Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    5.155
    Ма батали светско првенство, со нетрпение очекувам утре Македонија-Грција ракомет :D
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Секоја форумџика што напишала пост во подфорумот бебе имала некоја мака, ти што мака си имаш што отвараш таму и читаш?
    Онака да си го пувате егото како ете тие таму се глупачи што пишуваат за гомца, зелени, жолти, кафеави а вие многу паметни што им се сеирите без никаква потреба.

    Исто и со фб, имате во пријатели мајка што постира по 50.000 слики од бебето, имате опција на сокри и имате опција избриши од пријатели, никој не ви ставил пиштол на чело и да ве приуди да ги гледате, ваш е изборот дали ќе ги гледате или не.

    А за дотерани деца, брендирани, фирмирани, ватевр, секој со своите можности, ми текнува на Геа кога стави слика од ќеркичката во мода за клинци и клинцези и 10 страни имаше дебата за тоа колку ли пари троши на гардеробата на ќеркичката, луѓево немале леб да јадат и слични небулози и еве ја нема веќе да пишува, никоја не е должна да трпи такви шиканирања.
    Тоа е и основна причина зошто никогаш не сум ставила таму слика од моите деца, не ставам општо ни на фб ама и јас не сакам да добијам 100 лп како не ми е срам да ги облекувам децата во Армани и слични фирми а некој немал ни за леб.

    Истото и на Сефора и се случуваше, само затоа што беше облечено девојчето во брендирана облека, ја напаѓаа како сноб, фалбаџика и како ли уште не и таа не пишува веќе на форумот.

    Превише квалитетни форумџики го напуштија форумот поради тоа што ќе им се нафрлат група на други форумџики па прават психолошки анализи како се фрустрирани вакви такви и нормално не пишуваат веќе.

    Па и мене почна сериозно да ми се одмилува форумот во последно време.
     
    На joy1, AngelOfArh, Adi888 и 17 други им се допаѓа ова.
  3. BestFriends.99

    BestFriends.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2014
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Нема ни 30 минути од како се придружив на форумот и одма добивам пораки дека овде не биле баш дружељубиви кон помалите членови.. :x :fubar:
     
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Почекај да видиш па мајка кога ќе станеш :D
     
    На Insatiable13 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Не мора ни да ги бришат од пријатели, ако покрај недопаѓањето на таа навика, немаат други проблеми со таа личност. Едноставно може да наместат да не ги гледаат објавувањата на Newsfeed од таа личност. Ем и самата личност нема да знае дека е така “дискриминирана“ (не најдов подобар збор). :D Но, некогаш љубопитноста е посилна од се` па џабе и таа опција.

    Исто и со игричките (иако со муабетот немаат мн врска, но веќе се почна со фејсбук). Се туфкаат, офкаат, кукаат, а не им текнува дека секоја апликација може да ја блокираш за од нејзе да не ти стигаат известувања.
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Shay

    Shay Активен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    10
    Убаво е кога ке си одвоиш време за себе. Време во кое ке се одмориш, уживаш и релаксираш.
    Имајте убава вечер :*
     
  7. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Едно его-буст пување што удрив, до јоносфера ме крена облакот, еве сега се спуштив назад да пишам.

    Може какам зеленко, па сакам да знам што ми е маката без да прашам...донт џаџ ту куикли.
    Јас пак мислев дека квалитетните се откажаа баш пошто немаа со кого да водат дискусија и да се искажат без работите да се сфатат премногу лично и зашто форумов се претвори во газолижница каде освен деминутивчиња и тортички за срцките најдраги, друго е неприфатливо, дрско и алудира на искомплексираност.

    Никој не ја дира секоја форумџика, уште помалку ѝ се исмева на проблемите со бебето, далеку било.
    Ама само затоа што секаде некој ќе се најде навреден од пишаното и ќе почне да испревртува зборови, не значи дека никој не смее да пише што мисли, ниту пак дека сака да пува его - анализа што е контрадикторна на самиот пост, пошто е баш од ракав, за разлика од посочувањето на она што е јавно и јасно читливо за сите.

    За другото не знам што да одговорам, фб сликите и дотерувањата немаат никаква врска со првичната намена на постот на Луничка и моето напишано.
     
    На lunicka, bubamara12345, makedonkamak и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    ^
    Ако некој цитирал некого не значи дека го погодило напишаното во срце па мора да се правда. Подобро ли е да напише пост спротивен од некој кој штотуку напишал над него и на крај се оправда со -Сите личности и настани во пишаното се од мојот приватен живот, само да не излезе дека се меша неповикано во нечии случајни размислувања. И ако веќе зборите за квалитетни форумџики, не верувам дека такви ќе речат -аман не ме цитирај, не ми се мешај во постови, само си размислувам.
    И имаш многу теми каде што можеш да пишуваш без да си во контакт со мајки и нивните срценца и пуфкаци и тортички, ама некако упорно таму се плеткате, да погодам зошто?
     
    На Madam-A му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    48.842
    Пол:
    Женски
    Мора ли и најопштата тема на форумов да ја претворите во поле на безполезно и без поента докажување и убедување ?!? |(

    Од еден обичен пост и свое видување отидовте у недоглед со начин на воспитување на децата,фејсбуци,морални и неморални вредности на родителите,психолошки анализи и тумачења ... У реду е живот тече даље ....
     
    На Lella, Mishela, Elennaa и 15 други им се допаѓа ова.
  10. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Се чувствувам моќно кога стојам на ветрот, дождот и на грмотевици. Како да ги контролирам ветровите.
    Мојата бујна фантазија! Не, нека продолжи да грми, да врне, да дува, нека не стивнува! Останаа само ветровите...
    Кога вистински би имала моќ над бурата би се споиле и небо и земја!
    Тогаш некој ме допре и ми кажа да облечам уште нешто зашто „сум измрзнала“. Јас пак, ништо не чувствував, се допрев со раката и гледам дека дури сум се наежила од студот. Ми е гајле, убаво ми е вака.
    Облаците ја закриваат месечината, а како би завивала на полна месечина.
    ***
    (Редактирав да се доискажам) Друго, излегов и покрај врнежливото време. Пред да си одиме со другарките се начекавме со машките од наша генерација и некој постари. И да си одиме и еден друрар ни рече на мене и на уште една другарка ако сакаме да си оди едно девојче со нас за да не биде само. Секако прифативме и си одиме накај дома, тепаме муабет и ја прашуваме до колку има излез и ни вели до колку сакам :!: И велам, а полиција, малнолетна си |( И ми рече, со некоја другарка во 3 часот кога се шетале ги запрела полиција, само ги опомениле. И ми текна ја прашав колку години е, ми вели 12. И викам на другарка ми, „Ние на 12 до колку беме? До 10 и пол. Не бе, 10 дома, дали и до толку“, а да и не ни помислував да се мувам во машки, особено постари од мене 3-4 години :fubar: А и оваа полицијата, кога бевме полуматуранти ние, во 1 и пол/2 не избркаа од чаршија, а 12 годишни си се шетаат во 3 :fubar:
     
    На eliesaab и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  11. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Некои нови денови.
    Сонце и дожд како и мојата дваесета година под ова небо.
    Со сиот тој немир разлеан низ датумите, со желбите на хартија запишани,со очите во бурата затворени,зад трепките мозаик од соништа.Некогаш уморните очи и едвај некоја насмевка.
    Тогаш ги затворив очите,посакав нови денови,никогаш не ти кажував за нивната боја,но денес знаеш дека токму ова е нивна боја.
    Јас никогаш нема да знам што се случува со деловите од себе кои некогаш ги губиш и со деновите во кои се предаваш.Јас никогаш нема да знам зошто некогаш им ја оставаш душата на волците да ти ја растргнат,а потоа си заминуваш со трагите,за сеќавања.Не боледувам,ако утре ме нема,јас секогаш ќе имам место за враќање во твоите мисли.

    Ние имаме нов свет.
    Мириса на липи.
    :^:

    Додавам една свеќа плус,за нови талкања со тебе.
     
    На kala21, Dog-lover, francais и 16 други им се допаѓа ова.
  12. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.242
    Пол:
    Женски
    Само ноќта ми буди слобода. Мммм... го обожувам мирисот на мокро околу мене. Целото тело ми се ежи,а душата ужива на ладниот ветер. Го отварам прозорецот, вдишувам длабоко за да ја примам сета таа ноќна убавина. Застанувам, гледам во темницата замислена и шетам низ мислите. Ноќ! Темнина! Осаменост! Слобода!
     
    На SparkyAngel, Emilia.Attias, girl-miri и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Вие ,,повозрасните'' не берите туѓо гајле за 12/13/14 годишните. Единствено нешто што правите е што се симнувате на нивно ниво, а тоа за вашите години не доликува. Втора работа е тоа што вашите мислења ги скролаат и не им обрнуваат внимание. Секоја втора има напишано пост за ваквите ситуации, и ова не се случува само кај нас туку во целиот свет.
    И да не бидам погрешно сватена, факт е дека и јас спаѓам во групата на 14 годишници, ама барем си ги знам границите што и до кога.
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  14. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Значи и ти само си размислуваш штом не цитираш? Па кој види - види.
    Легендата вели дека сме неинформирани и прости за другите теми, а сакаме да се покажеме ко паметни и посебни, заклучок лесен ко два и два.
    Плус, не ги знам сите мајки, од кај да знам дека нема да сум во контакт со нив и на друга тема? :shake:
    Што знам, луѓето обично контраат кога туѓото размислување се коси со нивното, што е пак настанато ко резултат од стилот на живеење, па сега, ако некој цитира за само да е контра на анонимен форум... :?:
    Патем, под срценца и тортички мислев на поздравите и застапеноста на „се сложувам срцка, топ мислење позз :**“ низ темите, не на мајките со бебињата, не сум мразач на бебиња. :D

    Но ајде, еве да зборуваме за можните +/-10 димензии, од кои само 4 ни се познати/искусени.
    Во Флетленд се зборува за дводимензионални луѓе кои не можеле да го гледаат тридимензионалниот човек поради тоа што не биле како него, од каде доаѓа теоријата и прашањето дали можеби постојат и повеќедимензионални појави кои не ги регистрираме поради неможноста да препознаеме/регистрираме нешто со повеќе димензии од оние кои ги знаеме?
    И што ако тоа е сето она што ние го сметаме за натприродно?
    Можеби пак голтаме зелени и жолти честички од седумдимензионални суштества кои се околу нас, па ја имаме фамозната мака со чуднобојните каки? (се зезам за последново, да нагласам)
     
  15. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034


    Се извинувам да прашам а шо треба да ви прајме на помалите членови да ви кажуваме приспивни песни или приказни бирајте и сами :$ :$ не се врти светот ни околу вас ни околу нас :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На SparkyAngel и Insatiable13 им се допаѓа ова.
  16. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.418
    Пол:
    Женски
    Roses are red
    I'm going to bed

    Лаку ноч. :*


    Сабота вечер, наместо да бидам излезена и да си поминам најубаво јас си дремам дома, си гледам серијата, јадам и јадам како да нема утре.
    За мене лето е официјално почнато после првиот убод од комарец, се случи и тоа, лето е! :D
     
    На SparkyAngel и ColoursOfTheRainbow им се допаѓа ова.
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Чудно е како можат на човека некои ситуации во животот да му изгледаат како да немаат крај, за подоцна да открие дека всушност имаат крај, една етапа во животот, за која човек можеби и не треба премногу да се троши себе си.Некогаш треба човек да ги остави нештата да си се одвиваат онака како што треба, бидејки и да ги контролира, сигурно нешто ќе му излезе надвор од контрола.Уште почудно како човека се соживува со се она што му го носи животот, па дури и она не потребното, поголем дел од својот живот обрнува внимание на не потребното, за на крајот да сфати можеби и греши, само штета што тоа се увидува кога доаѓа крајот.Згора на тоа, пропоратно си уништува здравје, троши време и енергија за џабе.Убаво е да се гледаат нештата во целина, со време, да си извлече човек некаква поука и да продолжи понатаму...
     
    На ozbilnazena, SparkyAngel, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    Морав да те цитирам, во прав момент ме погоди со напишаново. Имаш право, така е.... За некои нешта премногу се оптеретуваме мислејќи дека нема крај, а не сфаќаме дека секоја етапа си има свој крај, дури може и да ни фали еден ден. :) За џабе нервози, ако на повеќето работи не се гледа позитивно, тешко нас навистина.... Само тоа е потребно за човек да биде исполнет, надеж и позитивна енергија. :)

    Имајте добра ноќ и слатки сништа. :yawn:
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    Ааааууууу негативност луге :x не е можно,а бре зарем уште наудрени се прават ддмек ништо не било.
    И сега кога јас имав мака ме мутна на буниште а тие си знаат што направија и сега демек не ти побарав на тебе :o а му кажуваш што да ти дамам :!: не ако се може туку морало :!: мора да се умре ништо не мора!!!!.....

    Ти на мене клоца ја леб а :fubar: е на!!..
     
  20. Insatiable13

    Insatiable13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    367
    Е баш кога ќе сакам еднаш ко човек да се наспијам ( и уверена сум дека денот лежерно ќе ми помине во кревет) доаѓа баба ми на гости.
    И тоа ни помалку ни повеќе туку во 6 сабајле.
    И тоа ни помалку ни повеќе туку со четки, ваљаци, канти поликолор и комбинезон. Што е најтрагично и за мене земала еден.
    И така место да пијам кафенце на тераса сега или да се превртувам во кревет моментално се искраднувам за да седнам пред пц оти ми здосади со баба да си играме молери.
    Ете колку малку е потребно за моето утринско неделно излежување да се претвори во работна акција.


    А само еден поликолор растворив, се уморив и ми се чини веќе се осеќам ко молер. До облеката ќе да е 8)
     
    На NineTailedFox, Mahidevranfan, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.