервај, there's more where that came from само немам време да се доискажам. Вчера кога видов колку е саат си се искарав да скратам малку зошто сабајлево на испит треба да одам и да станам да повторам. И зато сега сум во некое ПМС расположение помешано со паника и по малку каење зошто не допишав.
Не сте добри ако имате самодоверба,добри сте ако постојано ја негирате. Не сте пријатели ако бркате луѓе кои не се дел од вашиот клан и ако скришум им се потсмевате на другите кои ве сметаат за пријатели.Вистинските пријатели поддржуваат,разбираат,толерираат и бранат. Не сте луѓе ако не почитувате туѓи ставови,туку аждери.
Знаеш дека си со вистинската личност кога имате "ваши" шеги кои ги разбирате само вие двајца, па воопшто не ви е гајле кога останатите во друштво ве гледаат како да сте лудаци дур се тркалате по земја од смеење за нешто што само вас ви е смешно Не ни е прв пат некој да рече... Може си чудак, ама барем си мој чудак