Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.183
    Допаѓања:
    16.417
    Една од карактеристиките што би сакала да ја сменам кај мене е да не биде секогаш по мое.
    Искрено, кажувам некогаш толку претерувам што сакам да се истакнам и сакам секоја моја идеја да биде прифатена. И мислам дека моето е најдобро......
    ПРИЗНАВАМ.
     
    На Little Star 12, IamSexyAndIKnowIt, JoanaS и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Денес сите ни велат биди човек, однесувај се човечки...А што е човек?
    Оној што направи една гигантска депонија од единствената планета каде што живее? Оној што речиси го истреби белиот носорог? Оној што направи еколошка катастрофа од Дојранско Езеро? Оној што е причина за петтото масовно изумирање на видовите? Оној што излупени банани ги пакува во пластика?
    Се сеќавате на она Тревата ме моли, не гази ме боли? Ех, камо навистина да можеше да ни каже дека ја боли. Камо океанот да ни кажеше дека го боли од пластичните шишиња.

    Бев шокирана кога прочитав дека во светот се рециклира само 9% од сета пластика. Само 9 еј. Останатите 91 %....боли кога ќе помислам каде завршуваат.
    Боли секогаш кога некаде шетам и наоколу гледам расфрлани шишиња, хартии, пикавци. Боли кога во природа сакам да фотографирам убав пејсаж ама од лево у кадар ми влага фрлената гума. Малце подесно...не, куп фрлени шишиња. Ај понатака...јок, стакло фрлено куп. Боли кога со свои очи ќе видам некој да ја пушти хартијата на земја оти не може да ја доноси до кантата што е до него. А и да му речам нешто што? Мислам од одма се гледа дека не го боли. Стварно треба човек да ги врати во прво одделение кога не' учеа дека ќубрето се фрла во факинг канта.

    Една Индија бе, сиромашни, заостанати прави асфалт од пластичен отпад. Да, тони и тони шишиња собрани и претворени во асфалт. Во други земји купуваш карта за метро со шише. Во трета, ставаш шише и купуваш од автомат или ти враќаат пари за производот што бил со шишето. Останатите? Nivna rabota e da cistat, moe e da si frlam kaj mi tekne.
    После Скопје загадено, Македонија лидер у свет во загадување. Ама, не се криви само Заев, Шилегов што дишеме канцер. И вие сте. И ние сме. И сите заедно сме криви. Сакаме да се реши загадувањето? Ќе бараме тогаш и високи казни за тие што фрлаат кај им текне. Оти еколошка свест имаме нула...море у минус ни е отидена.И не велам само Македонија. Скоро секаде.
    А малце сурово е ама, реално не заслужуваме да се реши ништо. Заслужуваме да се угушиме во оваа прашина и тек тогаш да се свестиме.Ако се реши едно, нека се реши се.
    Дека може да се направи нешто, може многу.
    Не мора бе луѓе на 10 пазарења, 10 ќеси да земате, кога едната иста ќеса можете за 50 пазарења да ја употребите. Или уште поубаво платнена. Додуша има и такви што ќе се изнасмеат ако видат ете младо девојче со онаква количка за пазарење како старите што користат, зашто и таква ситуација сум видела.
    Пластиката ни е во секојдневието, знам. Се' е пакувано во пластика. И јас имам пластика дома и користам. Ама мое е да направам колку можам. И на сите нас е. Додека не се најде нејзина замена, вака ќе тераме.
    Друго
    Дојранско Езеро...демек лековито беше. Беше на времето, ехеее. Пред јужниот сосед да го испразни пола. Денес? Отров е. Одиш и се бањаш во отров, не во вода. Знаат за ова тие што треба да знаат? Знаат! Гајле им е? Не! Зошто? Погодете од трипати.
    Не се криви тие што идат мислејќи што алгите се лековити. И јас не знаев за ова до скоро. И јас сум се капела во отровот. Во нормални држави езеро со цијанотоксини се затвора и се забранува било какви активности во водата. Ама ова е Македонија...

    Понатаму...
    Замислете лани последниот машки бел носорог го чуваа вооружени луѓе, со камери, кучиња чувари, сензори, не дозволуваа пиле да пролета...За само едно животно. Ама не издржа на крај. Ене сега, последните две женки си ги бројат последните години од својот вид.

    Ова све дека може да се оди на Марс?
    Досега нели немавме резервна планета, а сега имаме. Ете, тоа било работата.
    Или да пробаме да изџвакаме и голтнеме сите по едно парче пластика изгледа треба за да ни текне што правиме. А кого уништуваме? Да природата, ама со неа и себеси.
    Свесно ја сечеме гранката на која седиме. А под таа гранка е една бездна...

    Се срамам што сум човек...
     
    Последна измена: 19 јуни 2019
    На smooch, Peperutce1115, WarriorAngel и 20 други им се допаѓа ова.
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.334
    Допаѓања:
    29.190
    Пол:
    Женски
    Јас кога во кола ќе влеземе 4 женски а има само 3 задни седишта:

    [​IMG]
     
    На smooch, Little Star 12, Peperutce1115 и 19 други им се допаѓа ова.
  4. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.767
    Допаѓања:
    14.561
    Пол:
    Женски
    Како бе така луѓенца, ако била јавна фаца, блогерка, инфлуенсерка мора да трпи секакви навреди и коментари, ако не нека си сменела професија?!
    Значи, ја можам келнерката да ја враќам по 5 пати додека кафето не ми го направат по вкус, па вода да ни донесе на сите посебно, па салфетка, па после секоја цигара пепељара да ми мења...пошто келнерка е, тоа и е работа. Ако не и се допаѓа нека смени професија.
    На службеничката во банка можам да и подавам еден по еден налог и да и плаќам една по една сметка. Баш ми е гајле што ја успорувам. Тоа и е работа.
    Во автоперална ќе му стојам на глава на тој што ми ја пере колата и ќе му покажувам каде пропуштил место. Му плаќам за да ми ја измие колата убаво.
    И така со сите лабавко ќе си се однесуваме, ако им се допаѓа, ако не нека си дадат отказ.

    Правете малце разлика помеѓу забелешка/критика и навреда и лечење комплекси на друг.
     
    На smooch, Little Star 12, Peperutce1115 и 20 други им се допаѓа ова.
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    55.211
    Пол:
    Женски
    Знаеш колку си вредна како личност за некого, кога не можат 3-4 личности да се договорат временски за да те удостојат на твојот е*ен роденден]:) на денот за кој од претходно се известени уредно, денот кога поместуваш брда и долини, за да им одговара на сите, и на крај пак ништо:!:
     
    На fana, Love 83, GoodGirl45 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.974
    И службеничкa вo бaнкa aкo се пoнaшa дебилнo ќе имa луѓе кoи ќе и врaтaт сooдветнo. Или келнеркa. Никoј не е дoлжен дa ќути нa туѓи глупoсти oд стрaв депресијa личнoстa дa не јa фaти. А јaснo е мислaм штo збoревме. Извртувaње и дрaми не се пoтребни.
     
    На fana, Mr. Right, ocicka2014 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.765
    Пол:
    Женски
    Кај службеничка или келнерка одиш во реален живот да те услужат, и може да те изнервираат и да ти расипат ден ако прво тие се директно некултурни кон тебе.
    Од блогерките и јавните фаци баш ништо во животот не ни зависи, во секое време можеш да престанеш да ги следиш ако прават глупости.
    Не е драма, многу од тие што редовно и без никаков обѕир и кочница критикуваат јавни фаци се незрели особи, без осет и попаметна работа во животот. Факт.
     
    На fana, Gosh, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.974
    Зoштo ти не игнoрирaш мислењa кoи не ти се дoпaѓaaт нa фoрумoт пример, a не се упaтени личнo дo тебе? Пa упoтребувaш секaкви збoрoви. Си се зaпрaшaлa зa нивнaтa депресијa? Си се зaпрaшaлa дaли бaбa Рaдa е вo депресијa мoментaлнo штo не е нa фoрумoт и зoштo не? Зoштo еднoстaвнo не се oдлoгирaш?
     
    На buba4e89, LiliBoz, Mr. Right и 2 други им се допаѓа ова.
  9. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Женски
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.767
    Допаѓања:
    14.561
    Пол:
    Женски
    Појма неам за што сте збореле, ни за какво дебилно понашање и депресии пишуваш. Уште помалку не ми е јасен делот за драми и извртување. Дај малце препрочитувај ги постовите пред да пишеш!

    Си пишувам пост инспириран од стори и видеа на две блогерки и сите коментари кои ги прочитав под нив. А пишав тука, затоа што често и во темата за јавни фаци сум прочитала слични работи.

    Друго, муабетот воопшто не ми беше дрско однесување на благајнички и келнерки, дали да им вратиш и депресии...
    Туку, да пишуваш до недоглед лоши коментари и навреди на слики и во приватни пораки на луѓе на инстаграм кои НЕ те обврзале да ги следиш, на кои своеволно им го гледаш профилот и кои со своите постови никако не те загрозуваат тебе, а да го правдаш своето однесување со аргументот “баш ми е гајле, ако не им се допаѓа нека сменат професија” е чисто иживување, лечење комплекси и булинг. Исто како што би било иживување ако јас се однесувам ( ничим изазван) кон случбеничка, келнерка, вработен во автоперална на начинот како што посочив погоре, со образложение дека тоа им е работа и мора да ме трпат.

    Ваљда сеа ти е појасно.
     
    На fana, Gosh, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.083
    Допаѓања:
    174.011
    Пол:
    Женски
    Јас би знаела.
    *Cries in low IQ*
    IMG_20190619_204703.jpg
     
    На CameliaMiller, senjorita-v, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.170
    Пол:
    Женски
    ....за промена, може да не ме боли се?
     
    На GoodGirl45, WildMk, flower30 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Brunhilde

    Brunhilde Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2019
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    31.073
    Пол:
    Женски
    Конечно после долго време сите да се собериме дома и сите заедно tv da гледаме исто како порано. :inlove::D
     
    На Yipman2, Love 83, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.765
    Пол:
    Женски
    Ако не правиш разлика од реакција кон тролишта што шират говор на омраза и се исмеваат со психички болести, до замарање без никаква позадина по цели страници со тоа колку дена некоја си таму била со иста шминка, па дури и пишување навредливи пораки до неа на инста - извини, но јас не можам да ти помогнам :)
     
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.974
    Рaзликa имa, дa. Вo еднoтo уживaш и зaтoa си нaoѓaш oпрaвдувaње, другoтo мoже не те зaнимa тoлку пa aј ќе глумиме светици.
     
  16. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    Мене не ми е јасно како некои немаат лош збор за некоја јавна фаца па после солат памет во соодветната тема. :?:
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  17. smile:)

    smile:) Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2019
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    2.644
    Пол:
    Женски
    СДК зошто сме бе толку некултурни па стварно не ми е јасно денес влегувам јас во автобус и до мене седна еден дечко на мои години и после некое време се качува една постара жена околу 70 години и една трудна жена со 1 дете и зашто беше пун автобус јас станав и трудната жена седна а позади 1 дедо му вика на дечкото што седеше до мене му вика да стане да седнат или детето или постарата госпоѓа и дечково како му се испонаша,страшна работа зашто он да станел он прв дошол па што му е него гајле за детето и жената,како да е дете од 5 години а што е најлошо ова не ми се дешава првпат,значи срам ми е мене што луѓе на моја возраст така се понашаат.
    Кога искочи дечкото тогаш уште појше се изнервирав затоа што одма чим искочи и веднаш почнаа оговарања какви се овие млади,како така ги воспитале и се по ред.Сфаќам дека неговото однесување не беше во ред ама зашто сите во исти кош не ставаат,ама не само за вакви работи за се и сешто еден е таков и сите се такви
     
    На Peperutce1115, Yipman2, Blue.Sky и 3 други им се допаѓа ова.
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.728
    Допаѓања:
    129.040
    Пол:
    Женски
    @smile:) Балканизам на високо ниво. :rofl:
     
    На Rama и smile:) им се допаѓа ова.
  19. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.984
    Пол:
    Машки
    Во врска со муабетите околу форумот и различните мислења на членовите, мислам дека е излишно да се зборува за тоа. Исто како и во реалноста и тука често ќе се прочитаат различни мислења. Дел од вас се потсмеваат во темите за психологија, други во темите за религија и многу други теми кои за некој друг член се чувствителни. Можеби за вас некои теми не се чувствителни, а за некој друг може се чувствителни . Останува фактот дека секој има право на свое мислење. И неизбежен е фактот дека никој од нас не е цвеќе за мирисање и дека знаеме во моменти кога имаме наплив на емоции да реагираме бурно на некоја од темите. И тоа само поради тоа што не се согласуваме со нечие мислење. И мене ми се случило да претерам некогаш и да навредам некој член, за подоцна да ми биде криво бидејќи сум го сторил тоа. После тоа се имам извинето, ама што кога напишаниот коментар и понатаму стои.
     
    На Rama, Peperutce1115, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    2.927
    Пол:
    Женски
    Си седам сама на кафе у Битола, Широк Сокак, и никого не познавам. Сам да не ти е срам. :D
     
    На Rama, Yipman2, GirlLove и 12 други им се допаѓа ова.