Кога си во мака, не икона, библија ќе носиш у џеб... Нивни проблем... Мене влошка ми се дешава меѓу нешто да ми се пикне и да ја извадам на мегдан... Ама лична работа е.
Не само што улошка знае да се извади на мегдан, ако на пример на каса се трудам да бидам брза и да не правам застој, туку и цел пат накај дома ја шетам ако дете ја дофати. Со кој памет се исмеваат на пациенти, на луѓе што е јасно дека утеха бараат во религијата во таков(можеби многу тежок) момент. Мизерија.
Не пратам Твитер па поима немам кој/а е оваа личност, ама чим доживљај и' е икона во книшка, изгледа нема доволно работа. Сфаќам кажување на мака од работен ден, го правиме тоа сите... ама исмевање со пациенти не оти нешто лично кажал/а, колку што е глупа "смешката"
Муабетот на лилит го сфаќам. Од очај да оздрават ајде де. АМА ВО ИНДЕКС.. Извини драга ако не седнеш да учиш и сите светци по абецеда нареди ги, џабе ти е.
Не научија моиве и не научија дека крем не се чува во фрижидер. Јас го вадам, они го ставаат. Јас го вадам, они пак го ставаат. Денес си идам дома и го барам кремот на шанк, го нема. Отварам фрижидер, пак таму. Сеа наместо да го мачкам, треба ко коцки да го сечам. Е нече мочи више вако!!!
Икона во книшка, идат на доктор, докторот ќе им помогне а заслугите ќе ги препишат на светецот/светицата од книшката.
Имаше и meme ама да ти кажам искрено, на Господ заслугата, на докторот вискито. Второво ме иритира. Првово не баш.
Абе порано и јас ко вас бев, не ги сфаќав. Ама после некако почнав да ги сфаќам. Не дека јас носев икона у книшка, НО ги сфатив тие луѓе што мораат нешто екстра да носат со себе за да си ја појачаат вербата, пред се во себе, не толку во светецот. Некогаш ни треба трет елемент да вклучиме за да ја зајакнеме вербата. Јас кога одев на испит, слушав една песна задолжително пред испит. Не е исто? Исто е. Исто така имав навика да повторувам пред спиење и книгата под перница да си ја ставам, не дека нешто нели... ама ритуалот ми давал мир и верување дека ќе пројдам како некој си таму испит кога сум поминала супер, а така сум правела. Или луѓе што носат крст у кола на ретровизор. Или се што носиме на себе или со себе како амајлија за среќа. Чак што више, предмет од драг човек е исто што и ова, само што нема религиски предзнак, ама ние веруваме дека ни носи среќа. Така да... да ги оставиме луѓето да си постојат со своите верувања. Имам став према фанатични религиозни луѓе и према лицемерни, но тоа нема врска со ова. И еден пример, како баба ми мисли дека ми помогнала. Пред да ги добијам последните подобри резулати била на акатист на св. Јоаники во соборна, секој вторник имало и се носеле 5 лепчиња, се пишувале имиња на блиски, се отварале мошти и не знам веќе што... У очи на тој догаѓај јас бев во колапс и више кренаа раце, да не објашњавам што реално се дешаваше. Оди женава на тоа, носи лебови, чуда, не знам што, за недела дена после тоа се опоравив. Она верува дека она ми помогнала со акатистот, јас ја оставам така да верува, ама нејзината верба дека јас ќе бидам добро додека мене ми беше лошо, мене ми даваше сила. Така да... причините може да бидат различни, но објаснувањето е сосема логично и просто. На темата со вадење глупости од ташна у незнаење... влошка на деловна вечера, више кога ја спомнав... ќути не прашувај...
Јас скроз ги сфаќам де. Ок ми е. Ако им дава тоа надеж, волја, што имам јас да судам? Еден од омилените подароци во животот ми е крст нанижан со монистри, ми го направи пациентка додека лежеше во болнички кревет. Оти сум била добра со неа и се сеќавала на мене. Ако не па да и го вратам оти јас не верувам? За мене тој крст има друга симболика. Дека моето добро однесување не е залудно и допира до луѓето. И не ми виси на ретровизор, ама ми виси на клуч од кола. За најмалку два пати дневно да се потсетам како треба, оти е прелесно да заборавиш. За да си гомно со болни луѓе нема оправдување. НЕМА. Ќе се сретнеш со секакви, и такви што ќе ти иде да мавнеш се' од земја и отказ да дадеш, ама тие не се сите. А сите заслужуваат хуман и човечки третман, без оглед кои се, што се, колку се паметни или не.
Така е јас разбирам. Ама еве пример ми беше најблиската колешка. Ептен религиозна беше. Учеше многу. И пред секој испит/колоквиум прво поминуваше во црква да запали свеќа и обавезно во индексот имаше икона од Богородица. Секогаш положуваше со добри оценки/поени ама учеше многу. Не дека ја подржувам ни дека ја напаѓам - ако тоа и влијаело на психичка база дека ќе положи или дека ќе напише се, ја оправдувам. Битно е она во што си верува тоа да си прави иако сите знаеме како можеш да положиш
Нека си носи кој што сака, ама има луѓе кои не би ја вреднале воопшто лекарската помош која ја добиваат, а заслугата на амајлијата би отишла. Нешто како после ин-витро и цел вложен труд, вели Господ помогнал. Па има и друг, не само Господ.
Знаат де дека има и друг, вискито во црква не го носат Поголеми проблеми имаат докториве наши од делење на заслуги со Господ