Колку е олеснувачки моментот кога ќе помине некој долгоочекуван напнат ден. Цела недела се подготвуваш, се стресуваш, не спиеш, не јадеш и на крај доаѓа денот. Тешко е, исцрпно, жешко, напнато, ама сепак поминува во најдобар ред. Доаѓаш дома, фрлаш алишта од тебе, полниш када, си земаш ладна лименка пиво и се паркираш во када да кулираш со саати. После си пушташ епизода од омилената серија со еден тон сладолед околу тебе и навистина не ти е гајле дури и светот да се преврти.
Скролајќи по фејсбук ми излезе слика од нешто налик инка што би и овозможило на жена да моча стоечки. И демонстрација имаше. Не можам да спијам сега.
СДК еден апел до снаите, а да не се правите газдарици во туѓи домови може? Може и на пример да не ви сметаат немажените золви
Се пресмејав. На Фејсбук ми излезе спонзорирана реклама, за страница за match-нување на луѓе, и главниот протагонист во рекламата е маж со бурма на раката, среќно си скрола низ страната и кликнува ДА на женцки. Супер. Барем одлично го доловиле општото стање.
Се жалите како на форумот сите почнале да стануваат негативни и да се расправаат, а гледам самите влегувате во непотребни кавги а никој ни ве повикал ни ве потенцирал, абе ајде живеете го животот и не се плеткајте секаден, ова е форум и секој има право на мислење, а ако тоа мислење навредува некој има кој да го среди.
Утрово ме разбудилош сон. Сум пронашла дома мини микрофон и камера. Човек со денови ни го следел секој чекор. Истиот момент влегол кај нас дома, знаејќи дека јас и моите две сестри сме сами ја грабнал најмалата 11годишна сестра. Ние двете безпомошни. Луѓе душава ми се кинеше во сонот нејзнајеќи што да правам и од кого да барам помош. Станав препотена, исплашена си велам добро е само сон е. Во истата секунда ме удри нешто во главата. Случајот со Пино. Плачот и солзите на мајката, трудејќи се да пронајде нешто повеќе за син и. Не следам што се случува од кога се дозна за неговата смрт, само ќе кажам лесно нека и е на жената, и на сите оние кои се соочиле или моментално се соочувааат со такво нешто. Да не си им во кожа на родителите и најблиските. Се излеснав со ова тука. Морав негде да кажам, уште сум под влијание на сонот. Гушнете ги најблиските, не знаете дали утре ден ќе ги осамне. Страв и језа е ова тука....
Зошто секогаш жените се мета на вакви „досетки“? Што има овде смешно и интересно? Еве да не се покуси и мажите.
Кај Џамбо прееска кога чекав автобус имаше штанд на Јеховини сведоци (по не знам кој пат), меѓу книжулињата најистакнато беше едно со наслов „Зошто живееме“ ор самтинг... и едно чиче (веројатно Србин по потекло) застанува и онака засмеан им почнува муабет со „ја живим да би јео“. За цар на денот го прогласувам Да за хедонизмот, не за догматските патетики (од која група и да доаѓаат)
Најголемото оружје е зборот. Не се заборава, а чувството на вина и беспомошност, стравот во секоја мисла и помисла, се носители на едно големо бреме и поттик за внатрешна борба и немир. Внимателно бирај зборови.
Сакам да кажам, на вежбање одете за да вежбате, а не за да: Пробате да импресионирате девојка таму, додека се прајте мангуп и уз пат се повредувате, не му го прајте тоа на вашето тело; Мањачите девојчина, голем turn off e. Мислам сфаќам дека „почитувате“ нешто кое е добро, ама не прајте другата страна да сака порано да си оди дома, да не си заврши серија вежбање и да гледа да оди во башка време зошто ти си научил кога му е рутината.
@theowndemon Другарка еднаш отиде во теретана, се враќа и рече не можела да вежба, поради чудните звуци што ги испуштале насоберени бодибилдери додека "вежбале" пред огледало т.е за Инста
Ми се топли срцето кога гледам видеа од девојчиња како ја пеат Proud на Тамара. Се сеќавам кога како мала јас ја пеев Мојот свет се вика музика низ дома, и многу ми е мило што малите девојки ќе израснат со ваква песна и ваков пример. Вакви навидум малечки работи ни се потребни за да изградиме едно ново, отворено и свежо општество, што ги окуражува девојките од најмала возраст. Се надевам дека Тамара е свесна за влијанието кое го имаше и допрва ќе го има нејзината песна.
Втора теретана ми е, тој проблем сум го немала. Ама нели вежбање е рутинска работа и се запознаваш со тие околу и баш е онака пријателска, безбедна атмосфера. Е понекогаш тие кои почнуваат се типични за тие две точки кои ги пишав. Евентуално се опаметуваат, ама дур им текни да ти е незгодно да си вежбаш.
Кога сме кај несмасни денови... Денес на работа бевме во канцеларија собрани неколку луѓе и пошто немаше доволно место бев седната на работ од фотелја кај што седеше колешка. Сите седат, се беше тивко и само одеднаш колешката стана и мене цела фотелја ми се преврте Се најдов легната на земја со фотелјата врз мене Сите ме гледаат исплашени, а ја не знаев што се случи. Раката ми беше свиткана ама почнав да се смеам од нервози и срамои, а останатите трчаа да ми помагнат да станам. Незгодно у пм Ама во ред. Помина тоа. Зини земјо голтни ме. Прееска доаѓам дома и гледам чудно летачко суштество. Го бркав ама одеше на плафон па ми текна да се качам на стол и да му мафтам на чудото. Пошто не можев да досегнам се кренав на прсти, and guess what? Изгубив рамнотежа, столот се прврте и цела се треснав на земја, а од горе ми летна бубачката на глава. И сега пред малку, во купатило биле малку мокри плочките а ја така залетана за да ги мијам забите, ми се лизнаа нозете и направив шпага како врвна гимнастичарка. Мислев интимните делови ме се раскинаа на два дела па се дерев за помош да се исправам на нозе. За чудо од целодневното акање поминав само со две модринки по нога и една на прст. Прекрасен ден. Петок 14ти. Светот беше здружен да ме уништи. ИЈасСумJollyGirl. п.с. Денот уште трае
СДК ги читам мислењата што сум ги пишувала пред 8 гпдини и си викам леле колку ми се сменети ставовите а и животот.