Ја кажувам вистината,Џони.Сурова,но сепак вистина. Снаата дошла од друга куќа.Таа нема право да команда во куќа која не ја изградила,во куќа во која не е родена.Таму може само да бара да биде почитувана како сопруга на синот,на братот. Ако снаата сака да ја истера золвата од куќата на родителите на нејзиниот маж и золвата и да си се шири таму,таа не го сака својот маж,туку само материјалното.Е,тоа е СТРАШНО! Таквата жена заслужува само самотија и беда!
Ти ја разбирам поентата, се согласувам дека не треба да се претерува во смисла снаата да се стави самата себе над сите таму, ама немој дотолку во крајност, не треба да се чувствува како да не е во свое, затоа што, од моментот кога влегла во таа куќа, куќата е и нејзин дом. Не треба да биде безгласна буква и да им се покорува на тие што дотогаш живееле тука. Во никој случај не треба да се чувстувува туѓо, и не треба никој да биде над никого.
Денес уште од кога се разбудив се осеќам доста тажно и разочарано, толку голема болка и тежина во душата што дури осеќам како да немам сила да направам нешто. Денес му е роденденот на татко ми, а тој веќе замина, секоја година за неговиот роденден се собиравме сите и го прославувавме, за оваа година планиравме да одиме во нашата викендица и таму да го слави неговиот роденден, денес ќе одам таму, ама него ќе го нема, нема да прославуваме, нема да можам да го гушнам и да му честитам.
Ако цел живот се чувствувам како странец во домот во кој треба да живеам со фамилија, подобро воопшто да не се мажам. Не можам да замислам колку многу би ме гушело тоа чувство. Како да не припаѓаш никаде, како да немаш никој и ништо свое. Не разбирам, зошто упорно жените сами на себе си го прават ова? Не е доволно потчинување со векови, па и ден денес самите свесно ова да си го наметнувате? Секој си заслужува свое место, ни повеќе ни помалку од другите.
Треба значи благодарам?! Ами син им се оженил, не отишла некоја на сила! Ако не, да не му пекаат на синката за женачки и внуци, нека си го чуваат!!! И дали сте свесни дека кај 90% од новите брачни парови, неговите го даваат спратот, а нејзините ГО ПОЛНАТ? Или реновираат. Тоа не се рачуна или како??? Без пари ли е? Ајде малку размислете што зборувате, не се глупирајте без потреба. Кога некоја се мажела, портите нејзините и ги затварале. И ова не сум знаела. Кај ти текна, кај се запусти.
Чекај малку, кај реков јас дека и сметам на снаа ми, или моите дека и сметаат? Баш фини постови имам пишувано овде за снаа ми, тие се на посебен спрат, и ни јас им се мешам ни тие мене, е сега ако ме оговара снаата тајно по роднини или форуми јер сум стара мома, тоа не знам Значи постот го напишав како што го напишав ,и сеуште се држам до тоа, ама не значи дека сите снаи и сите золви ги ставам во ист кош, не мора да ми скокате одма со инаетење и контра реплики, и да си земате за право да донесувате без врска претпоставки! Темава е долга и широка, и очигледно секој гледа од кај што го боли забот, што би рекле старите, и бидејќи уште од одма ми скокнавте сите, затоа реков дека имам отворено тема за ова уште лани и таму да се искажете. Толку од мене, не се вртам веќе во круг
После постот од претходната страна време е да се даде едноминутно молчење за сите луѓе (претежно жени) кои се бореле, се борат и ќе се борат за жените да можат да излезат на гласање, да имаат исти плати како мажите, да имаат можност за квалитетно образование, да можат да полагаат за кола... Кои промени се случиле во човештвото и читаш овде пост пишан во смисла дека снаата треба да му ги мие нозете на свекорот пошто и дал широка постела. Инаку без зборови ме оставаат луѓе кои ми се јавуваат откако не сме се слушнале подолг период и разговорот го почнува со: - Ти неќеш да ми се јавиш, па еве ја те барам...или...ме заборави скроз, не ти текнува да се јавиш. Се зезаш? Ако си решил да ми се јавиш тогаш зборувај убаво, а не да правиш незгодни ситуации. Што ќе постигнеш со толку прост разговор освен незгодност на другиот човек? Треба да ти се правдам дали те неќам или те сакам? Ако не те барам или навистина не сакам да те слушам или поминувам низ некаков период, тоа сакаш да слушнеш? Ми се јавуваш да се скараш со мене или некаков муабет да правиш? Не бидете толку прости аман. Ни осет, ни бутур.
СДК дека сме 21 век и срамота е и ден денес да се верува дека ако снашката отишла во куќата на свекорот и свекрвата и сега треба да биде слугинка.Се сложувам дека треба да има почит спрема нив за таа и нејзиното семејство да имаат каде да живеаат затоа што со можностите во државата малку е тешко денес да купиш куќа или стан,ама тоа не значи дека таа треба да му ги мие нозете на свекорот.
Туѓо си е туѓо, нели? Така некако му доаѓа. Извини али не ти држи муабетот вода. Не е ни за тука. Имаш тема за снаи и свекрви, золви, јатрви, кокошки и.т.д...
Jас те разбрав добро, во право си за некои факти што ги напиша, само те поправив во делот кој лично се однесуваше на мојата снаа И сакам да ме разбереш и ти мене, а и сите овие судии и адвокати кои скокнаа неповикани, па човек да не може да си даде мислење За колку работи ми доаѓа саркастично да солам ум, да се контрам и напаѓам, па си ќутам, да му се одмили и форум и се на човек Што беше погрешно ако реков дека некои снаи се замислуваат газдарици во дом кај што не вложиле ни курци, ни палци, па и згора на тоа им сметаат сите по дома. Ај сега распнете ме од почеток пак А додека вие здружено си ги оговарате золвичките и свекрвите кои ви бркале по џебови и фрижидери што не ги наполниле никогаш, е тогаш е ако
Очигледно болна точка некому е ова. Да беше ситуацијата, свекрва се петља и се прави газдарица во ново купениот стан/спрат на синот во живее оделно со жената, на клада хипотетички ќе ја ставеа.
Како зборуваш вака? Снаата е дојденец, туѓинец, гостинка, ја избркале кутрата од дома и сега треба само да ќути и да слуша наредби од другите во куќата? Ако се осмели да кажи нешто не е благодарна и се прави газдарица во куќа што не ја изградила? Ако не сум пожелна некаде нема ни да одам. Не можам да наречам дом место каде што ме прават подолу од г*мно. А не дека сите снаи се добри, друга ми е поентата. Во нормален свет младите парови не живеат со ничии родители, ама сите знаеме дека нашава државичка не е дел од нормалниот свет и дека е малку потешко да се осамостоиш. Можеби ќе треба некогаш во иднина еден период да седам кај идниот маж, но никој не смее да ме смета за туѓинец кој што ќе исполнува желби на тамошните. Повеќе од сигурна сум дека сакам со партнерот посебно живеалиште, ни некој да ми смета ни на некој да му сметам. Раатот и сопствениот мир немаат цена и вредат повеќе од се.
Па тоа е де...си напишав мислење на кое имам право ко и секој член овде, и од едно стигнавме до 101 Најмногу ме изнервира тоа што си зедоа право да ја мешаат снаа ми, а нигде не ја спомнав неа, туку напишав општо што гледам по комшии, по роднини, по факинг околина Ми скокнаа во чопор, а не посочив стриктно никого, ама очигледно некого го доприв во слаба точка А добро нагласив дека ни сите снаи, ни сите золви ги ставам во ист кош Ама увреџени, шта чеш, од сега и јас кога некој ќе напише пост дека сака да ослабе јер се здебелил 500 грама или дека дебелината е болест, има со денови да му ги копам очите, јер како така да ги повредат моите чувства како дебела личност
Значи ништо не се променило на форумот и понатака е гнездо на лицемерие од големи размери. Секој втор збор кој го читам е емпатија, а всушност голем дел од вас ја немаат ниту буквата е од емпатија. Пред некого да нападнете или да му држите предавања за тоа како треба да постапи во одредена ситуација, запомнете дека не ја знаете целата приказна и доколку ја знаете можеби не би сакале да сте во негова кожа. Не знаете низ што се поминува и како го доживува сето тоа. Лесно е да се осудува човек за нешто, а многу потешко е да се разбере. Вие сте го одбрале полесниот начин. Малку повеќе да сте самокритични, не би било на одмет. Ако воопшто постои тој збор во вашиот речник. Ама јас очигледно заборавам дека всушност дел од вас се секогаш во право за се.
Денес се сретнав со со едни родители и ми рекоа, ние вработените, воспитувачи, да не имам зборуваме на дијалектот од каде што идеме. Туку да му ЗБОРЕТЕ СКОПСКИ! Доволна сум, свесна и паметна да не користам ЛЕ, по битолски. И некои други специфичности на нашиот дијалект. Драги, родители, на вашите деца треба да им се зборува на ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК, а не на СКОПСКИ. И после Европа ќе не сакала, ние помеѓу себе не се сакаме, па друг ќе не сакал.