@theowndemon, бруталната вистина знаеш за тоа кога се гледа? За време на развод. Кој си оди од „домот“, синот или снаата? Ние може колку сакаме да бидеме политички коректни на форумов и да се тапшаме по рамо, ама дома си само во домот кој сам си го купил. Или евентуално во родителскиот дом, ама штом си женско дете, и тоа е под знак прашалник. И џабе филозофираме ние тука, реалноста е таа, дека снаата е „дојденка“. Да беше снаата вистински дома во родителскиот дом на сопругот, немаше толку млади да се врзуваат со кредити за свое живеалиште.
Се проценува, се продава и се делат парите. Тоа кога е заеднички имот стекнат во брак. Евентуално ако едниот партнер има доволно финансии да го исплати другиот па да му остане живеалиштето. Невеста дојдена во стан/ куќа кој е на име на родителите на сопругот? Најчесто си оди со куферчето и децата под мишка, проследена со епитети „курва“ и “недомаќинка“. Тоа е тој фамозен дом на снаата.
И ова е оправдување да снаата никогаш не можи да си наречи местото каде шо спие навечер свој дом? Еве да знам ако некогаш се најдам во непријатни околности да морам да делам кров со свекрва во наше бедно поднебје. Само зошто е така не значи дека е и правилно. Само кажва колку долу ни е менталитетот.
@theowndemon, еј може ќе ти се погоди семејство каде ќе те прифатат како да си стварно дел од нивниот дом. Никогаш не се знае. Само биди реална дека ако работите тргнат на лошо, нема синот да биде тој што ќе си оди од домот. едит- Не е до менталитетот, до парите е. Буквално. Да бевме нормална држава, немаше да се стискаме по три генерации во две, три соби. Што прават нашите врсници низ понормалните земји? Секако дека не живеат во заедница со свекрва, свекор, девер, баба и дедо.
Да, во непогода. Зошто постои можност за развод, треба да се третираме како животни во меѓувреме, за секој случај.
@theowndemon, не ми се навлегува повеќе во оваа тематика. Ставот тој ми е. Базиран ми е на куп лични примери. Сакаш да ти кажувам дека утре домот на свекрвата е и твој, дека тебе ќе те сакаат како што го сакаат синот? Дека супер ќе ти биде утре ако живееш во заедница? Тапшање по раме и лажна насмевка: „ Ајде, супер ќе биде, гајле немај, ќе се биде во најдобар ред, ќе те сакаат најмногу на свет.“ Значи, не Може навистина ќе имаш среќа, ако баш дојде до тоа да мора да живееш во заедница. Ама може и ќе бидеш третирана како некоја која сега е таму, ама може утре и нема да биде. Суровата реалност на живеењето во заедница во Македонија. Најдобронамерен совет? Трудете се со момакот да живеете одвоено, да си создадете само ваш дом, само ваш мал свет. Зошто во пракса сите филозофии што ги тераме сега тука- животни, менталитети и правилно/ не правилно, скроз се џабе. Со терсене свекор или свекрва знаеш кога ќе се објасниш дека нивниот дом е и твој дом? Никад. Па сега како сакаш. Ако сметаш дека сум лоша или нефер, епа јбг.
Затоа сум за тоа маж и жена да си отидат во своја куќа/стан. Ни некој ќе им смета, ни тие ќе сметаат на некого. Никој нема буреци да јаде кој е туѓинец и гостин.
Мене не ми е јасно зошто воопшто се зимаат и се тупнуваат у куќа кај родители.. Ај да е некое куќиште огромно ајде де ќе речам. Ама нели сакаат бре приватност!? У 70 м2 ко ќе ги видам 4 генерации и секој втор ден се караат... Битно се зеле. Нарушиле мир на сите а и свој.
Веројатно немаат услови за нешто свое. На пример јас домот на свекрва ми не го нарекувам свој - ама ни таа може да каже дека ми дала кров над глава - среќа што сме можеле да купиме нешто свое со заеднички влог. Но мајка ми живеела со свекрва во поголема куќа и баба ми никогаш не и викала ова не е твоја куќа - зашто реално не била ни нејзина. Плус во брак жените вложуваат во таа куќа како и мажот и воопшто не е фер што при развод тоа не се гледа.
Не треба да се нарекува снаата ороспија ако таа не е таква,ама и снаата не треба да ѝ вика на золвата краво,оди си за јас да си се ширам тука.
Ќе зборам за себе. Јас ако треба да се бутам у 2 соби нема ни да се мажам. На рама случајот е друг. Снаата откако е таму ја смета како вишок неа.
Купија моиве модерен фенси дигитален апарат за мерење притисок. И пошто им го донесоа од странција упатство нема на Српском, па го чекаа син им да им каже како се ракува апаратот. Шо да правиш, луѓе во години. И ај им читам јас и и кажувам на мајка ми. "Мамо вака ќе го уклучиш, овака ќе мериш, ова ти е индикатор за висок притисок, ова за низок, за пулс..." И ајде и го мериме прво нејзе. И ги исчитува резултати. Притисокот стандард низок. Гледа некое срценце таму, 81. Вика: "А ова што е?" И кажувам дека е тоа пулсот и и викам: " Жива си, не бери гајле". Татко ми беше следен и него му измери стандард висок. И ај сега и мене да ми мереле. Мери еднаш... Тоа бројките одат нагоре, па полека надоле како што излегува воздухот. И гледа она, гледа. Нема срценце. И ме прашува: " Е оти кај тебе нема срценце?" И јас на шала и реков пошто не сум жив. И одма апаратот покажа Е (Ерор). И ме прашува што значело тоа. И кажувам дека тоа на англиски значело смрт. И ми вика, ај не ме зафркавај, дај да пробаме уште еднаш. Пробуваме, пак исто. Пробуваме и трет пат, пак нејќе. Женава се уозбили скроз. Четврт пат, пак Ерор дава апаратов. Кога почнаа да и се тресат рацете, да се паничи жена... Ај прави одма вода со шеќер, миј ја со ладна вода... Еве веќе 15 минути и објаснувам дека Е не значи смрт на Англиски туку грешка. Битно и го качив притисокот сега.
Дечки ај смирете малку страстите, за тоа дека девојка во "поодминати" години им смета на брат и снаата дома јер држела соба, имам отворено тема уште лани, и таму зборев генерално, а спомнав и примери за мене. Не значи дека јас и сметам на снаа ми, имам своја соба јас, муабетот ми е дека стварно многу снаи се замислуваат газдарици во дом во кој не вложиле ни денар, а од друга страна мрчат за немажената золва, или за омажената золва која им дреме дома со децата, т.е внуците, толку од мене, ако сакате дискусија повелете во соодветната тема, а не овде да коментирате без да ме означите
За девојченцево Мила се собираат средства за лекување. Првичната идеја беше профилот да достигне 10.000 следачи и потоа да биде продаден. Целта беше исполнета и профилот беше продаден за 6100 ден. Некоја девојка уметник, донирала слика со цел да се продаде на лицитација, нели кој ќе понуди највисока сума, на која луѓево почнаа од досада да наддаваат вртоглави суми и нормално лицитацијата пропадна. Денес, иако беше апелирано да не учествуваат луѓе кои не се сериозно заинтересирани, повторно си играа играчки. На крајот, конечно сликата беше продадена за 6500 ден. Некои се толку без трошка емпатија што имаа образ ем да си играат со чувствата на оние што ја спроведуваат акцијата ( веројатно најблиските на Мила), ем имаа образ да пишат дека тоа го правеле од досада.
Не знам точно, провери на инстаграм профилот. Мислам дека 90% од средствата се собрани, но не ја знам полната сума.
All for...После 2мин... All against. Она кога сите се За(за да одите некаде), за кога ќе дојде денот, сите да откажат.