Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.027
    Пред добри 5-6 год.Горјан Петревски беше гостин во тогашното ми основно училиште.
    Со себе носеше ,па би рекла еден добар куп на книги.
    Се сеќавам отидов во библиотеката и првата книга што ми го повлече вниманието беше Исти очи.
    Нормално ја купив и г-дин Петревски во тој момент влезе во библиотеката и седна на столче и еден по еден ја полневме редицата за неговиот потпис.
    Кога дојдов јас на ред ме праша како се викам,му одговорив.Ме погледна така мило а за мене чудно и ми раскажа дека во Сарајево напишал книга баш по тоа име.Ми рече дека неговата книга доживеала голем успех,ми го посака истото и на мене.
    Но тоа не беше се, предната страна од книгата целата ми ја изнапиша и каде цитирам На.....да стигне до најсреќните ѕвезди. најмногу ме изненади.
    И сега кога и да ја преуредувам мојата мини библиотека секогаш ја отварам книгата и го читам тој дел.
    Таа слатка реченица.

    Нека ви е убав денот и ви посакувам и вие да стигнете до најсреќните ѕвезди. :)
     
    На Doozy, Elennaa, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 30 други им се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.008
    Пол:
    Женски
    Од грешки при куцање, „смао“ најмногу ми оди на нерви.
     
    На Elennaa, prettyliar, LittlePinky и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    Неодамна во оваа тема,Cigarce имаше напишано еден пост во кој се најдов комплетно...
    Знаете ли колку е тешко секојдневно да се будиш со огорченост во душата,а сепак да ставиш насмевка на лицето како животот да ти е совршен?
    Се смееш,а душата ти плаче.Ама не можам да плачам.Бидејќи плачењето е ранливост,и јас ако плачам нема кој да биде столбот што ќе ги држи нив заедно,јас ако плачам тие ќе плачат дупло.
    Затоа испуштам горки солзи за време на филмови,да не се открие вистинската причина.
    Материјално богатство имам,за тоа никогаш немам се пожалено,ама љубов и блискост,тоа се непознати зборови за мене.
    Не зборувам за дечко,зборувам за онаа семејната,уште од детството кога се однесуваат со тебе ладно и незаинтересирано,како да си некој туѓинец а не негово дете,впрочем мислам дека и робот би имал повеќе чувства од него.
    И знаете,и јас завидувам на оние што се мислат што да облечат за излегување,додека јас мислам дали да излезам и воопшто да се вратам во тоа дувло...
    Ама мора да се вратам,бидејќи како и да одат работите,без нив јас не сум ништо и никого,и порадо би патела се,отколку јас настрана да седам,а тие да страдаат.
    И кога малку ќе дојде ситуацијата на подобро,се терам себеси да мислам позитивно,да заборавам,ама не може.
    Кога е уништено нивното детство,нивната младост и мојата,никаква иднина не може да стане преубава,секогаш ќе ме прогонува сенката на минатото.
    И додека тој седи,лежи и ужива и пробува да ми купи наклоност со скапи подароци,јас седам пред компјутер,размислувам како да успеам во животот без него и како да ги извлечам и нив додека не станале како него,бидејќи сепак крушата под круша паѓа.
    Нема да ме види како клечам,ниту како молам,без разлика колку удира и вика,бидејќи знам дека карма постои и ќе врати тродупло.Ако не карма,јас ќе вратам.
    Одмаздата не е лек за душата,ама кога немаш ништо да изгубиш,само таа и преостанува.
     
    На anggell, eliesaab, poenta и 2 други им се допаѓа ова.
  4. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Вчера (Петок 13ти) два вола успеав да ги исплашам со приказни и факти за духови |( :D Едниот 100 кг, другиот 2 метра :D Иако јас верувам во такви работи, вие не верувајте. Верувајте ми така е подобро :!:
     
  5. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.519
    Допаѓања:
    18.510
    Пол:
    Женски
    Веќе не јадам, ќе умрам од глад ако требаа ама барем ќе умрам слаба! :lol:
    Не шала на страна. ептен сум здебелена, и треба да се потрудам малце повеќее за да сојдам до посакуванаата цел!
     
  6. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.442
    Допаѓања:
    16.900
    Времево-ПЕКОЛ! Не го дочекав Коста Петров,не можев..ќе припаднам од жешково...мн ми се вртеше...битно го испив кафето се видов со една другарка-муабетче,нескафе,луѓе...од кафе се прошетавме низ плочник....децата шутираа на гол од Пепси....капчиња,маици,привезоци...кефојни :D
    Оттаму заминавме кај Александар Македонски...супер идеја од Фитнес Енерџи :) ...ама луѓе жешко е,од 10 и 30 до 2 и пол се вежбаше....немаше многу народ....и плус менатлитетот не ни е таков....

    И за крај....сеуште не ги разбирам луѓево со чекирањава...5 чекори си пошол и таак одма на фб..кај си со кого сти,шо пијаш...А ШО Е БИТНО?
    Живеам в центар и се ми е на дофат...не ни се чекирам,а некој далеку што живее ко ќе ми се “опни“ кај-пицосана дотерана,погодена,сликана на фб..ЛЕЛЕ МОРИ МАЈКО,си испила кфе? Жити се? :D
    А шо корисно напрај денеска? Трачареше? :D
    Јас попрво би сакала да го искусам,да го почуствувам,да присуствувам на настанот,на пиењето кафе,на разговорот отколку важноста на лајковите...Секој со свои сфаќања....
    Peace ! 8)
     
    На eliesaab и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  7. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.473
    Допаѓања:
    35.105
    Пол:
    Женски
    Како прво, ме немаше може 3-4 дена. Не сакав да пишувам тука, после тоа што се случи во темата Модни критики. Но еве ме пак, и со рака на срце, барам прошка од вас. :) Секако, ако можете да ми извинете што зедов други слики и поставив таму. Сите грешиме, и се надевам дека ќе ми простете и ќе си комуницираме како пред тоа.
    Јас многу се извинувам што така направив. Си ја признавам грешката. Да, крива сум. Од дома така ме научија да си ја признаам грешката секогаш кога сум крива, па еве и тоа правам.
    Се надевам дека ќе ми простите. :) :f:
     
  8. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Ах,колку е 'убаво' кога ќе ти се пореметат сите планови кои си ги имал за лето.
    А,уште поубаво е кога ќе слушнеш поради колку глупави работи се тормозиш самиот себе.
    Во меѓувреме,се мачам во здравствени болки и читам книги.
    И се убивам во убавина од стиховите на Foo Fighters и Radiohead.
    [​IMG]
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Наочари за сонце, кои пред да се стават на очи, друг го/ ја гледаш облечен/а, а кога ќе се стават може и да го/ ја видиш по купачи, ами ако некоја пример има стомак и го стега со мидер, па и викнеш „ шо го стегаш мор стомакот“, а вака се прави демек нема стомак и едвај дише :rofl: Оф, смешки :D
     
  10. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Ај пробај со овие дури не се стопиле :D :wasntme:
    Инаку, еднаш комшијата кај ме доблагослови кога ги пратив летото швабиците во викендичката :D
    Со едни стакла ги видел топлес ( со двоглед) :geek: недоделканиот ги гледал од на дрво качен :D


    [​IMG]
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    Вчера бев кај блиска другарка на гости. Имаше убав повод па не собра женско друштво да части. Бевме измешани, некои од средно некои од факс... Добар дел од гостите не сум ги видела одамна, па секоја имаше нешто што да каже, де работа, де дечко... И да ви кажам искрено, секоја од таму присутните си ја испоистоветив со некоја форумџика (можеби некоја навистина и се поклопува со одреден лик овде) :lol: . Не сум размислувала на ова но интересно ми беше тоа што во една соба имаше секакви карактери, различни стилови на облекување,размислување,изразување, нападни, фини... исто како и тука.
    Не почасти со слаткиши како нашите до темата Специјален поздрав 8)
    Дури, за спојката да биде поадекватна, другаркава-домаќинка, имаше сестра матурантка која ни се придружи на кратко и прокоментира нешто за екстерното и славењето.. :lol:
    Е ај после кажете како да не ми текне на вас? :wasntme:

    Ваша М, :makeup:
     
    На Lella и sofijanoka им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.264
    Допаѓања:
    67.833
    Пол:
    Женски
    Денови ли се денови... Спарни, топли, развлечени.
    Јас привршив со обврските, што успешно, што неуспешно, никогаш не може да биде се под конец, нешто мора да фали.
    Конечно лето, сега подготовки за одмор, најубавиот период. Секоја година со маж ми се токмиме да одиме и никако да си ги исполниме плановите, ама годинава барем тоа ќе го оствариме. И не знаете колку се радувам. 8) Ко дете сум што ќе оди на првиот одмор. :D Ама толку долго не сум видела море што може и да се рачуна како прв пат.
    Ќе се оптегнам на плажа, сонце пече, мирис на море, книга во рака, па пливање, па шетање...
     
    На anuskaNESTLE, Doozy, Abeja и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски

    Фала :D Шпиунирал :D се изнасмеав прееска, што нема да им текне, за продажба, ама тоа е, снајди се, па живеј :D
     
    На ozbilnazena му/ѝ се допаѓа ова.
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    сакам многу нешта да споделам со вас ама од каде да почнам :D
    си размислувам се почесто каков би ми бил животот на мои 30, 31 година
    стан, автомобил, можеби и мал бизнис-ама со моиве-кој блиску до пензија кој па ептен е блиску нема шанси :shake:
    ми е потребен цел тим за тоа другарките и двете се невработени како тоа би се реализирало
    па после си велам чекај има време треба да го спасувам факсот-смислив нешто ама и за тоа треба финансии и се каам зошто не сум пробала порано-малку се е како Гокица замишљаама ете си планирам
    па видекемо шта ке да биде :)
    иако ми се ближи роденденот не ни знам кај ке го славам, ниту што ке правам тој ден :rofl:
    а камоли за понатаму-се е некако од денес за утре :!:
     
  15. mileystar

    mileystar Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.101
    Пол:
    Женски
    Најмногу мразам луѓе кои не го исполнуваат она што ќе го ветат.Дајте бре луѓе,подобро не ветувај ништо,каже не,дека не можеш :@
    Или подобро е некому да му дадеш лажна надеж,да,да тоа е подобро!!!
    Распуст,со душа го очекував.Но сега,повторно иста песна,ќе станеш,ќе јадиш,по цел ден ќе лежеш и ќе гледаш по 1000 филмови,и пак ќе си легнеш.Living the dream,yeaahh :x
    А планови имаше ехееееее,таму ќе одам,тоа ќе правам,хаха,ама еве пак лежам на креветот заедно со лаптопот.Не сум сама барем :D
    Но така се чувствувам,ми недостига другарка ми ,која е многу далеку од овде.Би сакала да беше овде и да почневме да ги реализираме тие планови,но заедно :$ :l:

    како и да е ,ви посакувам убав ден :*
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.850
    Допаѓања:
    101.582
    Пол:
    Женски
    Една работа не ми е јасна и разбирлива...зошто некои од мајките кога зборуваат за своите деца зборуваат во множина на пример цицаМЕ,јадеМЕ,проодуваМЕ,вадиМЕ заби,мочкаМЕ,....
    Детето си има своја личност,сте биле едно дури ви било во стомакот,откако ќе се породите станувате две души,две тела...
    И до кога така ќе се поистоветувате со него,од љубов,од милост од што ли е...
    Јас лично никогаш не сум зборувала така,секое од нив си е свој карактер и личност.
    Навистина не разбирам [​IMG]
     
    На Abeja, Lella, Monna.Monna и 22 други им се допаѓа ова.
  17. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Couldn't agree more! Ручкавме, какавме, мешето не болеше...И речиси секој збор го преобразуваат во неговата деминутивна форма, ама и кога зборуваат во прво лице, но во името на детето :^) "И така јас и се смеев на мамичка" :D
     
    На bubamara12345, calliope, LittlePinky и 3 други им се допаѓа ова.
  18. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    ^Хаха, и јас бев тргната за ова да пишам пост :D Никогаш не ми било разбирливо, не е ни слатко, чудно е и глупаво.
    Исто и со сликите: Еве не нас - слика од бебето. Вечераме - слика од бебето, спастираме - слика од бебето. Зошто и од кај излезе тоа? Можеби некој ќе се најде навреден, ама тоа е мое мислење.

    Туку цел ден го преседав така, никаде не мрднав, а баш беше добро времето. Ај, деновиве :D
     
    На bubamara12345, Umbrella22, lunicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.029
    Допаѓања:
    36.100
    Пол:
    Женски
    СДК... Ако навреме го сфатите значењето на семејните вредности и ја почувствувате хармонијата на блиските, ќе знаете како да создадете сопствена животна идила.
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046