Манијачки никој не треба да те загледува до степен страв да почувствуваш или непријатност, ама нема разлика постари или помлади. И постарите се луѓе со очи и сетила а флертот не е забранет. Дали има жена и деца дома тоа ваша работа не е доколку не ви е во план да се вклучите во флертот. Ако си -за, флертувај, ако -не, игнорирај. Сексуално вознемирување е друго. Но затоа што тебе постарите ти се гадни и одвратни, еден флерт не ги прави нив предатори.
извини ама секој може да се загледа во некој не е забрането,ама тоа да го прави неприметно. ако јас покажувам знаци дека ми пречи тоа зјапање а тој упорно го прави тоа,не е во ред. и некогаш игнорирај не помага.
Една моја блиска пријателка пред неколку години ја стегнаа јаки болки. На болница ја задржаа, слепо црево било во прашање, требало да се оперира. Кога веќе ја отвориле гледаат дека уствари не е слепо црево во прашање, туку загноен јајник. На сред операција ја вртат цела болница за да најдат гинеколог. Претходно два пати гинеколошки ја прегледале и ко демек не било до тоа, слепо црево било и точка. Јајник се третирало со терапија, а не се оперира (освен ако не е лошото, не дај Боже, се оперира или се вади скроз), па така фино лепо ја закрпиле и пријатно. Отвори-затвори на човека му прават само едно "ѕа" да му кажат, ко кола за поправка да е. Рана што ќе си ја носиш за цел живот, за ЏАБЕ. Македонското здравство што цел квалификуван кадар му работи во Германија и денар нема фрлено за да го задржи и да му ги подобри условите за работа во земјава, наместо тоа ќе субвенционира луѓе што сакаат да си го сменат полот. Ништо лично према луѓето што се гледаат себеси како единки од спротивен пол, ама за "напредна" земја како Северна Македонија ова е трагикомично. Прво кој е експертот што ќе би извршил таква операција? Или можеби ги токмат за во странство субвенцииве кај што можеби и 100 000 евра кошта таква операција. А и кој е тој што би се осмелил да си смени пол имајќи во предвид дека родилки од сепса умираат во 21 век. Раѓање. Природно. Ниту болест, ниту операција, а во Македонија ти носи смртен ризик, пошо неоткриена и за светов нечуена бактерија можиш да закачиш по болнициве наши. Установи, кај што овој напатен народ моли Бога да не стапне, дали некој со ќеиф и со доверба би отишол таму за да смени пол? Работава ми е куќа немам, чекај чергиче за пред врата да си купам прво.
Нив ги удирале родителите, ги контролирале и ограничувале, ги критикувале за сешто - ама ги ценат безусловно и за сѐ им благодарат, ова ги направило „посилни“ и „чесни“ личности. И истите тие пракси и они сега ги поддржуваат и им ги наметнуваат на другите како нормални. Болат вакви млади луѓе, жално и фрустрирачки е да се слушаат и читаат. Ако воопшто и можат млади да се наречат. Магичен круг на патријархална бљувотина од вредности, на насилство, скратени крила. Не бидете дел од него, не го продолжувајте, break the wheel instead.
Во кафич застануваме јас, дм и другар му да ја платиме пијачката пред да си одиме. Еден пар дечко и девојка (кои бај д веј ги знам) упорно се пулат во нас. Девојката се сврти да му шепни нешто на дечкото, тој погледна пак во нас, се насмеј и пак неа и се сврти да и кажи нешто. Не знам што им беше проблемот. Како можат некои луѓе така не знам. Наместо нив да им падни незгодно бидејќи ги забележав дека за нас зборуваат, мене ми падна а тие си продолжија. Не ми е поентата дека ова ме тангира многу, туку фактот колку некои луѓе се без осет кога озборуваат, некогаш до толку што нема срам упорно да те гледа дури озборува за да забележиш. А дека ми се тие битни, воопшто не ми се. Ги знам кои се и што се, и знам дека не се ни први ни последни што прават така. Ама секој за себе си прави.
Добро е што Војо го имаат во скопска зоо сега Ако некој сака и знае како - тој е Јас лично не би да има воопшто никакви зоолошки, може резервати само. Немаме реална потреба од зоо, жално ми е што ги чуваме како затвореници... тие суштества се диви, родени слободно да трчаат, а не во кафези да џмијат.
Се изнервирав самата зашо не си стојам на збор коа ќе си дадам задача да ја исполнам.И мразам коа ќе речам од утре и така животот ми поминува, а јас постојано од утре кажувам. И нишо не праам. Заостанав и се закочив во времето со некои работи поради себе. Морам да праам нешто да го менам ова, зашо не иде вака повеќе.. да си ги фрлам деновите безпотребно и мрзеливо. Морам да кажам стоп.
Битолчанки, Битолчани.. отворени и расположени за разговор и работа, за подетални информации пишете ми во ЛП. Ве очекувам.
Не ми се мене одвратни постарите луѓе немој да извртуваш муабети и да ми правиш психологии и анализи, одвратно ми е некој постар да ме зјапа и да си ја лиже устата, да ми застанува со кола на сред пат, да ми свирка и воопшто да ми се понаша настрана малце од нормално понашање меѓу двајца странци. Ако ти можеш да игнорираш или да флертуваш со нив слободно што ти душа сака прави, мене ми е одвратно, гадно, бедно, ненормално тоа и НЕ не затоа што мразам постари луѓе, супер ќе биде да не си некој лик навлезен во психологии зошто не те бива ич и мразам и многу други работи што можеби ти ги обожаваш и мислиш дека нема смисла, мислење секако нема да ми смениш. И адни ме следен пат, се обраќаш со ти во мислење што лебди во воздух.
Во свет полн со општествени притисоци, наметнати правила, испрани мозоци,тесни погледи и умови, јас сум слободна. Мислам со сопствениот мозок.Сама носам одлуки. Живеам за себе. Слободна сум.
Ја не знам шо толку простава раја се пали демек педери се Сдсм оти бесплатна ќе биде промена на пол, а не операција на кичма. Знаете колку луѓе ќе сменат пол, а на колку им треба помош со кичмата? Да,добро утро. Никој не го боли кур ни за едните, ни за другите. Ајт.
Pederska drzava imame jbg narodot umira za leb oni polovi ke menjavale pederska drzava, so ne fane zaev da go smeni polot tuku aj go odobrija toa za menjavanje na polovi ama nenda go plaka fondot toa treba sami od svojot dzeb a ne od drzavni pari
Додека дечиња, млади и стари, се оставени на милост и немилост на хуманоста на граѓаните, дотичните ќе менуваат пол со пари од државата. Од Наши Пари. Од што? Од бес. Додека другите умираат чекајќи да им бидат одобрени средства за да се оперираат, додека се берат пари преку пораки, јавувања, жиро сметки, додека живеат во исчекување дали ќе го преживеат утрешниот ден, парите кои (би) требало да се наменети за нив, одат за безвезни и непотребни интервенции. Било психички тешко да се живее во друго тело, да не се осеќаш свој. ОО душебрижници тие, колку е само лесно да умираш барајќи помош и да наидуваш на затворени врати кај и да тропнеш. Ама сакавме Европа, еве Ни ја европа.
Те викат на интервју за работа Одиш Ти кажуваат дека немало сега да вработуваат можеби од есеноска (А да не ми го трошевте времето можеби? М?) Плус на сето ова арогантно понашање Плус оглас даде за асистент за помошник а одиш таму барале сепак помошник ама да имаш искуство 15 години.. Се си е...о мајката ..
Мајката и детето се раѓаат заедно, во исто време зашто пред да се родиш како мајка си била само жена П.С. Мислава ми се вртка во глава одамна.Денес добив инспирација да ја пишам, колку да остане забележана.Да знаат сите жени дека еден ден уште еднаш ќе се родат
Колку и да сум за избор, за секој да си прави што сака, сметам дека ова што го направија бесплатно менување на пол е голема глупост. Како можи бе, болни луѓе да умираат барајќи помош, ние да собираме сретства за нив наместо тоа да го покрие државата?? Извинете ама приоритет треба да бидат овие луѓе пред оние кои сакаат пол да си сменат, бидејќи на вториве не им е загрозен животот ако не си сменат пол одма. А и што има јас да му плаќам на некој пол да си смени, тоа е лична, приватна работа и не ме засега мене! Ни никој друг for that matter. Немам ништо против тие луѓе навистина, ама ова е премногу жално. Нервозна сум, зошто досега вакво нешто не се направи за оние кои се борат со смрт која секој момент може да ги победи? Оние кои треба странство да се лекуваат бидејќи многу стручни сме тука? Зошто овие луѓе не се приоритет? Ова не е во ред, не.
После реакциите на јавноста,сепак се премислија Еј замисли јавноста ја послушаа. А мислат дека сме глупи, дека од сабајле кога стануваме нафта пиеме.
Една мисла од летен мозок: Ми се јаде шерпа сладолед и нема ништо поубаво попладне избањат да си седнеш дома во пижами, а двете овци што ти се на број да го пуштат Сантана или Френдс