Леле ама ден сум имала денес Шашав Не ми се верува што ми се случи. И сама да си дојдев од иднината и да си кажев дека и ова ќе го дочекам, немаше да си верувам Јас всушност сум девојка која тешко стекнува доверба во луѓето, но штом стекнам си зацртувам некоја убава слика за нив, и знам и последна да сфатам некои работи... и дека не се така како што изгледаат И така, сега ќе си седам мирна, гледам времево нешто се ку*чи А јас си набавив мрсна, лоша и калорична храна (а и пијалок) и денес планирам да се трујам После ќе трчам по чаеви, па гладувања неколку дена, ама денес ќе се омрсам па шо сака нека е
Јас си патам од домаќини кои не те пуштаат да си одиш, пред да ти бутнат нешто во уста Разбирам јас и гостопримство и желба да му се угоди на гостинот, ама па некои луѓе стварно претеруваат. Јас никогаш не сум му ставила газиран сок на гостинот ако побарал чаша вода, и во никој случај не сум се налутила ако не каснал од тортата или сладоледот. Знам дека таков ни е менталитетот, или што би рекла една Македонка која е родена и живее во Индијана: We eat a lot of peppers and want to feed everybody! Ама па да се лутиш зошто гостинот не ја пробал питата и со сила да го тераш да јаде - и тоа не чини. Почитувајте тоа што некој има посебен начин на исхрана. Тоа е исто како на вегетаријанец да му бутнете месо во уста.
Зошто? Со денови, недели, месеци го чекав тој ден. А сега? Мислев конечно ќе бидам среќна.Се бесеше спремно. А јас чекав секој ден да заврши, да помине времето. Купив подарок, куферот го подготвив, билетите исто се купени и сите останати работи. Го чекав тој ден од соништата. Тој ден.......... Ама тоа нема да биде. Залудно чекав. И останав сама. И каков е овој живот? Што побргу да умрам.
Глеам тема за права на бремени жени...Читам и ми се плаче. Знам шо се дешава ама коа чита вака човек...Во пети и шести месец аут. За шо? Пошто носи детенце...Ебате народ говнарски. Идна мајка се радува на дете кое ќе се роди, а ваму стрес, стравови, беспарица, а за причи колку сме јаки ау бау истории кошарки споменици...Крвта е решење...
Во стилот на темава претежно што е станата во последно време... ...си имам жолто цветче Частам пиво! Друго сакав да кажам. Чудо едно е како комшија попрво ќе те опцува отколку да ти каже добро утро. Не се сите такви. Останатите се погаѓаме. Ама еден што го имаме, сите се молиме да му скисне од нас и деф да фати. Сите му сметаме. Моите кучиња многу лаат, туѓите мачки му какале во бавча, кокошки му кокодакале, деца возеле скејт покрај колата... Најновото, пилињата(врапци, гугутки, песнопојки) кои јас ги хранам, јаделе кај мене, па седнувале на жица и му какале на колата. Помести ја од под жицата, или анализирај курешките дали се од моето просо Стварно ми иде да го иселам во некоја куќа во мк, всушност до татко ми баш, ќе се погодат двајцата, за мерак, кој преживее новела ќе издаде
Доста ги кривите малите девојки со кратки сукњи и голи стомаци за вашите грешни мисли. Млади се, експериментираат со стилови, комбинации, сега ги личи да носат кратко. Вие сте тие што правите сексуални објекти од нив. Тоа што се развиени не значи дека и летно време до грло треба да се закопчани за да вас не ви прелета некоја болна мисла низ глава. Се гледа во очите, во ликот, дека се млади невини девојки. Зошто кога јас ќе видам некој млад, убав, строен дечко помислувам како би израснала еден ваков син, а не -каков би бил во кревет? Манијаци, первезњаци секаде.
Мајка ми е од оние луѓе кои лошите вести внимааат кога и како ќе ги кажат. Прашува прво како е личноста на која треба да и соопшти, потоа каде е итн се дур не испита терен дали може да зборува. Е јас и сестра ми тоа баш и не го практикуваме. Пред некој ден буквално ќе ме умреше на сред улица кога ми соопшти ниту малку пријатна вест. Во моментот кога почнав да паѓам ми вели - Еј абе мама ќе ме утепа ако дознае дека вака сум ти кажала. Ај смири се и седни! Сега, сега тоа ми го кажуваш? За да ми се јави после половина час, да испита терен и да ми каже преубава вест. Во еден ден барем се компензираа емоциите. Едниот братучед кога се женеше си купив фустан кој го барав со недели. Кога го облеков не му се допадна и ми рече дека тој ќе ми купи друг само да не го носам тој. Е брат му сега ми го направи истото ама ќе го носам ич не ми е гајле. Дечко ми знае да дава најневообичаени коментари- Мила среќа што имаш крупни очи, па со очилава ти изгледаат ко нормални. Замисли ситни да имаше? Е не замислувам! Збеснав по дома, освен што направив кифли и ги смачкавме сите, средив се и правам список со што утре ќе ги изненадам. Ми викаат врнело ради мене, е ако де таман ќе биде пријатно временцево.
Приказна за лека ноќ! Замислете ливада полна со цвеќе и едно единствено г****.Мувата која лети веднаш ќе слета на него. А сега замислете купиште ѓубре и еден единствен цвет.Пеперутката кој лети веднаш ќе слета на цветот. Вие бирате дали ќе будете мува или пеперутка. п.с.мене нешто не ми се слетува воопшто
Ете,у 7 отиде да јаде и уште го нема. Си мислам...може грав праи? Или меси некој леб? Или паднал на пат до кујна и скршил нога? Еееееееее....
Мислам дека волку немам плачено никогаш во животов за дечко; дури мислам дека не би плачела вака ниту кога мене би ме запросил дечкото како што се истурив од срце за Чендлер и Моника. Good old Friends, леден чај и пуканки и ... веќе сум сигурна дека летото може да почне. http://www.youtube.com/watch?v=lrhbuMK50uk
Сите оние кои велат дека сите проблеми во тинејџерството се глупави и безначајни и дека тинејџерството е најлесниот период од животот, очигледно забораваат колку беше тешко да се научи азбуката...
Знаете што си мислам?Ако земеме на пример дека сега најбогат човек е Бил Гејтс(не мора моментално) тогаш кој бил на негово место да кажеме за време на првата/втората светска војна?Или во некој друг период од минатото.Мислам,дали и колку има податоци за тоа?
Не поднесувам мажи кои се груби со жените. Жената и да не работи баш ништо ,да не помага,цел ден да си го кисне газот в када,да си ги лакира ноктите 3 пати дневно...тој нема право психички да и се дере,да ја угнетува,да ја пцуе и да уништува работи. Може да ја остави ,да ја прекине врската или бракот ама не може да ја злоставува со месеци а таа да се плаши како тој невротичен дебил ,ќе се однесува кога ќе се врати дома. Како воопшто може било кој човек да мисли дека смее некого да тероризира? Како смее да си земе за право да и пцуе се по список,да се дере и урла? Никој го нема тоа право. Ни татко ,ни мајка, ни дечко,ни маж ,ни шеф...никој. Човекот не е ничиј роб. Прифати ме таква или збогум!
Доброто не може без лошото, иако тие две страни се обратни... нема да можевме да ја гледаме светлината без темнината, белото немаше да се познава без црното. Треба да се научиме да ги почитуваме можностите кои ни се дадени, но и да продолжиме да се бориме за нашите цели. Ние можеби не ги сакаме неуспесите, но нашите успеси би биле камуфлирани без нив...
Сакам да кажам, понекогаш силата во нас е само груб израз на нешто што сме погрешиле. Во проценката секако. Ми доаѓаше да се извинувам цела вечност вчера, но сепак заспав и замолкнав. Ви се случило некогаш да ви се побие секоја идеја што ја имате за себеси? И тоа е нешто. Промоцијата ќе ја правам во вторник. Ќе биде тоа кратка и слатка, ко суќња идеја. Се надевам дека ќе ми дојдат сите драги луѓе што ме читаат и ме прават среќна, а и обратно. МКЦ ќе блесне. Ве канам и вас, иако не знам дали смеам да пишувам промотивни постови. Овде губам енергија, а може е и доста од мене. Добив подарок дури од Абу Даби и абер од Индија. Ме чуваат драги луѓе. Си најдов гуру во човек кој е мојата космичка половина. Му благодарам за тоа. Бели страници, чекаат испишување. Вчера на Водно, Месечината беше како пита бурек што чека нож да биде пресечена за гладните несоничари. Во чантата утрово, најдов полужива пеперутка. Ја оставив на сонце, ако преживее, ќе раскажува. На 27ми заминувам за Љубљана да читам на Метелкова поезија и да ја споделам љубовта како знам и умеам. Сништата, се за остварување, а реалноста за сечкање со ножички, нели. Ве љуби Ш.
I wish you were my first love 'Cause if you were first Baby there would have been no second, third or fourth love Woah oh oh oh I wish you were my first love 'Cause if you were first Baby there would have been no second, third or fourth love Woah oh oh oh I
На светов постојат луѓе кои што не знаат да ги почитуваат изворите на љубов, среќа и финансиски благодет во својот живот. Во ситуацијава конкретно за финансискиот благодет зборувам. Моментално престојувам кај пријатели додека најдам друг стан, им се ослободи место па ајде. Газдите им немаат пари за леб, а се страшно воздигнати, доаѓаат кога сакаат, се` нешто им смета, и се понашаат со пријателиве како да имаат крави во станот а не луѓе. А нема дотичниот клуч за да влезе. Па што му отвораш, бе, ако нема клуч да влезе? Нека ѕвони цел ден. На договор е пишано и заверено дека станот е твој до крајот на месецот, а он уште сега носи мајстори и им мери каде која врата ќе стои и каде кој прозорец кога ќе реновирал. Малце почит да се немало. Воедно да ја спомнам сопственичката на претходниот стан во кој седевме, жената се симна 10 пати за 10 месеци - да и платиме кирија само. Се скршило нешто, откажал осигурач, жената си викаше мајстор и се` што беше дефек од самата инфракструктура на населбата си го покриваше како трошок, и беше една од ретките што не ѕвонеше и не викаше како знаеме и како умееме да го платиме мајсторот кој она го носи во куќата. Сакам да кажам, женава имаше и фамилија, и работа, и голема куќа, па секогаш кога ќе дојдеше знаеше да направи муабет, да праша како сме, а некни кога се селевме дури дојде да не испрати, па не и падна газот оти направи такво нешто. Не знам што да кажам, освен дека некои луѓе се толку заблудани што вистината им е пред очи а не ја гледаат, и после Цацко е крив, епа крив е...