Моето тело – мојот храм: Приказната на една нео – вагина Решив за мојата борба да зборувам отворено и експлицитно затоа што сметам дека поинаку не може. Решив да зборувам зашто знам дека некаде има некоја жена што поминала или поминува или ќе поминува низ истиот пат но нема на кого да се обрати, нема со кого да сподели. ------------- Никогаш не добив менструација и не знам како е. ------------- После многу испитувања, магнетни зрачења и хормонски терапии базирани на апчиња, следно беше лапараскопија на државна болница. Наодот беше – два исправни јајници, неразвиена матка во облик на лента и отсуство на вагина – вагинален канал – MRKH – Mayer-Rokitansky-Küster-Hauser syndrome. ------------- Жено, ти си слободна и ти одлучуваш за своето тело, какво и да е. Твоето тело е твојот дом и твојот храм. Важно е да разбереш дека ти си многу повеќе од репродуктивна машина и дека твојот идентитет не мораш да го градиш врз култот на мајката. Важно е да препознаеш и да бидеш спремна дека затворените, козервативни општества ќе те отфрлат, ќе те обележат, дури и сожалуваат и во крајна линија демонизираат. Нашата борба е на неколку паралелни фронтови, затоа ни требаат дополнителни мускули, нерви и волја. Важно е да знаеме дека никому ништо не должиме и дека немаме апсолутно никаква потреба никому да се правдаме. Мораме да се држиме заедно и да бидеме силни зошто само така можеме полека да ги кршиме табуата и предрасудите. Мораме отворено да зборуваме за проблемите и да учиме од нив, да растеме и како индивидуи а со тоа и како општество. Мораме да посочуваме дека здраво општество е она кое ги прифаќа различностите и дека за секого треба да има простор. Ве гушкам жени, останете силни, ве сакам!
Не треба да си гневна само кон еден етникум за стварите што ги наброја, за жал тој "чергарски" менталитет сите го имаме, чест на исклучоците.
Те читам дека со здравјето имаш доста проблеми, добро со какви монструми работиш не знам, ама колку што кажуваш гајле немаат. Зашо не сменеш работа некоја шо нема да те исцрпува толку и испитувај се често, не знам дали си нашла кај е проблемот и зошто постојано ти се влошува состојбата на моменти ама не е убаво како старееме уште толку ќе се влошува.
Имаше пишано дека е анксиозна или депресивна. Мислам дека е до тоа, како и да е да сум на нејзино место ќе си одам. Здравјето е најбитно, а колегијалност на работа не очекувајте.
Презимето си го задржав зашто бев некоја и пред него, а неговото го додадов зашто сакам да имам исто со децата и преку глава ми е од коментари дека мојата постапка била себична!
@Brinetka i @buba4e89 Да, сум анксиозна. Работата е добра. Веќе сум во викенди слободна. Малку е тешко, да се работи со деца, но го поминав и тој дел. Гледам да си се зачувам себеси. Истава колешка, ми вели дека многу слабо сум викала по немирните деца. Најсилно викала таа што била на мое место, па потоа таа викала а јас сум немала толку силен глас да им викам. Глупост.
Леле жити мене ај ако не да ги отепа од викање, па дете е тоа, боље кажи му на мирен начин него да се дериш по нив, па после коа ќе ти дојде некој искомплексиран родител..
Јас и тоа и велам. Јас сум помирна како особа и сакам пополека да настапувам, со убаво. Деца ко деца немирни се, и колку пати да им речеш тие пак по свое. Јас гледам многу да не се нервирам. Ги воспитувам па како сакаат нека сватат и колку сакаат. Не можам јас да се дерам ко ненормална. Не знам, што да кажам. Вака и еднаш ми беше лошо и тогаш ми рече, ама мора да се купи за во школо тоа и тоа, оди во друга продавница. Добро е што ми пристапија едни луѓе и ми дадоа благо и кока кола. Упорно, ми звонеше таа и ми рече да се вратам назад, за таа да појди. А јас и реков дека ќе се онесвестев за малку. И ништо не ми рече. Инаку имав смртен случај и кажав и не ми рече ни Бог да го прости, а деновиве и дедо ми беше на болница, на Операција, и кажав и пал ништо не ми рече, ни ме праша како е.
Љубов е кога внуците иако не те виделе само два дена, ти се фрлаат во прегратка и се караат меѓу себе на кој е повеќе тета
Cigan rasten vo Makedonija i cigan rasten vo Anglija ne se odnesuva isto, ne e ni do bojata na koza, ni do etnikumot, nivnoto odnesuvanje e rezultat na nacinot na koj sto gi tretira opstestvoto.
https://www.reddit.com/r/atheism/comments/cc4fwc/egyptian_atheist_youtuber_sherif_gaber_is_on_the/ Од прееска ми останаа во мисла очајните молби за помош и суицидални мисли на дечково, кој во својата земја е прогонуван (имено бил и во затвор неколку пати досега) поради јавно „богохулење“ т.е. противење на исламот. Срце ми се кине кога читам за вакви случаи, а не можам да помогнам. За мене се херои сите атеисти и општо прогресивни луѓе родени на вакви ужасни места. Можеби Македонија има маани во многу аспекти, но кога гледам вакви нешта сум благодарна што сум родена во колку-толку нормална и слободна држава, барем законски. Вистинскиот пекол е на Земјата, и него го сочинуваат теократските општества. Тие се дно на развојот на човештвото, цивилизацијата, слободата. Нека му е разумот на помош и на дечково и на сите праведни и отворени умови заглавени во такви земји...
И то шо велиш. Хехе Ама зависи, тоа или имаш душа или немаш. Или си човек или не. Или си разбран или не Нема насредина. Инаку, работиме само ние двете, па мислев дека сепак ќе има разбирање. Но, очигледно не. Моја грешка. И
Иако јас мислам најпаметно приватни работи да не се споделуваат на работа. Јас моментално не работам амс работев еден период и една колешка ме испопраша премногу приватни работи за мене ,па од каде си а колкава си на кој факултет си која година си а дечко имаш а што работи дечко ти а дали може мене да ме вработи таму со средно и на крај ми дојде преку глава и одговорив дрско да да може со средно гимназија директор ќе те стават таму и од тогаш ништо не ме праша .