Со каква љубов имаат луѓе спремано за починатите. Колку многу зборуваат некои од тие мали пакетчиња, како овие денешниве. Особено денешниве. Дури дома ги приметив пошто, даваш-ти даваат... Нeкои ради реда, некои со фаца мрч пута милион, некои збунети, па и ти. Неговиве ама. Ќесенце врзано како дар, со мала сина панделка и од се' најмалечкото, со најсовршената форма ставено. Љубов е тоа, еј. Децении и децении љубов. и, баш затоа, има работи за кои душа не ти сака да мрчиш. Само ги живееш, вдишуваш, упиваш дур те има. За неа и за мојата душа. Нека им се најде.
'Ееее и ние им дававме на децата да јадат се, што за нас, тоа и за нив, чоколадо секој ден јадеа, па гледај ги, толкави мажи'. Синчето има мев ко жена у 8ми месец, а гарант триглицеридите му се до плафон. Ми се блуе од муабетов. Мислиш некој со стап ја тера да му готви каши на комшивчето. А тек да знаете колку се чудеа што на кучката и вариме посебно јадење, без сол, што два пати дневно и носиме храна, а таа да ти била џукела. 'Ааа па ние што остане од ручек му даваме' јер не е расно куче.
После сите видеа со како луѓе поправаат работи со рамен, не ми е јасно зошто желудникот уште не ми е попраен.
Ја читав другата СДК и налетувам на совршениот пример за иронија Членката вели дека сите девојки денес сакале да бидат како Кајли Џенер, сите исти, ама таа била различна од другите. ...Се потпишала Џенер и аватарот од тој стил на девојка
Подалеку од машки кои си се тешат и тврдат дека во „расипаниве времиња“ се сами оти не се натпросечно богати, па жените ги одбиваат оти на сите нив им се најважни скапи коли, патувања, облека. 99.9% се всушност сами зашто се олицетворение на мизогинија, балкански менталитет и сељачизам.
Океј, сељанки, патика не иде со се и у секоја прилика. Исто срање и штикла со тренерки. Смирете малку доживљај. Гревови.
Сум ви кажала некогаш колку си го сакам кучето? Не? Епа она е мојата умница, златица, среќичка. Толку сум благодарна што ја најдов, што е моја и што ми го разубавува секој ден. Што е толку послушна, весела, мила. Што ми дозволува без проблем да ја малтретирам со чешлање, бањање и чистење очиња. Што ме пречекува и ме испраќа до врата. Што ме учи на безусловна љубов. Те сакам тровче мое бушаво
Денеска беше твој ден,денеска ти беше РОДЕНДЕН,ти за мене МАЈКО имаш само дата на раѓање.Ми фалиш и секогаш КЕ МИ ФАЛИШ,ТЕ САКАМ
Дали некој знае каде може да набавам бели и црни "tote bags" ташнички? Се мислам да започнам рачна изработка, да ги цртам. Ве молам ЛП
Кога некогаш ќе ми зафали дома, ја отворам Македонските јавни фаци, за да се потсетам зошто си отидов. И ако некој го интересира да прочита за сите комплекси во државава, ќе му ја отворам и него, да си прочита. И не, не ни зборам за "познатите", камо до нив да беше. Потполно оперирани од осет. Грдо, многу грдо.
Сакам да кажам ако барам мислење и воедно мотивација да одам на доктор и ми вратиш: "се надевам не е прекасно" ќе бидиш виновен за уште два органи шо ќе почнат да ме болат во меѓувреме. Контраефективно е.