Si trebala samo da se trgnes da i ostapis prostor napred za da otvori ona, sigurno u toj slucaj ona ne bi te cekala tuku sama bi otvorila.
@buba4e89, разбирам дека си револтирана и ние не сме биле таму, ама стави се на место на другата жена. Јас лично не би се мешала, зошто прв пат те гледам во живот, што те знам како ќе реагираш ако пробам да ти помогнам. Може ќе се навредиш, може ќе ми се развикаш дека те правам неспособна. Секаков народ има, навистина не знаеш на кого можеш на налеташ. Да си била натоварена со кеси, да, убаво и човечно би било да ти се помогне. И јас би ти помогнала. Ама вака, да стои пред мене здрава права девојка што збори на телефон, би стоела на страна и би те почекала да се снајдеш. И не се лути, само ти кажуваме како објективно делува целата ситуација.
Океј дечки, доволно е за постот на бубаче да се дискутира, оставете ја темата да продолжи по својот тек со други постови. @buba4e89 и @LiliBoz ќе одморат од темата.
Мене често ми се случува постари лица да ме пуштат пред нив на каса за да не чекам.И јас пуштам луѓе пред мене. Тоа не е тешко.Потребни се само ве молам,ви благодарам и една искрена насмевка. Ако не го можете тоа,не очекувајте љубезност од другата страна.
Заминуваат од тебе со надеж дека ќе најдат нешто подобро, за подоцна да сфатат дека подобро еднаш веќе имале
Ако сакаш да го видиш светот подобро место за живеење, самиот стани некому најдобар сосед, пријател, партнер, станете подобар човек.
СДК дека се изнервирав. Некни носев еден човек со колата и на слегување, толку силно ја удри вратата шо падна дури звучникот. Мавање баш ко на туѓо. Збеснав ми чадеше низ уши. То беше ужас. Звучник стегнат со четири штрафчиња да падни, ејјј. Тој падна шо падна, па по некој саат, ко за беља и другиот прекина да работи. И сега едниот го напрајв, а на другиот по грешка му ја поткинав жицата и не можам да го напрам. Си останав без еден звучник.
СДК што ако сме Северна, кога пак е 40 степени жешко, хехехехехе Ова не го кажав јас, погодете кај нас кој е мастер за гафчиња
Полесно е да напишеш ,,Те сакам" отколку истото тоа да го изговориш, ако искрено го мислиш. Ама ако се сака, ништо не е невозможно, дури љубовта ќе ти даде храброст
И покрај неколку утнати ситници на крај кога ќе размислам подобро прекрасно поминат ден исполнет со многу љубов и блиски луѓе. Што би јас без вас?
Си се пронајдов во постот. Јас сум од тие што или ја трескаат вратата или не ја затвараат како што треба. Моите дома се веќе навикнати па не ми коментираат ама кога некој таксист ќе ми искоментира ми е многу глупаво. Во моја одбрана некои врати стварно па не ги бива.
Се обидувам да си го средам животот, да имам цврста рутина, да ми биде се средено и секојпат кога ке легнам со тие мисли се будам со хаос во паметот и не успевам да направам ништо. Мака ми е.
Хаха, кај мене во колата предните врати се многу тешки и да не ги доприш ептен силно се затвораат. Ама то беше претерано. Сила треба за да испадни звучник. Ама сега не се нервирам. Пред 2 сати си сменав радио и звучници. Овие новиве се многу појаки па така да цела кола се треси.
Сакам да кажам дека сум бебиситер на куче веќе четврт ден од десет и решив дека никогаш неќам куче, ни пак дете, зошто ако јас за куче станвам со аларм на секој сат да видам дали ... Пази ... Се покакало, неќам да знам шо ќе прам со дете. Уствари знам шо ќе прам со дете, добро знам шо ќе прам со дете. Мојот најголем страв ќе се исполни и ќе станам мамичка.