Најлошото чувство е кога ќе му се довериш некому и ќе му ја отвориш душата , бидејќи ќе ти рече дека те разбира за подоцна да се покаеш што си го сторил тоа. Ќе се покаеш поради фактот што ќе си го покаже вистинското лице. Ќе се чувствуваш празен и изневерен. Со текот на времето научив како да ги проценам луѓето. Доволно е само да ги погледам во нивните очи. Некои велат дека очите се огледало на душата, а јас би рекол дека тие се портал преку кој може да влеземе односно допреме до нивната душа. Имам допрено до душата на многу луѓе. Со некои од нив заедно со очи полни солзи се разбиравме со поглед без да размениме ниту еден единствен збор.
Време е да се стави крај на некои работи... Прости ми Боже што се молев толку многу да ми ги дадеш, а сега кога ги имам, сватив дека едноставно не сум вредна за нив...
И јас истото го доживувам. Ми ја изневерија довербата милијарда пати. Ама,научив да ги читам. Навистина погледот кажува се. Најлошо видов од луѓе кои ми се крв,а најдобро од човек кој го запознав пред 6 месеци.Со него се разбираме и само со погледи.Неговите насмеани очи ги смеат и моите. Понекогаш човек треба да му верува повеќе на странец отколку на свој.Мене јасно ми се покажа тоа годинава.
Моментално сум пресреќна, презадоволна со животот. Му благодарам на Бога..после бурата со себе гледам конечно сонце и минато оставено назад. Супер е кога после година-две се ослободив од теретот кој САМА си го ставив на грб. Али тоа е помина..
Сакам едно прашање да поставам, ако толку ви е битна љубов, зошто нема една жена со многу пари и наследство да не е мажена? Ахххх мажиња мажиња....
Без разлика дали е машко или женско ние сите сме разчични.Некој сака пари некој не.Не се сите исти и нема да бидат.
Спојлер: . Површно мислење... Ниту парите, ниту наследството не се пресудни за некоја жена да одлучи дали ќе биде сама или ќе има некој. Се препознав во твојата генерализација, а одговорот е индивидуален и е повеќе од твоето зошто А што ти е битно тебе, ако на мажите им се битни парите и наследството?
Веднаш се фатија за цитатов, коментарите погоре, можеби некој го допреа кај боли,или едноставно различно ги сфаќаме работите,но поентата на macencef , е дека нема само женски, туку и машки спонзоруши.Многу чест муабет на мажиштава е дека девојките се материјалистки, затоа.Барем јас така ја разбрав.
„Не значи не“ не се однесува само на секс, туку и кога некој ќе ви рече дека не пуши/пие/консумира било што, и кога некој не толку близок не сака (во моментот) да ви се отвори лично за некој чувствителен проблем, итн. Почитувајте го сечие „не“ и учете ги децата на ова, уште од мали, а посебно кога веќе се тинејџери. Respect other people's boundaries.
Не им се битни туѓите пари на сите машки,дека има и од тој тип има,неможам да одречам. Но има и немажени богати жени. Што се фатија за цитатот кога цитатот е прашање на членката. Не се фатија туку одговорија.
Многу ме нервира кога некој на каса од цела редица се прави паметен, дека наводно се брза, па ти прави жална фацичка. Е не ви паѓам на ова и мене ми е жал. Ако се брзаш и ти требаат само цигари застани пред тобако, а не во голем маркет каде со сигурност има ред. Друго да се брзаш со виршлите во рака е безсмислено. Ај да е за бебче да разберам, ама виршли?! А, и бабички, кога стоите на ред со три продукти а успат го чекате дедичко со полна количка, треба да го известите лицето пред вас, во маркетите за џабе нема три каси. Никој не е е должен да ве чека додека дедичко го шета маркетот.