Македонски синдром е секоја тема која не е ,,соодветна" да се става под тепих во надеж дека ќе срасне и претопи во ткаенина за на крај да стане вистина. Илузорно сеење среќа, пропратено со лицемерни позитивнo шмизлички фрази од типот - ,,Уај соу сириус беее?" ,,Чиз, смајл!" ,,Еиии, зашоУ не си хепи?" Она летово оди на Халкидики па во Чау Чау, и не знае колку куфери пара чевли и чанти да понесе. Big deal има цурицата, ставена пред тежок избор. Брат ѝ директурчето помпезно го лади со лепеза пушејќи пури од Колумбија. Нив кур ги боли дали ти имаш леб да јадеш утре, квалификации и квалитети. Нив им е само битна светата репутација, пошо кој како се снашол, нели? ,,Си ќутам јас за сВе, за да не изгубам работна позиција" као демек муабетот. Битно господата административци ја клинкаат вратата секој ден, и наместо да работат, денгубат на социјални мрежи, бројат работни часови до дома, па дури им се приспива од што им е здодевно зошто ,,нема што да се прави". Газдите инфантилни, тоа е велат и тие, таква ни е државата је би га, хе - хе. Психичката работа треба да биде напорна во проклетава вукојебина, другари. За да почнат да се поправаат дупките во секторите секој ден треба да биде претоврен во предизвикувачка сложувалка која вработените наместо да цедат природни сокови и се ,,офрешуваат" на топлово треба потејќи газ да ја решаваат, за на секој први да ги заслужат тие петстотини до илјада еура кои им стигаат на картичка. Налет сѐ. Држава изградена на темели од хипокритија, корумпирани лаги, гомнени бомбони и ништо не се менува. До кога?
А денес, од хрониката моја црна, мањачење на мајката на мојот бивши дечко, нормално од лажен профил на линкедин. А која е и причина за нашето прекинување....моја дамо, ти посакувам снаа полоша од тебе. Е само тогаш ќе биди карма ис а бич
Најхуманата работа која еден газда, менаџер или некој на повисока функција е да се грижи за севкупната личност на својот вработен. Жално е што многу од нашите, се прават ШЕФОВИ искористувајќи ги емоциите на вработените. Штета, што повеќето не се запознаени со поимот емоционална интелегенција. Позз до личноста што ме потсети на ова и ме освести со каков шњф ќе си имам работа. Бат, ај донт кеар. Не ти давам ни малку од мојата енергија. Ќе треба работа на себеси за контакт со ваков човек.
СДК вие сте важни и посебни на свој единствен и уникатен начин.Ако тоа никогаш никој никогаш не ви го кажал денес јас ви го кажувам.Вашите мислења се важни.Вашиот поглед кон светот е важен.Важни се зборовите кои ги чувате за себе бидејќи се плашите од туѓото мислење. Вашиот глас е важен.Вашите чувства се важни. Не се претерани,не се нереални, луди или наивни. Вашите чувства се всушност вие. Тие се вашата длабочина.Вашите мисли се важни.Важни се гласовите во вашата глава. Малите луди нешта што ви минуваат низ глава пред спиење. Важни се нештата за коишто тајно размислувате бидејќи ви е непријатно да им ги кажете на другите.Вашето срце е важно, без разлика за што станува збор.Вашите соништа се важни.Тие не се невозможни, не се детинести, не се неамбициозни и не се за секого. Вашата визија е важна. Важен е начинот на којшто сакате да живеете. Дури и ако вашите соништа се луди.Вашиот пат е важен.Тргнете по патот по којшто сакате, возете го автомобилот што сте го одбрале, возете како што сакате и слободно ослободете се од несаканите патници.Вашите проблеми се важни.Препреките со коишто се соочувате ја градат вашата сила. Сите исплакани солзи ќе ја исчистат негативноста.Вашата среќа е важна.Едноставните нешта што прават да се смеете. Важни се моментите што ви го одземаат здивот. Треба да ги барате и да ги пронајдете. Важна е вашата насмевка. Важно е вашето постоење.Тоа воопшто не е случајно. Вие сте овде и имате своја приказна. Вие сте овде за да оставите трага. Вие сте важни. Секогаш сте биле и секогаш ќе бидете. Можеби сте го заборавиле ова бидејќи сте опкружени со луѓе кои не ви го кажуваат, но вие сте доволно важни. се извинувам ако постов е премногу долг
Чудно као никој не кажуе ништо за логорине у Америка на граница кај шо чуваат имигранти, и ги двојат децата од родителите, и не водат никаква евиденција кии се ни чии се, и ги чуваат бетер од кучињана у Вардариште. А истите гомнари први правда делат за белосветски терористи и други од нивната бранша. Ако може еден астероид да ни ебе мамата. Фмп.
Она кога човек со искривени морални и етички вредности, а пред се и човечки ќе зборува за нечија ненормалност.
Наутро не можам да се разбудам оти ми се спие. Преку ден не можам да работам оти ми се спие. Ноќе во 2 кога би требало да спијам, мојот мозок:
Сакам да кажам дека денес официјално ми е скршено срцето. Менада ќе се затвора. 10 години од мојот социјален живот и должам на таа голема Чаршиска мајка. Ќе плачам, што да правам. И знам, ќе се отворат други места, ама ниедно ко Менада. Пулс на Чаршијата и мое кревко место во срцето. Таму се вивнаа Астални. Таму маж ми ми пушти ракија и ливче со шега. Таму играв сама на подиум дур Шурбе ми пушташе бразилски песни. Читавме до бескрајот. Се вљубувавме до бескрајот. Од вино и пијачки до мезе сливи со сирење до познатите фурнарини и помфрит. Пиво на шанкчињата надвор. Паломи и влажни марамчиња од децата низ Чаршија. Песни песни песни еден тон! На тие координати е запишана историја. Наша, заедничка. Ќе ме боли, ќе премине во нешто друго. Ви благодарам Силва и Ѓоко за местото што за мене е дом. Права менада, Голема Мајка во чиј скут сум засекогаш дете.
Однеси ме во вечноста, Барај ме сега,не вчера, Заборави на вистината, Излажи ме со смртта, Но не зборувај ми за љубовта, Научи ме на лагата и невистината Биди ми утеха за навек, а не само во патувањата на немирот Ниеден поглед не боли како што боли неискажаниот збор, Пронајди го мигот,знаеш оној кој е волшебен и вистински за навек, Не прашувај ништо, Молчењето зборува и она што не сакаш да го чуеш, Прегрни ме со среќата и остави вечноста да го стори веќе волшебниот мир...
Оти вака. Не знам дали оти е 3 по полноќ, или оти сум полу-накај-скроз пијана, ама многу безврска ми падна на душава... ја љубам и јас Менада. Ми беше Мое ќоше, мое скопско катче, збир на незбирности, сите чаршиски муабети, пиво и дупли пелинковец со портокал ко увек, прибирање мачиња, најубавиот келнер оти ФДУ-вците ми беа и останаа слабост , куп спомени и поезија исшкрабана во веце. Вецето од лево, уште знам на кој ќош е напишана мојата, која ноќ, и зошто. Си мечтаев оти ќе го седнам и Него, во комбинација со Капан Ан, да види кај му израсна девојчето, на помфрит и попладневен џез. Ќе се сеќавам со насмевка. Можда само тоа и е важно.
Гледав емисии за колите во Германија.Едната емисија беше колку многу ги враќаат километражите.Тоа не ми беше чудно.Ама од 290 000 км на 87 000 е веќе многу.После тоа пак ја продаваат истата кола и кога ќе ја извозат пак ја врќаат кимометражата или ја носат на отпад.Што прават со отпадот го носат во сиромашните афрички земји или во Бугарија. Па во Бг ја враќаат уште еднаш километражата и ја продаваат.Така ние си купуваме поволни коли од Бг.Па после воздухот е загаден
Сакам да кажам дека е доста веќе.Мора да сватиме дека нема време за депресија.Не ми е гајле ако сте депресивни и на никој друг не му е.Прекинете веќе да се сожалувате и да велите дека некој не ве сака,бидејќи да секако дека не ве сакаат.Но сепак на кого му е гајле за тоа?Мене не ми е.Време е да се разбудиме и да сватиме дека ова нема да се повтори.Нашиот живот нема да се повтори.Доста е веќе со глупости за вери за полови нееднаквости за пари.Време е да сватите дека сите имаме право да го живееме нашиот живот како што сакаме.А то кој што се мислиш дали да направиш нешто затоа што не припаѓа во границата на нормалата направи ГО.Знаеш ли зошто?Затоа што правилата се да се прекршат!Но кога ќе размислам подобро...кои правила?
Ќе се согласам дека е доста веќе. Ама доста е од личности кои мислат дека некој сака да страда од депресија и целта му е да се самосожалува или да го сожалуваат другите. Затоа и во реалноста не се доверувам на никого. Овде се имам доверено и сум сфатил дека тоа е една голема грешка. И да потребно е будење, ама од поинаков тип. Будење на способноста за правилно расудување и мислење .
Хахаха за жал има многу луѓе кои се во депресија за некој друг да ги сожалува.Секако дека има и луѓе кои се навистина во депресија.
Менувам 46 степени, веројатно кој сака и плажа и море и базент за 20 степени. Сдк Е сега да прашам дали може да отворам фрижидерот и длабокото и да седнам на еден стол до нив или сепак не може
Прочитав пред некое време коментар од вработена во ЗОО за покачената цена на картите.. беше нешто во стилот - па во Холандија се 800 денари па луѓето одат, а тука 80 ви се многу. Многу е кога за се треба да доплаќаат, парк на диносауруси уште 50 денари, мини зоо уште 20... Сирота таа изгледа врска нема дека во Холандија најчесто се 24 евра.. ама изгледа врска нема ни платите колкави се Уште да се грижеа толку многу за благосостојбата на животните како што се грижат за покачувањето на картите, животните ќе беа пресреќни
Леле- леле колку имам да кажам за зоолошките. @Dust Ако веќе креваат цени на карти, мене лично не ми смета, ама последно кога бев условите на животните сеуште беа мизерни. И сакам да одам, да давам пари за да придонесам покомотен живот на животните, ама немам срце да ги гледам во онакви страшно тажни услови.
Исто и јас! Затоа и ме изнервира коментарот Немам проблем да дадам не 80, ако треба и 100ден ама да има зошто.. Вака и 50 им се многу за нивната "посветеност"
До лани чинам беше кога одев и редовно, можи и оломнани да беше последно кога бев. И онака ако порано ме праеше среќна да ги гледам животните, ми се плачеше. Буквално ги гледав и ми се плачеше. Демек кенгур имаа донесено, кога го видов кенгурот, и за него ми се приплачи. И последно тогаш бев, и сакам да одам во зоолошка, ама не тука. Ова зборам за Битола, не вервам негде помизерно да е. Животни да се гушкаат со ѕидот за да се изладат и вода да не му е турена кога му се испразнала. Е ако то не е тажно и мизерно, не знам шо е веќе. Барем за вода не треба многу.