Лето е кога некој комшија (најчесто на твојот спрат) решава да го реновира станот и секое утро од 8ч руши ѕид, кова шајки, буши нешто со бормашина... Кој ќе биде пак жив ненаспан, абе кој..?
Сакам да кажам дека е многу лесно да ме уплашиш мене. Фрли по мене со едно сусамче и издери се дека е вошка. Нема да ја препознам разликата уз паника. Проверено. Гнасни паразити.
Сдк некои луѓе не сакаат да им ја кажеш вистината ,повеќе ќе те сакаат ако им правиш лице ,епа не фала не ми треба да ме "сакаат" такви простаци и лицемери.
Да, нејзин дом во кој не вложила ни еден денар, дом во кој наместо снаата да се прилагоди на цело семејство и да биде благодарна, бара семејството да се прилагоди на неа Па уште и золвата која е немажена да смета? Да смета во сопствената куќа?! Кај што се родила и растела, кај што помагала и работела низ дома, и оп доаѓа снаата и одеднаш и смета старата мома Ај бога ти, што би рекол Колозов
Не,домот на родителите на мажот е негов дом и дом на сестра му.Не е на снаата.Домот на нејзините родители е нејзин дом.Снаата нема право да бара ништо друго освен почит во куќата на мажот.Ако не го трпи семејството на мажот,може да го наговори мажот да си создадат посебен дом. СДК,ни еден човек нема право да командува во туѓо огниште.Оној/онаа кој/која го прави тоа,го љуби само материјалното и во себе нема ниту грам човечност.
Кога би се мажила и да немаме услови па да мора да живееме кај неговите, и да ми речат дека то уствари не е мој дом е исто како да речам дека јас не формирам семејство со маж ми. Домот уствари кај родители мои ми е. Неговиот дом кај неговите, децата ко ќе ги имаме негде измеѓу, на улица. Не, воопшто не е добро да се брка некој од дома со сила, во случајов жената на братот да ја брка сестрата, бедно е. Ама и воопшто не е добро да се вели дека снаата е само дојденица и уствари то не е нејзин дом и треба да е среќна оти „ја примиле“. Ролам очи, ете.
Секој се раѓа во едно семејство и во свој дом. Старите ја прават куќата,па и по закон,имотот им следува на нивните деца. Затоа оној кој доаѓа од надвор нема право да бара се и сешто во дом кој не го створил.
Ако би со мојов живееле кај моите, колку шо јас имам дел на куќата, тој истиот дел и права ги има и мојот потенцијален маж. Зошто? Сега сме едно, пар, партнери. Ако нешто припаѓа на мене, и тој го има. Ако нешто припаѓа на него, и јас го имам. Ете затоа. Ако јас одам да живеам со него, имам поќе права од то да се докажвам на свекрва ми без ден слободен оти то не е мој дом. Оти ако нешто не можам да го наречам мој дом не ни сакам да бидам таму. Идеално, сите си живееме засебно, ама реалноста е друга тука и многу луѓе се принудени на живеат со родителите на мажот. И злобно е колку снашки уствари се угнетувани ради размислувањата на свекрвата дека снаата уствари не припаѓа тука, дека нема права, и синот е мајкиница и не смеј некоја друга да биди покрај него освен мама.
Едно е кога снаата има совест и кога знае до каде може да оди со барањата,а друго е кога она бара некој да си оди од куќа која не е нејзина,во која дошла на готово.
И то го установивме и претходно - злобно е. Исто како шо е злобно да се кажи дека снаата е усвари во туѓа куќа.