Богати жени немажени, колку ти познаваш такви е вистинското прашање? И не, во контекст не е прашањето, туку стрикно дека жените читај и девојките, кои имаат наследство, фирма од тато или мама, имаат секогаш некој кој ќе сака да ги ожени. За такво богатство гледам, не ако жената има јака плата, па си обезбедила сите работи, за таквите симнувам капа. Оти на 35 или повеќе, машала,во Скопје можиш да најдеш одлична работа, да имаш обезбедено сама и стан и се. Значи да се појаснам.....и да, изнервирана сум скрос на скрос, и мислам цело време како да заработам пари, па нека се залепи некој и така. Макар што мислам дека зокито многу ќе ме осуди.
Имам еден познаник. Главен фраер беше во град. Повеќе му работеше долната од горната глава. Сите женски му се лепеа како млад. А него само пара и слава му беше во глава. Цел живот збореше како сака да се ожени за некоја богата, па макар и баба од Германија. На крај заврши со една бештија која не сака да мрдне од дома или пак да сработи нешто. Цел ден го мине по кафиња-мафиња, па одморче во Грција, во Црна Гора, скијање во Банско, кафанче, ресторанче, штикли, ташни и миничи. Братот почна и втора работа за да и ги задоволи сите хирови. Карма је чудо. Ако направиш пара, да ти дадам бројче, да го спасиш од мизеријата. Држи линија уште.
Хахаха арно му прај арно. Само некоја таква му треба и на тој што ми иди глата да му ја скршам. Е баш таква му треба. Апдејт, изгледа и на мама му имаше кажано за мене, се погодиме на иста свадба вечерва, со поглед ќе ме убиешее жената. Е таква снаа му посакувам неа. Оти знајш, мама е мама, како ќе речи таа.
Чекај да видам во тефтеров 10тина сигурно што имаат фирми,и немаат кој да ги сака.(а можеби не сакаат да бидат сакани) И да направиш пари,пак нема да бидеш сакана,туку твоите пари ќе бидат сакани,и тоа е тоа. Ако добро те разбрав што сакаш да кажеш Јас не сум судија да те осудам
СДК обично оние кои велат дека ќе бидат тука за вас во секое време - е тие први ве напуштаат, баш кога најмногу ви требаат #ДелаНеЗборови
Значи не можам повеќе да слушам... Ви петокот не бев на работа, бидејќи во, четвртокот имав болки во, желудник, дијареа и плус мијалникот го видов неколку пати. Нововработена сум, газдарицата ми рече не иди ако е вирус. Бев на лекар ми рече, вирус е. И седам, лежам дома и добивам вест за смрт на моја најблиска личност. Деновиве добивам и плачам постојано. На сета мака, моите се нервираат и ми префрлаат како работам во приватен сектор и ми виси работното време. Нервозна сум. Не баре јас сакам вака да ми биди. Нека ме избркаат од работа им велам. И ете кавга. Јас се виткам од болки, омалаксана сум, и сум на секој пол саат вц, а, тие?
Добро утро народе , олеее олеее . Нешто сум во еуфорија, не ми замерувајте . Нека потрае периодот, убаво ми е Абе, има ли уште некој ко мене смотан што јаде суши секој втор ден ? Изгледа ја претерав и јас, не е лошо да се преселам накај Јапонија
Не можам да ги разберам луѓето што првин те заследуват на инстаграм па после те бришат и после во рок од 15 мин.пак те заследуват
Со недели се обидуваш да си дојдеш при себе после сообраќајка во која животот ти се скратил, кога одеднаш пак пред тебе ќе се најде некое пијано говедо. Лево-десно, лево-десно...така возеше пред мене. Прво мислев доживува удар. На неговиот ретровизор му се гледаше лицето и човеков во телефон си гледаше, а не пред него...Па одеднаш кочеше, па брзаше, па лево, па десно. Свирнав и му блендирав да застане, а тој само ми мафна од внатре. Си ја извади раката на прозор. Не сакаше да застане, а раката ја движеше во ритам на некоја песна. Значи не му е лошо, туку е труп пијан. Возеше џип и за малку ќе удреше во велосипедисти. Не пушташе да го претицам. Ни јас, ни тие зад мене. Се смееше, забрзуваше, па кочеше. Кочеше одеднаш од чиста мира и буквално можеше верижен судар да направи. Возев полека зад него и се јавив во полиција. За прв пат се јавувам таму. Се тресев од нервоза и лутина. Им ја опишав ситуацијата и кон каде се движи лудакот. Зедоа податоци. Заминав по друг пат и не знам што се случи. Од срце посакувам да му земат и возачка, парично да го казнат и никогаш да не смее да вози. Пиј ко говедо, влези во кола и уништи нечиј живот. Остави му некому големи трауми. Остави некој за цел живот инвалид или полошо- убиј го. Ти пијан спаси се, а некој невин нека настрада. Животни не ви се рамни.
На форумов еднаш прочитав од некој ако возел пијан и удрел во некого не бил крив дека нели се опијанил и несвесно и без да се сеќава седнал во кола и возел...
Доказ дека македонскиот газда не го интересира за вас и вашето здравје е кога наместо да ви се јави дали сте опоравени и дали можите да дојдете на работа е моментот кога во порака ви кажува да дојдете на работа бидејќи ќе има гужва сабалјето
Кога некој хејта и се жали премногу од нешто што лично не го засега дотолку, испаѓа понегативен од тоа од кое се жали.
Луѓето немаат поима колку се злобни, грабајќи се за некои свои принципи. Немаат поима колку се злобни, наметнувајќи ги на другите, осудувајќи ги, правејќи го секој миг од нивното постоење неизмерливо тежок. Луѓето немаат поима колку се злобни, и колку нивните зборови можат некого да втурнат кон самоубиство. Не, вашите традиционални вредности се прекрасни, чувајте си ги. Ама не бидете злобни, а проклето многу сте.
СДК доволна е една искра за да запале оган, доволно е малку ветер да дувне и тој оган да опожари се околу себе...
Она кога ти е полна устата со ПУЦ ПУЦ, а директорот ти влегува во канцеларија со прашање... Марфи, кај си мамата твоја?!