Ме прашува една 30 годишна другарка, како да гп видиш бројот ако го немаш на вибер а ти пишува. И потоа го запишува на ливче и ти вели да видеш дали точно го пишува. Изгледа, на некој тест подлежна сум. Или јас овде не сум нешо ко шо треба или типкава....
Гледам на фан пејџот на општина Аеродром пост каде што се фалат дека ќе реконструирале улица Луѓево на месечина се качија а кај нас ударна вест е реконструирање улици. Ех животе канта сирење
Срамота да се фалат за такви банални работи, ај да е некој капитален проект уреду. Ама реконструкција на улица, што впрочем е должност на секоја општина..
Абе да, те сфаќам, ама не го гледај како фалење... Гази Баба редовно има извештај на фб што се правело секој ден. Еве денес дека се сечеле дрва на таа и таа улица.
Како ? Кога имала време продавачката да ја скенира, ич да не околу 30 секунди треба да отвори апликација и да скенира, сето тоа се одвива на каса, пред тебе и други муштерии и камери ?
Британската банка одлучила да го стави ликот на Алан Тјуринг на новата банкнота од 50 фунти. Достојно искупување за човекот кој придонел за побрз пораз на нацистите и крај на Втората светска војна, спасувајќи милиони луѓе - а за возврат добил од хомофобичното општество хемиска кастрација и општа осуда која го довела до самоубиство. Да се потсетиме:
Бев во Џино на ручек, келнерот само ни кажа колку е сметката. Дома се враќам и маж ми случајно низ муабет ми кажува дека почнало тоа со скенирање на сметките. Ова околу 2-3-ти јули. Дубок наклон за досетливоста на келнерот
Многу ме нервира кога млади индивидуи зборуваат како баба ми Станка. И тоа од пренамагање,со сила се трудат да бидат тетки од минатиот век. Не,не звучите попаметно.
Па коа одиш на такви места, да седнеше у Воденица келнерот ќе ти го побараше мобилниот за да ја скенира сметката, чисто за да не се мачиш ти
Премногу жалење прават луѓето кои имаат станови за издавање, тука и во странство. Премногу офтика ме фаќа од таквите и више не знам што да им кажам, оти не е проблем толкав, како што го величат. Постојано да гледаш како да извлечиш од негде пари, не носи спокоен живот по каков одсекогаш трагаат. Истите секогаш проповедаат како домаќински живеат, штеделе и слично. Добивање недвижнини на поклон, од кои после ти правиш пари, не е твое достигнување. Ако мислиш дека е, важи супер, ама па не масирајте ако ви се расипало нешто дома и сеа како да растурите некои фиксирани пари па олеле. Нека ви донесат данок на луксуз, да се разбудите малце. Ако ви е тесно со пари не мора да глумите агенции за недвижности. Поправете си го бољерчето, купњте си теписи ....и таман да не не замарате нас другите
Со дете треба пополека. Денес, иако виновно, почна да плаче дека ќе добие ќотек дома, бидејќи е крив. Кутро момче, 5 годинки. Го тргнав настрана од другите и му кажав да не плаче и нема никој да го тепа од дома. Липса од плачење. Дете, колку и да е виновно, зар не треба да се гушне и поддржи?