Не верував дека се ќе ти помине ако само начкрташ што те нервира на некоја хартија. Но успевало. Изгледа дека после 100 години чекање конечно ќе добијам нов телефон. Мораше да се чека додека мојот кутар,стар, несреќен телефон стане целосно неупотреблив. Ама подобро некогаш отколку никогаш, нели? Кога сме веќе кај телефоните, што е финтата со тоа одење на кафе и зјапање во телефоните наместо разговарање си оној со кого си дошол на кафе? Не разбирам.
Чувството кога ќе си купите нови пантолони од Певекс за 399 ден., случајно ќе ги најдете на интернет и ќе им ја видите вистинската цена - 49,95 €
Аааај денеска како ми го пукнавте филмот не сте свесни ! За се јас сум виновна а ? Е како па да не сум. Од сега што мислам ке правам од никого ни очекувам помош ни совет . Секоаш лошо поминам кога очекувам некој да ми помогне но има и работи кои неможам бре ни јас сама да ги направам , па јас не сум семоќна разберете и ова што го направив беше Превише од се ! Само уште еден пат кренете ми го притисокот и од мене нема ништо да добиете правите си сами што знаете и умеете на мене забравете. Можам да си седнм на нет и да си уживам а вие што сакате ама баш што сакате правете.
Така обично се збори во првата, максимум втората година, затоа што се залепени за мајката буквално па не ги чувствуваш како личности надвор од себе. И да, се правиш заедно со нив, и јадиш, и заби вадиш и проодуваш. Башка страшно се слатки а ти од се топиш од милина и зборовите сами од себе идат. Дај бре остајте ги мајките да дишат, остана ли нешто што не ви смета кај нив, начисто ги утепавте
Ах, подфорумот Бебе, каде основната логика ти налага да мислиш дека и тие истовремено какаат во нокширче до бебето, им никнуваат запчиња, полнат две недели и проодуваат за првпат. „Не болеше мешко, па потоа го искакавме најголемото, зеленко гомце. “ slikaodgomceto.jpg ...оти Доказ од Цеца лајна да јајт. И си правиш Human Centipede сценарио (не го гледајте филмот) и ти се одмилува животот. Ако тоа е искажување љубов, блискост и милост, мене дома ич не ме сакале.
^А знаеш ти како зборела твојата мајка со тебе и за тебе на година дена, дали и таа се сеќава дали понекогаш не зборела во множина. Но сигурно скроз кул биле вашите мајки, не како повеќето лигушки како нас денес. Еве јас не се сеќавам дали и колку сум сум зборела во множина, а ако ги распрашате вашите мајки за многу работи од првите год од вашиот живот, ќе се изненадите колку работи им се заборавени.
Само да најавам,не ми е ова лажен профил,само некој што ме имитира мене. Се шегувам,само ова како јас да сум го пишувала. Во моментот размислувам исто - „Ако не можеш нешто да оствариш,воопшто не ветувај.“ ... Исто така за распустов,имав толку многу планови,намќорка,ништо не правам од тоа што замислив.За џабе не вели мајка ми,да не планирам многу бидејќи ништо нема да оди по планот. Нејсе,само да си кажам,да си ја олеснам душичкава дека лута сум на целиов божји свет бидејќи многу никаквеци има овде. Господ нека ни е на помош,амин!
Бриџет зошто се нервираш.Јас си кажав што ми е чудно,далеку од тоа дека ми пречи,ти си кажа свој став и тоа е тоа.Зар ќе копам по минатото да ја прашувам мајка ми (патем 78 годишна и секој ден станува посенилна) како ме викала? А се кладам дека не ми зборела во множина,тоа го приметувам последниве години,претходно дали не сум обрнувала внимание не знам . п.с.јас не реков дека се лигушки ,не сакам некој да ми става свои зборови во моја уста,пардон тастатура.
But...my mom IS cool... Баш од мајка ми и ја имам наследено таа отпорност кон лигавење. Е сега, ако е патолошки лажго да правела едно, а да ме учела друго...
Bridget Нема ПОТРЕБА да си ги прашуваме мајките наши. Тогаш се знеше некој ред, кој е за жал пореметен денес. Децата беа деца и сите растевме убаво, весело, безгрижно итн. Не се мислевме дали носиме адидас, најк или слични брендирани патики, тренерки, розови фармерки, розови сандалки, розови чорапчиња и слично. Не се замаравме со политики и не слушавме оговарчки разговори од тетки, стрини, комшивки и сл. Мајка ми немала интернет во тоа време и не седела на фб и не пишела стауси и постирала слики од моментот кога сум се родила, од болница, од бањање голичко, од прошетка до блискиот кафич итн. Демек модерна мајка, да видат сите. Денес, сите знаеме какви се денешните мајки. Не ме сфаќајте погршно, немам намера да навредувам некого. Не знам јас утре каква мајка ке бидам, но со оглед на моето опкружување и она што сум го видела потполно се согласувам со lunicka и calliope.
Немало фб, но имало албуми со слики. И тогаш имало жени кои имале мерак да си ги дотеруваат децата и обрнувале внимание на тоа што носат (иако не гледам ништо погрешно и девијантно во ова ), за оговарачки па ми е посебно чудно, што има врска модерното време со тоа .... технологијата и времето не се пресудни, ги имало секакви и тогаш и сега. И секогаш постоело разочарување од актуелната генерација и копнеење по претходната. Сте забележале, сигурно. И Bridget си кажа мислење како и вие. Лец агри ту дисагри.
Не се нервирам јас, не се секирајте вие за мене. Ги разбирам јас вашите површни проценки дека ако сега зборува во множина, така и ќе остане и подоцна детето ќе се развие во неспособно бла бла бла бла, затоа што мајка му како мало му викаше буце, цуце, мочкаме бла бла бла. Благе везе си нема. Како расте детето така само ќе си се дистанцира од мајката, и додека трепнеш ќе се трга кога ќе сакаш да го гушнеш и бакнеш, а твојата потреба да зборуваш во множина ќе се изгуби уште при првото самостојно јадење или мочкање на детето. Затоа мислам дека нема потреба од толкава одбивност која често ја гледам и слушам. Ова со фејсбук и слично не знам зошто ми го вметна македонкамк кога воопшто не е тема. Али кога сме веќе таму, нашите мајки немале фб, ама сигурно сите комшивки од прва до последна куќа на улицата плус сите роднини и пријатели знаеле кога заб ни никнало, кога не однесле во болница оти температура сме кренале, комплетчето ново дека од Турција ни е, и дали е нешто страшно затоа што гомното има зеленикава боја.
Бриџет не следиш на часот.Во мојот пост од кој почна муабетов,не реков дека ми е чудно што ги викаме/те децата цуце,буце.Туку зошто се зборува во множина за секојдневни работи.ПлачеМЕ,одиМЕ,...Каде спомнав одбивност од тоа мајката да си го сака детето.Боже... Како може да се зборува за мајка и дете дека се една личност.Да тие се поврзани,и секогаш ќе бидат без разлика на годините кои ги има детето.Ама да се зборувам како што горе наведов,ми изгледа смешно,во најмала рака. Толку од муабетов веќе не реплицирам зашто е повторување на иста работа во друг облик.
"Еј ќе го пуштан светсково и ќе го сликнам телевизорот. Потоа ќе ја објавам сликата на фб, за нели - да види типот што ми се свиѓа. Затоа што вчера ми кажа дека периодов бил заинтересиран само за светското првенство, не за друго... Сигурна сум дека ќе ми остави лајк. Може и ќе ми пише. Или пак уште подобро - ќе ме викне наредната утакмица да ја гледаме заедно! Замиси еј. Јас и он. И светкото нормално. Заедно. Добро колку време трае ова? И кои се овие у белите дресови? А типот што е облечен поразлично од сите нив и мавта постојано со рацете??? Ништо не разбирам! Која е поентата да трчаат по топкава?!? Ајде нека заврши веќе и нека ми пише овој. Гол? Не? Глупости живи! Нема врска... Битно да ми пише! Еј еве го - ми пиша, и тоа од мобилен. Пауза да не има некоја? Леле ме праша за кого навивам... Чекај, а кои играат уствари???" Ме интересира дали овака размислуваат сите типки што го гледаат овогодинешното светско првенство, а никогаш во животот не следеле, не ги интересирало, ниту пак се разбираат од фудбал
А каде јас спомнав одбивност од тоа мајката да си го сака детето? Мислев на вашата одбивност кон потребата на мајките да зборат во множина. И не пишувам само како реплика кон тебе, општо си кажувам, не значи дека се што пишувам е насочено кон нешто од твојот пост.
Дека не си фаца ако не следиш светско. Просто ко грав. А можеби и повеќе,штознам. Жими се,од светсково се на се знам дека "Ла,ла,ла" на Шакира е онака,"офишл сонг" и тоа. И така. Само да се пожалам дека многу напнуваат за ова. Амен!
Ме нервираат луѓе кои врска немаат од фудбал ама се занесуваат бе дека се големи љубители и дека едвај чекаат да почне натпреварот Посебно сеа дека почна еуфорија со светско првенство абее занес потрес на секое ќоше 'љубители' на големиот фудбал.Битно е да зафаќаш место да пиеш пиево и да грицкаш нешто а дали имаш врска шо се игра и кој со кој тоа е најмалку важно.Не сум хејтер оваа озбилна работа е Среќна сум што дечко ми не паѓа во 'несвест' заради светско првенство Среќна сум што татко ми не се замарам многу многу.Нему се исто му е гледал или не гледал ааа да и најубаво ми е шо има мир дома нема кавги што да се гледа на телевизија ,си се сложуваат моите тоа е најбитно И луѓенца да ви кажам времево кои кејфови ми ги прави оф оф ,дожд,грмежи,силен ветар разладување за сите пари Може денеска се потев ама затоа сеа па уживам Деновиве се мачам да препијам зелен чај без да правам гримаси и да се пофалам полека се навикнувам,мора да се навикнам бе ,сакам да го пијам ! Деновите ми се веќе се исти т.е одамна не правев разлика помеѓу сабота и понеделник ама во последно време па сеедно ми е и се сабота да е пак исто ќе ми биде Сите се договараат што ќе носеле вечерва,каде ќе се оделе,што за пиење ,шминки ова она а јас среќна поради времево ќејфски си ја средив собата и кај и да е ќе побарам некое филмче да се занимавам,со убаво да го завршам денот де Имајте убава вечер ,ви посакувам само убавини !
Ме јадат прстиве мора да допишам . Кога ме цитира некој и пишува коментар сметам дека делумно ми се обраќа и лично.Да потврди,да негира или да продолжи со коментарите. И да ,ти спомна за нашите површни проценки. Нека биде ...така.