Сакам да кажам дека гејството било нормално ама после лобистите од среден век рекле поинаку. Без научни докази, туку измислиле наводни научни докази само за да се задоволи десницата.
Во право си, не и е прв пат, имаше уште поодвратен твит каде што исмеваше пациентка ромкиња.Многу можат да завршат медицина ама не секој може да се нарекува доктор.Оваа е многу духовно празна девојка.
Во последно време знам да погледнам низ форумов и да ги пролистам набрзина темите што некогаш ги обожавав. Еднаш многу одамна живеев заедно со Фемина и со дружината овде. Толку убаво си ја испразнував душата што верувајте ова место ми беше мојот споменар. Сега неможам да се вклопам никако,помина многу време и веројатно овде на форумот е време на новите генерации што би се рекло,а сакам да ги поздравам сите од моето време кога јас пишував овде. Пишувајте.. Пишувајте... Споделувајте мислења бидејќи има многу што да се научи овде. Цигарче .
После месец ипол со малку сон и многу стрес, вчера си реков конечно ќе се наспијам. Еве ме будна во 5 часот. Ама добро е, барем нема веќе учење.
Амин за овој meme. Инаку немам струја а сум жедна а сакам ладна вода а ако го отворам фрижидерот ке излезе ладното и ке се поквари млеко. Проблеми.
Вчера едно ромче окезено со заби расипани зеде огромен камен и го тресна кученцето што си лежеше мирно на тротоарот. Кутрото заквиче и замина, а мене душата ми ја распара, ептен ги сакам животните и кошмар ми е кога некој ги малтретира. Отидов до него и го фатив за рамо и му викам алоо што првиш бе, сакаш јас да те ѕвекнам сега со камен по глава да видиш како боли? И ме плукна. Сочно, смрдливо, обилно ме плукна. Уште мирисот на расипани заби го осеќам. Го пуштив без да го натепам, а можев а богами и сакав, ама ми дојде на ум она дека ако на насилството одговараш со насилство, тогаш светот ќе добие само уште еден насилник и го пуштив, замина со кезење, а кучето се врати, легна до мене и како да се разбравме. Со куче се разбрав, со некои луѓе не можам.
Знаеш она кога куче ќе нападне, па го браниме дека било истрауматизирано од луѓе и затоа нападнало? Епа, исто е и со детето. Можеш само да замислиш од каде доаѓа тоа негово однесување и каков живот има. Не е за да го ѕвекнеш со камен по глава, љубов му недостига.
Епа ако е дете, најмалку што можеш е да сфатиш од каде доаѓа тоа негово однесување. Ти можеш да правиш што сакаш, секако не можам инструкции да давам. Само ми падна жал, ете. И за кучето, но повеќе за детето.
И мене и уште повеќе пошто имам и дома едно куче што го сакам ко член на семејството. Сфаќам јас се, ама ништо не оправдува насилство посебно спрема животни. Затоа што е ромче ти имаш предрасуди дека немало доволно љубов, т.е изгледа по ова што го кажа веруваш дека ромите не се способни за давање љубов пошто јас не реков никаде дека е парталово ромче, питач и слично. Освен ако мислиш дека насилството општо потекнува од недобивање љубов.
Не претпоставив дека не добива љубов затоа што е Ромче, туку поради однесувањето што си го видела. И расипаните заби. Јас во моите мислења зборував за дете. Не за Ромче. Насилство раѓа насилник, сама напиша во мислењето. Сигурно дека такво однесување не доаѓа од здрава семејна средина.
Не мора да значи, имам во зграда насилник и тоа опасен, исто дете, а живее кралски живот. Има се што ќе посака и прекрасна мајка што од петни жили се труди да го однесе кон правиот пат. И татко има, значи нормално семејство се. Браќа сестри нема, нема кој да го трауматизира дома, родителите се супер луѓе ама ете овој исто тепа животни,ги носи во визба им крши раце и нозе. Не можам да се замарам сега што доведува до насилство, сигурно и тоа што викаш ти е така, ама кога ќе видам некој да мачи животно, може нечовечки делува, ама ме боли васка тој дали добивал љубов, секогаш ќе бидам на страна на животното,па насилникот нека е и дете.
Уф и мене срце ме боли кога некој ке удри животно (или генерално беспомошно суштество). Нареден пат плесни му една или барем жустро свикај му Не навлегувам зошто на некои луѓе им фали осет ама кога веке се такви какви што се, мислам дека не е ништо страшно и да го плеснеш малку (не да го претепаш ) . Треба да си ја научи лекцијата. Со тоа што така ке го оставиш детето да си мисли дека тоа е ОК сигурно нема да направиш добро дело.
@LivingGlam, што требало уште да направи девојката? Кај го ѕвекнало кучето, па и нејзе ја плукнало кога го искарала, и што е најважно на крај се воздржала и не го удрила, се свестила дека насилството раѓа насилство. И меѓу најзагрозените категории има луѓе и нелуѓе. Има и питачи кои се однесуваат човечки кон животните скитници, со благодарност одговараат на секоја помош, итн. Има и вакви насилни кон животни, а и безобразни кон луѓе - еднаш на пример сум видела ситуација како дете питач моли за пари, една жена место тоа му даде нешто храна, и ова се сврте и настрана ја пцуе и колне. Да не се правиме светици, ни јас нема да удрам во никој случај оти сум против насилство, ама со жал и симпатија да гледаме на вакви ко вторите - малку потешко...
Дете е. Толку. И за тоа што пцуело за пари ми е жал, и за ова. Воопшто не ти глумам светица и тоа е ептен глупав коментар. Интересно што го искористи зборот симпатија а не твојот омилен - емпатија. Кај е во случајов? До каде е ограничена? Не ја критикував Ирелевант никаде. Само се надоврзав на муабетот, ме натера да размислам за детето. Тоа мислење дека заслужувало ќотек ко од погоре, и тоа како е за критика.
Дете е и толку? Па ги има и такви деца од семејства со нормални услови кои се изживуваат врз животни, дури и врз свои врсници. Треба ли и нив со ваков коментар да ги оставиме на мира да малтретираат? Не зборуваме за ќотекот, туку воопшто за некаква реакција. Не за џабе реков тешко е да развиеш симпатија кон такво дете во случајот, а не за емпатија. Емпатија за тоа дека е на улица и во нехумани услови - да, но не и за постапкава. Што му е криво кучето кое живее во исти услови, без дом и храна, со можност во секој момент да биде отруено? И пак ќе повторам, зарем не си видела питачи стуткани со улични животни како да се нивни миленици? Тие нели се деца и во исти тажни услови? За насилство (тука спаѓа и мавање по животни, и детето било насилникот) во мојот речник има само објаснување, не и оправдување.
A кај виде ти дека ја оправдав постапката и насилството? Токму за објаснување, а не за оправдување стануваше збор. Реакција, секако. Но на грубост ќе ти одговори со уште поголема грубост и ќе продолжи со уште попогрешни постапки. Немој да мислиш дека ќе престане да малтретира кучиња после тоа.