Ауу еднаш еден келнер кога запна да не слика со една колешка.. А ние требаше состанок да имаме и ај да не е превише офишл у канцеларија ај на пијачка.кога напна типов да не сликал за на инста, кога му дадов еден поглед..
Слично ми се случи. Ме ставија трета па втора. Очите толкави, на. Спиев едвај склопив око. Не издржав на раб си отидов. Вчера бев трета, денес пак трета, можеш да замислиш колку сум спиена. Ќе локам кафиња.
Јас имам одено 1 и 3 смена и наредниот ден 2 и 3, изутрината не личев на човек да бидам искрен. Тоа е данокот кој го плаќаме кога има недостаток на работен кадар или кога некој наш колега ќе замине на одмор и мораш да ја покриваш и неговата смена. Што е најтрагично мора да одиш прекувремено ако си ставен на список.
Нормално дека ќе е напорно и тешко. Две смени се премногу ама третата е посебна приказна, а од друга страна после 3-4 часот веќе не си ни свесен каде се наоѓаш не пак да работиш. Искрено ќе ти кажам дека не се навикнати. Имам колега кој со кафиња и енергетски пијалоци успева да остане буден, тоа е веќе измачување на организмот и телото. Од друга страна има луѓе кои се заглавени со кредити и одат по две смени баш поради таа причина.
Лошо е што се губи здравјето. Еве пример, не ми е добро вечерва и сум над мијалник постојано од храна, од жешково И сабалје нема да одам на работа бидејќи не ми е добро. Сакале се лутеле, сакале не газдите, нивен проблем. Ко ќе ми речат оди, оди на работа иако не ти е добро. А, како да одам кога не ми е. Мене здравјето ми е побитно. Не дека работата не е. Ќе ми речат и со температура сум одела и одма по заболекар под дејство на анестезија сум одела. И што? Ќе ти речат фала што идеш? Ќе ти покачат плата? Ќе ти го вратат здравјето? Море одма би му ја киднала некаде каде што човекот се третира како човек, а не како стока.
Сакам да кажам зошто книгите за самопомош не помагаат. Колку книги за самопомош и да прочитате, тие само моментално можат да ве насмеат и толку. Ако вие сами не сте свесни да станите и да напрајте промена во животот - промената нема да се случи. Лесно е да се прочита ова на хартија, некој совет, некои три чекори кон успех, пет чекори кон социјализација, десет чекори за борење со депресија. И да, нема ништо лошо со совет, сите постојано се советуваме. Реално, и ова е само едно големо мислење кое е уствари совет. Ама ние тие совети мора да ги примениме, и да прифатиме дека тие совети можи нема да профункционираат. Многу луѓе кои се разочарани ги земаат ваквите книги здраво за готово. Шо и да советуваме има повеќе правци и решавањето на проблемот ќе тргни во некој правец. И мора да бидиме спремни за тоа. Па затоа, само читаме совет, моментално сме среќни, после се враќаме на прва позиција. Читав баш, опишувајќи го ова како „дрога“ или „магичен круг“ каде се само се повторува. Некогаш вистинската борба не можи да седи во некоја селф хелп книга, некогаш вистинската борба е да се побара помош. Шо мислам под вистинската борба? Мислам дека некои проблеми, поточно повеќето, не можи да ги реши совет. Не мислам дека повеќето проблеми можи да ги реши книга. Мислам дека повеќето проблеми можи да ги реши разговор, терапија, you name it. Зошто кога се разговара, особено во форма на терапија, се раздлабува толку длабоко, до места кои не знаевме дека имале толку длабок печат оставено врз нас. И само тогаш можи да се реши проблемот темелно, во спротивно ќе се појавува и ќе се појавува наново. И дали вреди да не се бара вистинска помош, пред да е прекасно, само за моментална среќа и малку мир? Во најдолна линија ние треба да сме свесни за некои работи кои ги пиши во селф хелп бук. Безразлика дали тие работи се за ментално здравје или за општо подобрување во животот, темите на обработка се тие: како да успееме во краток период, како да научиме побрзо, како да се осеќаме посреќни? И на крај стигаме до заклучок дека ќе успееме ако се трудиме долго време, нема брз успех без напор. Ќе научиме побрзо ако почниме совреме, нема брз начин на учење вечер пред испит. Посреќни ќе бидиме ако длабински раздлабиме зошто уствари сме несреќни во прво место. Некој проблем од порано? Некој проблем од сега? Хемиски небаланс? Многу е полесно да се чита, да се планира, да се мисли, место да се стави црта и да се направи позитивна промена. Дали таа промена била нешто кое знаеме дека ќе не подобри, или пак да побараме помош за да го исполниме истото - независно. Нема ништо лошо во барање помош. Ако сакам да ослабам 15 кила, знам дека морам да се хранам поинаку, ама зошто поинаку да не е поздраво? Што ако нутриционист уствари знае најдобро? Хинт, знае. Ако сум во депресија или страдам од друга ментална болест, зошто да не побарам помош од психолог или психијатар? Нели знае подобро? Хинт, да, знае. Селф хелп книгите се пишани за профит, и успешни се зошто ти даваат моментална сензација на среќа. И ако трагаш по то - you do you, ама ако сакаш проблемот да го решиш од почетна точка - на грешно место си. Еве ќе кажам дел од селф хелп книга. Кариерова волшебна формула: Прашајте се: „што може во најлош случај да ми се случи?“, Помирете се со можните последици, Смирено обидете се да спасите што може да се спаси. И ова се звучи добро, знам. Примамливо, и искрено дури и вистинито. Кој е проблемот со ова? Еве ќе кажам. Точка број два е проблем. Помирување и прифаќање на ситуација не е толку лесна. Тука иди уствари стручно лице. Пак ќе речам, не е срамота да се бара помош. Сите знајме дека ова е правилен начин за рашавање на било кој проблем, ама да беше лесно сите ќе бевме среќни и успешни. Еве сега и еден цитат. „Задача на човекот не е да ги напрега очите гледајќи во магливите далечини, туку да се фати во костец со она што му оцртува јасно пред очите“ - Томас Карлајл. И пак ќе речам, оваа е сосема нормална и вистинита мисла. И ете, ја чита човек со анксиозност. Се плаши, во неизвесност е. И пробва да не се плаши и пробва да живее само во сегашноста (иако не, ова не е најпаметна идеа, ама веројатно сите знаете и зошто), и мисли дека нешто не е во ред со него зошто не можи да си ја исчисти главата. А зошто не можи? Нема јасни инструкции, туку седи мисла и десет страни филозофски се зборува за таа мисла. Па како некој бил тажен, па патувал без да мисли на утре. Шознам, да имав пари и мене убо би ми дошло патување. И после, овој човек, анксиозен, не можи да ги прати инструкциите на селф хелп книгата, нема физички присутен човек кој можи да му помогни - се фрустрира. Толку едноставно, уште еден слој проблем врз постоечкиот. Да отворам уште на една страна од книгава до мене, можи ќе кажам уште нешто, ама ми се спие. Добра ноќ, бидете среќни и не се срамете да побарате помош кога сте свесни дека ви треба. Сите сме слоеви на нерви, стрес, среќа, плач. И тоа е океј. Сите сме како кромиди и колку поќе не лупиш плачиме. И тоа е океј. Затоа не е срамота да се побара помош, зошто внатре во душата, не сме целосно скапани и има малку надеж.
Некогаш луѓето мислат дека знаат се за другите луѓе, ама не сфаќаат колку незнаат што им се случува во нивните животи.
Знаеш дека си во тежок ПМС кога одеднаш те фаќа тага и пушташ солзи на видеа од собиранка по повод раѓање на новото бебе во фамилија, ама одеднаш ти текнува дека ако беше во близина ќе го одбегнеше настанов пошто знаеш дека ќе те масираа за свадба, плата, деца...па од самата помисла на глупите прашања во истата секунда стануваш нервозна...а после во другата секунда се смееш и среќна си дека си се спасила од сите тие фамилијарни срања
Настинка, антибиотици, неспани ноќи од кашлица,анксиозност, стомачен вирус, ПМС,почина чичко ми со 3 месеци мачење во болница од рак. Животе ДОСТА Е!
Точно!!! И не само тоа и не се дилжни секакви видови на инсекти да бркаат. Случка во Охрид странци_германци се исплашија од оса па си побараа кенлерот да павка да ги брка па сиромав со менито се распавка и ги бркаше за да господата и госпоѓите да јадат на раат.
Кој заслужува насилство бе идиоти? Ајде сега нека се стави и обратна слика. Маж со боксови тепа жена и означувајте ги пријателките/сестрите/ќерките кои заслужуваат таков маж. Тогаш ќе биде страшно за гледање, а ова сега е смешно. Хах. Урлам. Прости се и тие лајкови што ставиле, и тие што се означуваат и тие што ја постирале сликава. Забава прават и се смеат на насилство. НАСИЛСТВО! Е*ави смислата за хумор неандерталска. Па кога видов дека лајк имаше ставено човек кој пред мои очи порано крвнички го тепаше син му со каиш... Ќотекот е излезен од рајот.
Станувам во 4 и 30,патувам до 6,до 14 сум на работа,дома во 15 и 30. Преспивам еден час,ама после сум како пијана кокошка. Не мислам,пукнав...
Сакам да кажам дека на 7-ми јули одам за Романијаааа. Конечно ми се исполни желбата да ја посетам и таа држава.. I'm happy person..