На денешницава, другарка е многу редок поим кое го има изгубено своето значење. Се прашувам до кога ќе ме тангира однесувањето на една? Бев настината деновиве, а таа си имаше 2 другарки на гости, едно 'Ало , здраво, подобра си?' не се појави. Знаеше дека сум болна, ама ете сепак другите и се побитни, ама во ред. А, јас знам да ја исслушувам кога ќе ми се јави по 30 мин како и е лошо на работа со 30 000 плата. А, кој да ме жали мене со 15 000? Мислам, не ми сакам,ама така иде муабетот, нели. Така да, некои граници треба да ги сменам и нема да бидам достапна секогаш за секого. Тачка.
Hahaha kolku samo se pronaogjam vo tekstov mnogu pati sum to zamisli toa kako lv ke bidam na svojata svadba posto bas I ne me biva za tancovi pretpostavuvam deka ako ne se ozenam so nekoja kako sto razmisluvas to deka svadba ta ke mi e mnogu dosadna zasto ke ja presedam osven ako ne zemam da vezbam so nekoj sto go biva za tancuvanje
Дека сум станала како плавушите од вицевите, докажува следното: Ја листам темата што последно си купиле членките и доаѓам до постот на @Dream-Girl, постирала рамки. Ама занесена претходно од темите со детските фотографии, ги гледам рамките, а они нели доаѓаат со хартија или фотка. Ги гледам и си викам, еј што убаво Дрим си го урамила семејството, а види ја колку е различна како мала со кратка коса
@Dream-Girl Јас кога седам од телефонот, ништо не гледам убаво А згора на се, еднаш стиснам "Ми се допаѓа", двапати "Пријави"
Една другарка за цел живот за мене е непознат поим. Таа би била некоја со која нема да се чувствувам стегнато и да мислам што ќе кажам. Некоја со која се ќе можам да споделам и ќе сакам да споделам. Никогаш отворено не кажувам што длабоко во мене се крие, секогаш некои површни разговори. Ништо длабоко, ништо блиско. Фала на Бог што ја имам сестра ми, само со неа сум целосно своја. Но добро е да постои и по некое вистинско пријателство, да знаеш дека има некој со кој не си крвно поврзан а сепак чувствуваш како да си. Толку ли се изгуби значењето на другарството? Ако нема корист, нема ништо.
Какотоа се чекираат леунките само од Систина за да соопштат дека им се родило дете или се сликаат со строго чек ин Систина? А оние од ГАК и Чаир не?! Посебен тип на комплекси. Не гледаат на богатството што го добиле тој ден, ама за богатството на банковно конто мора да се најде начин... Зошто побогу е релевантна болницата при соопштување на такив чин?! Ја замислувам со канелата у рака, и и вика на сестрата придржи го уште малце, едвај го дочекав моментов!!! Пост со чек ин од хемо у Систина. Не би изгледало убаво...нели?! Што сум пропуштила значи... можев да експонирам колку сум имаќна. Болница е...не е ресторан побогу!!!
Секогаш во автобус станувам на постари уште кога ќе влезат. Никогаш не ми се случило некоја баба да ми рече да станам оти ја болат колената. Денес така влезе една стара изнемоштена бабичка и ја одма станав да и отстапам место и и реков: " Повелете, седнете." - Ааа нее сине, ти си млад, седи, одмарај ги нозете, тебе повеќе треба да ти користат. Не сакаше да седне. Никако. Јас останав да стојам и не сакав исто. Една жена од 40тина години искористи момент и си седна. Кога двајца се "караат", третиот користи.
СДК го мразам времево. Жешко ми е и комарци ме нападнаа па сеа морам да се покријам за чаршавот да ми држи ладно и да ме крие од цицачиве.
Кажав што имав да кажам, џабе се вртиме во круг. Очигледно е дека вие што во погоди мојот пост сте "снаи" а јас лошата "золва-газдарица" која кутрите снаи ги третира како гостинки. Мислам, дај Фана, кажав на што мислев, на оние неблагодарни снаи, кои ем не вложиле ни денар, ем им сметаат и старите дома или немажената золва, или во краен случај мажената золва која со две-три деца постојано и се клапнува на снаата "дома" па оваа ја оговара по комшии, по форуми и кај нејзината мајка. Малку језивко е да се гледа од една страна само, а да зачита човек убаво темите во брак преполни се од жалби за старите, за золвите и за децата од золвите Не реков дека снаата е ГОСТИНКА, ама реков да се има усул и да не се прави газдарица кај што не треба, а мислам дека сосема јасна бев уште во првичниот пост.
Некои снаи се и нечии золви.Кога се во вторава улога се бунат оти нивните снаи преземаат контрола кај што не им е место,а кога се во првава улога,не гледаат дека они се потполно исти. #ПатетичноБедноОдвратно Луѓе,наместо да се ширите на туѓи постели и да наредувате во куќи кои не сте ги изградиле вие,бидете благодарни што некој решил да ви ги отвори портите кога вашите семејства ви ги затвориле или решиле да не ве примаат толку често колку порано,или кога сте решиле да се споите на понапредно ниво со партнерите. Ако немате ни благодарам,не заслужувате ниту грам почит од другите,ниту грам љубов од сопрузите.
Последната капка не е виновна кога чашата ќе се прелие, туку сето тоа што се насобрало претходно во неа.
Ако денот по утрото се познава, Денес ќе биде сончево и топло исполнето со работа а јас ненаспан уморен и цел ден ќе си се прозевам. Ама ако убава ноќ до рани зори.
@Rama ако золвата со две три деца ми клапнува ДОМА (а мое дома е каде што е мажот ми) знам и јас да си клапнам кај мајка ми. Како таа кај мајка си така јас кај мајка ми молим лепо. А ако треба ДОМА да кренам два прсти за да кажам нешто или пак да формулирам и да составувам реченици да не се најди некој изненаЃен и увреЃен не планирам и фаќам пут под ноге. На крајот на краиштата мене не ме зедоја од на улица па треба 5 подолу од свекрвата и золвата да бидам дека ете се смилуваја и барем покрив над глата ми дадоја. Е сега од друга страна, приказната на снаа ти дека и сметаш е безобразна и нечовечка. Па ај ти да и сметаш, ама сите да и сметаат? Таа кога се мажеше што си мислеше? Дека после свадбата ќе изчезнеш? Или? Да не треба пошто- пото да се мажиш случајно? Или под кирија да не треба да си заминиш за госпоѓата да има простор? Не разбирам стварно. Ти постоеше кога таа го зеде брат ти. Таа знаеше дека и ти таму живееш. Чему ова превртување очи не разбирам. Водата шо ќе му ги мијам нозете да ја испијам или? #ПатетичноБедноОдвратно