Денес времето е прекрасно.Иако е врнежливо дава некоја доза на магичност.Седењето дома и пијањето некоја топла напивка во комбинација со неколку убави филмови,а подоцна уживање во вкусот на кафето додека разговарам со моите најдобри пријателки би бил одличен избор за овој ден.Ви посакувам убав ден на сите.
На се поминува модата, и тебе ќе ти помине. Сега си супер, ама ќе поминат неколку години и нема баш да бидиш ок без динар пребиен во џебот, секоја полека полека ќе ти се трга. Се е пролазно, па и твојата мода, ти реков ќе прајме муабет пак, за некое време. Како мало дете не ми поверува. Ќе дојди и то време и ќе ти кажам се што денес ме мачи, карма ис а бич....
СДК јас не знам како може да постојат луѓе на кои ем ќе им позајмеш пари кога се во тесно, ем па после се прават на Тошо, и треба ти да се срамиш и да си ги бараш назад парите, а тие во меѓувреме си ги испуштиле нозете многу подолго од чергичето
Имам две алкохолни откритија. 1. Виски. Не само затоа што се осеќам многу кул додека го пијам, туку и затоа што изненадувачки вкусот ми се допаѓа. Дури имам и омилено. Спојлер: <3 2. Вотка+Ред Бул. Затоа што го буди тинејџерот во мене и можам да играм цела ноќ. Ми се врати журкачкото расположение, се прашувам до кога ќе трае.
Видов кутии од распакуван клима уред пред зграда. Сигурно за да се згрее на времево некој си наместил клима.
Пред некое време реков дека нема посељачко зборче од напумпана (бремена жена) и изразот му даде (жена што имала секс), ама го заборавив скината. - Вчера дечко ми ме скина. - Скината си? - Неќам скинати девојки. - Дечко ми не може да ме скине. - Сама со прст се скинав. И на крај изјавата на легендарниот Сашко полиграф: - Скината вреќа и здрава вреќа не е исто..хаха.. Стварно бе? Скината? Kако може човек да е скинат? Кога ќе слушнам СКИНАТА ми доаѓа слика како некој кине девојка на парчиња со моторна пила. Пошто така човек се кине, инаку не знам. Скината еј...С К И Н А Т А!!!!! Поголема навреда нема тоа некој да те нарече СКИНАТА или да те праша дали си СКИНАТА
Има,девојќи кои прашуваат дали е можно да се скинати.И талвите штп си го шијат хименот за мене се најголема навреда.
Леле, отров водка + редбул. Највеќе ме има болено желудник од нив. До коски. Но, кога ја мешам со џус горам цела вечер, чиниш температура добиваш. Накратко кажано да те загрее.
Не му верувам на луѓе што се облекуваат секој ден различно, а титкаат да им се прејавиш. Греотичка јоу!
Спојлер: Натална карта Да знаев дека од зафрканција сериозно ќе ме сфатите во темата толкување на натална карта, немаше да се нафаќам да ве занимавам додека ми е досадно на работа. Само @Nigredo Odor ме сфати дека се шегувам и дека тие работи што ги пишав се истите кои се повторуваат кога ќе иде некој да му гледаат на кафе . Буквално истите глупости ќе ги изнаслушате. Туку нешто слабо е активна темата со магии , а уште чекам да ми даде некој рецепт од тие покомплицираните магии да испробам дали ќе има ефект. СДК гладна сум, ми се јаде
Те сватив и јас, од одма те сватив Ама требаше да ме удостоиш со едно реТче да шкртнеш Ќе ми го кренеше расположението