Најискрено, воопшто не ми се допаѓа како се даваат совети на форумот, посебно во љубовните категории. Некој ќе праша нешто, и одма со осуди, па глупа си, па не ли ти е очигледно... Не прашуваат за џабе, дали поради тоа што не се свесни за ситуацијата или едноставно мислеле да постапат некако па им треба дополнителна поддршка итн. Осет малце.
Ако е румштанглава доктор, јас сум астронаут мајке ми. Па вака грозно човече да биде доктор, па гинеколог бе, леле бе! Читнав и јас надоле, очај! СДК Од кога електрични тротинети се возат по улица? Ако се возат по улица, каде им е кацига за почеток? Вози типот 20 на сред главна улица па реши дека треба да ми пресече пат, за малку од кола ќе ми се акнеше Сфаќам јас оти сте модерни, ама тротинет на велосипедска патека да си возите, а ако веќе морате на улица како велосипедистите, тогаш имате најмногу 1 метро од десниот крај на лентата. Не по среде лента 20 да возите. И да. СДК поголема глупост од возрасен на електричен тротинет немам видено. И не сфаќам која е предноста. Споро е, а и прилично небезбедно за на улица.
Денес сум наградена со трофеј „Неуморен ум”, а баш во последно време сум спротивното Најдобар изум се мачките, музиката и сладоледот
СДК никогаш не мешам наука и религија, може е иронично, ама да, користам се што денес ми овозможила науката за модерен и современ живот, тука ја сврстувам и медицината, да докторите и медицината, многу пати ме вратиле во живот, ме вратиле назад од голем психички колапс, и од ред други физички болести, и сеуште ме враќаат... Ама знаете што? Јас лично, секогаш кога ќе доживеев ужасни панични напади, напади во кои на почеток буквално бев жив мртовец, јас кога ќе се свестев секогаш му се молев на Бог, а безброј пати со молитва сум се научила како да ги контролирам и враќам назад тие напади за да не бидам жив мртовец... Кога пред две години ме задржаа на болница, од каде што имам ужасни трауми и искуства, после десет дена од таму на нозе излегов благодарение на докторите и сестрите, ама уште првиот ден ги пуштив моите да однесат дарче на икона за мене и да запалат свеќа... Кога внуците ми гореле од температура, иако ги носеа на доктор и им ставаа ладни облоги и даваа сирупи, јас бдеев над нив и им читав молитви, и секој пат одев во црква и оставав по некое ситно дарче молејќи се за нив... И кој смее мене сега да ми ја одземе оваа надеж, или да се исмее со истата??? И дури сум жива ќе верувам, и ќе се надевам на помош од двете работи, прво во Бог, а потоа во науката и медицината, и дури сум жива ќе фалам совесни и хумани доктори кои ми помогнале мене, или на било кој друг.
Родители што викате со погрдни зборови по своите деца во јавност, заслужувате по терк на онаа групата за сообраќај, да се отвори Ѕид на родителскиот срам - па со аудио снимки (оти ај, сепак имате право на приватност) да ви се нотираат бруките. Осет да се немало...
Воопшто не сте во право кога зборувате така за полицијата. Зошто? Бидејќи и над нив стои некој надреден и им диктира кој смее да се казнува, а кој не. Имам во семејството полицаец кој воопшто не поднесува такви неправилности и при сопирање не гледа кој на каква функција е и чиј син е, политички неопределен. Го сопира синот на градоначалникот, пијан и вози над дозволената брзина, го казнува за после неколку дена да го преместат во внатрешна контрола под наредба на градоначалникот. "Казната" траеше може еден месец и ок, се продолжи нормално. Сега пред некој ден на радар фаќаат возило на господин од политиката, и нормално и него му пишува казна бидејќи и да сакаш да го прекриеш прекршокот на радар неможеш. После пола саат добива телефонски повик од началникот и пцовки еден куп, како може да го казни "големецот". И си доби уште една казна, го преместика во друг град, му ги скратија ноќните смени и не работи за време на викенд(со тоа автоматски му се крати и платата). Сите знаат дека нема никаква вина, ама неможат ништо против началникот и неговите одлуки. Заклучок, полицајците кои "ништо" не работат, подобро поминуваат кај секого. Се извинувам за долгиот пост, ама овие денови сум така исфрустрирана од нашата државичка и овакви коментари ме вадат од такт.
Исто,сестро. Имам голема фамилија,ама што дека... Барам поддршка,а добивам нож во грб. Се нервирам,ама кога слатко ми приоѓаат мачињата,се лошо и грдо заборавам. Кој мисли дека човекот е најпаметен,многу греши и се лаже себеси.
Според мене, глупаво е да ги учеме девојчињата дека се девојки и МОРААТ да носат фустани. Драги мали девојченца, ништо не морате. Морате само да живеете по свои правила.
Кога е милион степени надвор, да се забрани со закон она поздравување со гушкање и бацување. Па не само што е одвратно испотен образ да те допре по лице, туку и стопена пудра ти се шлака. Ew
Сега донесоа, или во процедура на носење е закон за управување со тротинети. Ќе носат и кациги, и брзина и место на движење (ќе) им е регулирана
Јас кога ќе дојдат роднини на гости и им подадам нешто за јадење и пиење па велат „спремна си за мажење и за домаќинка“, или кога ќе погалам и се заиграм со слатко детенце па некој ќе ми рече дека ми личи ептен и сум спремна за раѓање...
Сакам да кажам дека под притисок на Илуминатите, се сменаа книгите да пишува дека Земјата е круг. Уствари, та е рамна и никакви научни докази нема дека е поинаку. Какво лобирање прават Илуминатите, чудо некое.
Си замина професорот Сидо. Каков чегендарен човек. Пред две недели го видовме на еден културен настан, видно остарен и слаб. Некултурно е да прашаш... си помислив, не ќе да е добро кога му го видов погледот изгубен. Каков човек... многу ми е жал...
Ко за народ што го пречека Курц со латвиско знаме и скоро тој французинот (како и да му беше името) со холандско знаме, многу испотресени оти ни ја згрешиле химната.
СДК дека кога се договараш за нешто треба да си стоиш на зборот. Ако сме кажале дека ќе излегуваме - тогаш да излеземе. Јас сум откажала 300 работи за да можам да дојдам за 5 мин пред да се најдеме да ми кажеш дека не можеш, ај другата недела, па и тоа откако ќе те прашам "еј ај одиме"? Ај никогаш. Поздрав